Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница

Post Views: 160 Охридските земјоделци рационално да ги користат водите за наводнување, советуваат екологистите од Грашница. Тие спроведуваат проект за рационално наводнување  на земјоделските површини во сливот на Охридското езеро. Климатските промени ќе влијаат врз земјоделието и водните ресурси во речниот слив на Охридското езеро па  охридските земјоделци мора да ги менуваат  навиките за рационално наводнување на посевите, вели Ѓоко Зороски координатор на проектот. Проектот има за цел да се менува свеста на земјоделците кои живеат  покрај Коселска река и Сатеска. Од досегашните ...

Продолжи со читање

Највкусните рибни специјалитети во две категории ги подготвија студентите од ФТУ на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш

Post Views: 179 Студенти по гастрономија од охридскиот Факултет за туризам и угостителство освоија две први награди на гастрономскиот фестивал „Палилулско златно грне“ во Ниш. Освоија максимален број на поени во две категории за подготовка на бела рибна чорба без запршка со толчена икра и рибен паприкаш. За подготовката на автентичниот охридски начин на рибна чорба користеле мавровска пастрмка и икра од белвица, а за рибниот паприкаш користеле охридски крап. Ги воодушевиле посетителите со двата специјалитети од риба, а во подготовката на специјалитетите учествувале студентите Христијан...

Продолжи со читање

Охридското езеро се загадува кај Поградец, јавуваат албанските медиуми

Post Views: 168 Отпадни води, канализација, фосфати и разни хемикалии се влеваат во водите во Охридското езеро кај Поградец и го загадуваат, јавуваат албанските медиуми. Ваквата состојба се заканува да ја уништи флората и фауната алармираат медиумите од другата страна на езерото. Јавуваат и за високо присуство на фосфати и други загадувачки материи кои се причина  локлансиет власти да реагираат на заканата од уништување на рибниот фонд. Дејан  Паноски од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро  за ваквите јавувања на албанските медуими вели дека треба да се почекаат...

Продолжи со читање

Во ОУ „Братство Единство“ несекојдневен пример на солидарност

Post Views: 173 Петнаесетмина професори од охридските средни и основни училишта чекаат разрешница од поднесените приговори до Училишните одбори. Тие реагирале на казните кои ги изрече Државниот испитен центар  за потфрлување на резулатите од екстерното тестирање.  Од почетокот на ноември па се досега Училишните одбори во некои училишта се прогласиле за ненадлежни , во некои се состанувале по два трипати и сеуште не донесле конечни одлуки по приговорите. Конечна одлука има само во гимназијата Св. Климент Охридски  каде што се одбиени двата приговори од професорите. Наставниците имаа...

Продолжи со читање

Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво

Post Views: 162 Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било  констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констирано и запоставување  на малечните...

Продолжи со читање

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

Post Views: 265 Пријатно е чувството да се добие награда,  а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со  своето специфично и препознатливо сликарство  Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста.  Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески. „ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е  жив и секогаш...

Продолжи со читање

Во Охрид врачени нагрaдата и повелбатa Св. Климент Охридски

Post Views: 159 Со свечена Академија Охрид го одблежа патрониот празник Св Климент. Градоначалникот Никола Бакрачeски потсети на универзалните вредности на името и делото на Св. Климент и неговото големо дело како прв словенски архепископ и втемелувач на Охридската архепсикопија на сесловенскиот универзитет на просветителството и книжевноста. Св Климент  заедно со неговиот духовен брат Св Наум  го претворија Охрид во центар на ширењето на божјото слово, писменост и култура, кажа Бакрачески пре дголем број охриѓани и гости од збратимените градови.    „ Св Климент не ни припаѓа само...

Продолжи со читање

„Охридски вистини, случки, приказни и факти“ интересни содржини од минатото на Охрид

Post Views: 402 Бројни вистини  и факти од историјата на Охрид се поместени  во најновата книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти“ од  новинарот, Илче Стојаноски. Оваа книга  е резултат на  35 годишната  новинарско-истражувачка работа. Авторот на книгата донесува  вистини и случки од историјата  на градот. Започнува со продажбата на черепот на Св Климент  од страна на некои охриѓани на Грци, па што  черепот веќе 7 века се чува во едно гратче близу Солун. Стоајнски го наведува  и фактот од 1916 година кога се  одземени  црковни реликвии  меѓу кои и круната на Св Климент,...

Продолжи со читање

Народниот театар од Охрид одбележува јубилеј десетгодишнина од неговото формирање

Post Views: 184 Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Ивица...

Продолжи со читање

Годишнио расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете

Post Views: 154 Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава  до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток.  Динамиката е задоволувачка  и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува   8.360,00 денари а се прима  во текот на 10 години. Службите се доведувани во ситуација...

Продолжи со читање

Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет

Post Views: 152 Сите здруженија на лицата со телесен  инвалидитет од Охрид го одбележаа 3 декември. Заедницата се присетува на нас само на овој ден , а ние сме тука и живееме 365 ден во годината,  ги потсети надележните институции од името на охридските  здруженија со телесен инвалидитет, Венко Голабоски. Повика надлежните институции да имаат разбирање и да ги сфатат проблемите на  оваа категорија сограѓани.„ Инвалидите не живета само едне ден  и се дел од ова општество.Да не се маргинализираат ид аим се скратуваат нивните права ипотреби. Не сите инвалиди се со ист степен и вид на...

Продолжи со читање

Над селото Орман засадени чемпреси и јасени

Post Views: 161 Во Охрид успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото засадија својата иднина“. Во близина на селото Орман на 2 хектари беа посадени 6000 дрва од кои 4000 чемпреси и 2000 јасени. Во 14 -та по ред акција се вклучија граѓани, ученици, полицајци, политичари, еколози. Заменикот министер за одбрана Сашо Стефаноски беше присутен меѓу своите охриѓани. Со акцијата придонесуваме за подобра и почиста Македонија во наредните 10-15 години, напомена Стефаноски.„ Многу е убаво чувството дека парвите нешто за наредните генерации. Од таа причина се чувствувам посебно, на секоја акција...

Продолжи со читање