Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и...
Промовирани матурантите од 5-та приватна гимназија
Post Views: 2 Матурантите од генерацијата 2011/2012 од 5-та приватна гимназија ги добија сертификатите за завршено образование. Со свечена церемонија беа промовирани завршените ученици од втората генерација на оваа приватна средношколска образовна установа. 50 -тината ученици од три образовни насоки се стекнаа со знаења и вештини во текот на четиригодишното образование. Амела Имероска, медицинска сестра, вели „ привилегија е да се биде дел од Петта приватна гимназија. Имавме одлични професори кои се трудеа да направат од нас луѓе. Мислам успеаа, направија да знаеме како и кога...
Граѓаните и понатака се жалат на низа проблеми во такси превозот.
Post Views: 3 Проблемите во такси превозот во Охрид актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат на одредени таксисти кои одбиваат да возат на пократки релации во градот, возат без вклучен таксиметар, не издаваат фискални сметки или немаат поставени задолжителни налепници. Од Локалната самоуправа тврдат дека охридските таксисти подлежат на секојдневни контроли од Сообраќајните инспектори заедно со сообрќајната полиција. Само во месец јули биле констарирани околу 20 тина неправилности во такси превезот. Некои поминале само со записник да се...
Изумира занаетчиството во Струга
Post Views: 4 Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на...
Двајца млади охридски мајстори ги споија традиционалните охридски занаети
Post Views: 6 Охридските мајстори Михајло Филев и Митко Укоески ги споија знаењата и вештините од своите занаети. Изработија уникатен накит од филигран и бисер опточен со камења од македонски рубин. Во првиот заеднички проект наречен три во едно на охридските мајстори им се приклучи и познатиот македонски брусач на скапоцени камења Дејан Шкартов. Нивна идеа е да создадат бренд по кој Македонија ќе биде препознатлива во светот со овој уникатен накит. „ Ние сме млади мајстори изработувачи, но сме воспитани во еснафскиот дух и сакаме да се одвоиме од трговците. Ова го создава...
Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните медикаменти се вбројуваат и пробиотиците
Post Views: 3 Купувачите во летните топли месеци ги посетуваат градските аптеки. Се бараат разни видови лекови секој според своите здравствени или превентивни потреби. Меѓу најкупуваните фармацеутски производи во лето се пробиотиците и кремите за сончање, напоменуваат од охридската Галиум аптека. Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат за балансирање на средината во целиот организам. Помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, напоменува дип. Фармацевт Љубица Јолеска. „ Пробиотиците се купуваат во зависност која вироза владее. Следуваат средствата...
Претстава за византиската принцеза „ Ана Комнена“ ќе се игра во предворјето на Св. Софијa
Post Views: 2 Театарот „ Јордан Х.К – Џинот“ од Велес вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ за љубителите на театарската уметност ќе донесе уште едно незаборавно доживување, истакна драмскиот селектор Зоран Љутков . „Визуелен, драмски, ликовен, музички спектакл. Сигурен сум дека таа претстава ќе има и поголем уметнички квалитет и од матичната куќа, гледајќи ја синоќа генералната проба“, истакна селекторот. „Ана Комнена“ е претстава на истоимениот драмски текст на охриѓанецот Сашо Димоски. Претставата ја донесува личната драма на византиската принцеза Ана...
Советниците се претворени во гласачка машинерија, реагираат охридските избраници во градскиот Совет
Post Views: 1 Во охридскиот градски совет во последните 4 години функцијата советник е постојано деградирана, реагираат советниците Јован Стојаноски од СДСМ и Јоне Станкоски од ВМРО НП. Доведени сме во ситуација само да го подигнеме гласачкото ливче , критикуваат совениците од опозицијата. Ние сакаме конструктивни дискусии во градскиот совет, подвлекува Стојаноски. „Ние како советници материјалите не ги добивме навреме. Критиката е упатена за начинот на доставување на материјалите како советници за да може да дискутираме. Не сакам да доаѓам на седница неспремен без да знам...