Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Земјотресите во Охрид оставија дванаесет семејства без сигурен кров над глава

Post Views: 2 Дванаесет куќи градени во 60 -тите години од минатиот век претрпеле сериозни оштетувања од серијата земјотреси кој се случија во Охрид. На семејствате им е потребна помош за реконструкција на живеалиштата. Поголемиот број на објектите се во населбата Билјанини извори на улиците „Јане Сандански“ и “8-ми Септември“, информираат од Комисијата за проценки на штети од елементарни непогоди по увидот на терен . „Тие се постари објекти и 12 семејства треба да се иселат и да им се најде некое решение“, укажува Раде Велјаноски од општинската Комисија за проценки на...

Продолжи со читање

Охридските советници побара да се стави ред во хаосот на плажите под концесија

Post Views: 2 Охридските совеници дадоа зелено светло за изработка на урбанистички планови за плажите кои досега не се урбанзирани. Станува збор за плажите на карајбрежјето кои се на потегот од хотел Славија до Љубаништа, информира раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов. „ Од хотел Славија до Метропол нема урбанистичка документација за урбанизирање на плажите, од Хотел Метропол до автокамп Елешец има, а од Автокапмот Елешец до Десарет нема, како и од Градиште до Љубаништа “, истакна во своето образложение Арнаудов. Предлог одлуката за урбанзиација плажите беше...

Продолжи со читање

Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен

Post Views: 1 Бродот амбуланта на ОО ЦК за брзи интервенции нема да плови по езерските води. Пловилото ќе остане закотвено и покрај потребата за подигање на степенот на безбедност на вода. Оваа летна сезона нема да функционира тим кој ќе работи на бродот, а во состав од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и капетан кој ќе управува со пловилото.Бродот амбуланта во минатото беше во функција неколку години. „Бродот амбуланта го направи своето покажа колку на Охрид му е потребен. Наделжните не реагираа како што очекувавме. Очекуваме свеста да еволуира со што ќе стане...

Продолжи со читање

Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта

Post Views: 1 Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави...

Продолжи со читање

Инспекторите од Капетанија и годинава ќе прават алкотестови на кајчарите

Post Views: 3 Контролите за управувачите на пловни објекти ќе продолжат и оваа сезона. Инспекторите од Капетанија ќе им прават алкотестови и проверка на управувачите на пловните објекти дали ги почитуваат законските одредби, информира капетанот Горан Устијаноски. Контролите кои лани за прв пат беа спроведени откриле бројни прекршувања на законот, меѓу кои и алкохолизирани кајчари со над дозволената количина на алкохол во крвта од 0,5 промили. „На терен најдовме меѓу другите и такви. Апелирам да се однесуваат совесно. Овој вид на пловидба во 90 проценти е рекреација каде што се...

Продолжи со читање

„Пејзажи на душата“ од сликaрот Стефан Хаџи Николов

Post Views: 3 Во ликовната галерија во Куќата на Робевци изложени нови дела на сликарот Стефан Хаџи Николов. Станува збор за негова 7 самостојна изложба во Охрид, во градот, за кој ќе рече, по Скопје,во кој  најмногу изложувал во Македонија. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во неговиот специфичен ликовен, уметнички сензанбилитет. „Посетителите  ќе видат дела создадени во последнитe две години. Делата се со нефигуративна тематика – пејзажи на душата. Тоа се дела каде влијанието на природата го пренесувам кон моето творештво. Сликите претходно беа...

Продолжи со читање

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Post Views: 3 Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи. „ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Димче Коруноски е добитник на државната награда за уметничка фотографија „Благоја Дрнков“

Post Views: 3 Охриѓанецот Димче Коруноски ја доби државната плакета „ Благоја Дрнков“ на Деновите на македонската фотографија во Битола. Наградата посветена на доајенот на македонската уметничка фотографија е востановена во 2012 година по неговата смрт. Коруноски аплицирал на конкурсот за 55 -то јубилејно издание на државната изложба во две категории и тоа во колекција на фотографии и поединечна фотографија. Жирито во висока конкуренција на пристигнати уметнички фотографии ги избрало неговите фотографии од црквите Св.Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климент и...

Продолжи со читање