Автор: Валентина Неловска
Post Views: 150 Со едногласна одлука на охридските советници, општината ќе го плати долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН. Со тоа Локалната самоуправа ја презема обврската на Основното училиште „ Григор Прличев“ за исплаќање на долгот кон ЕВН во висина од 813.000 денари за потрошена електрична енергија. Градоначалникот Никола Бакрачески се заблагодари на советниците за донесената одлука во интерес на 1100 основци да посетуваат настава во нормални услови.„ Јавно им се заблагодарувам на високата општествена свест и на опозаицијата и на владеачкото мнозинство за конструктивната ...
Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно
Post Views: 177 Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик. Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика. Во последните месеци имаше премногу пациенти и работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со неоправдани снимања...
Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“
Post Views: 160 Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем. Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот. Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето. Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката и можноста за времено одблокирање на сметката....
Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.
Post Views: 176 Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична, но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...
За мракот во Григор Прличев и Билјанини извори охридските социјалдемократи ги обвинуваат градоначалникот Бакрчески и Вмро Дпмне
Post Views: 144 Охридските социјалдемократи за мракот во најголемото општинско основно училиште и спортската сала упатија обвинувања на адреса на градоналаникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне.Според информации на Општинската организација на СДСМ училиштето должело за струја над 800.000 денари или околу 13 илјади евра.„ Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37%...
Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона
Post Views: 183 Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е во заштитена зона. Направени се зафати како што се утврдување на границите на локалитетот, неговата контактна зона и режимот кој треба да го има секоја заштитена зона. Со тој режим ќе се наложи конзервација на локалитетот, напоменува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. На тој локалитет не е дозволена урбанизација, а сеуште не е утвредна површината на која се протега.„ Се уште се работи елаборатите и не можам да кажам точна површина. Граници ќе има самиот локалитет, а ќе се утврди и негова контактна...
Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци
Post Views: 159 Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните денес имаа можност да го дознаат процесот како да станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа. „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во канцеларијата за тоа како да дојдат до...
Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро
Post Views: 229 Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан, Баку и во градот културната ризница Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа...
Охриѓани дишат чист воздух без прашина
Post Views: 157 Охриѓани дишат чист воздух без прашина. Ова го потврдуваат анализите од охридскиот Центар за јавно здравје измерени во месец октомври. Аерозагадувањето се мери на четири мерни пунктови низ градот во близина кај Општа болница, кај детската градинка „Јасна Ристеска“, кај автобуската станица и на северниот влез во градот. На последното мерно место каде што во близина има раскрница, надвозник и подвозник е забележано и највисокото загадување на воздухот. Тука биле евидентирани аероседименти во износ од 121, 85 mg/lit воздух. Оваа вредност е многу ниска во споредба...
Златото на Лихнитида ќе биде изложено на денот на Св. Климент
Post Views: 160 Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида. Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска. Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство. Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во...
Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците
Post Views: 285 На охридските улици има повеќе критични точки каде што е загрозена безбедноста на пешаците, информира Цане Георгиески, претседател на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Според нивните анализи и понатака како најопасна за пешаците ја посочуваат улицата Карпош Војвода. Иако, навидум делува како добро регулирана и прегледна улица, возачите не ја почитува брзината и најмногу страдаат пешаците, од кои повеќето се деца, кажува Георгиески. Од општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот предлагале решенија за подобрување на состојбите. Прeдложиле поставување...
Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик
Post Views: 175 Децата од три објекти на детската градинка „ Јасна Ристеска“ ќе учат англиски јазик. Овој проект во градинката се спроведува со поддршка на образовниот центар ПИСИ. Директорката на Градинката Роза Костеска и директорката на ПИСИ Татјана Димоска потпишаа меморандум за соработка .„ Настава по англиски јазик ќе се одржува со деца од градинката на возраст од 5 и 6 години. Наставата ќе е во групи од 15 деца, а ќе се опфатени 90 деца. Наставниот кадар, дидактичкиот материјал и надгледните средатва ќе ги обезбедува ПИСИ, а просторот и дежурните негувателки се од страна...