Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Д-р Никола Бошале предупредува да се внимава што и каде се гради во Охрид

Post Views: 5 Доктор Никола Бошале предупредува да се применува науката, а градителите да внимаваат што и каде се гради во Охрид, по серијата земјотреси кои се случуваат во охридско. Денес се помалку се следат и се применуваат истражувањата на Институтите меѓу кои и на ИЗИИС за тоа какви се промените на земјиното тло. Земјата на која стоиме во Охрид не е еднородна туку разновидна. Потребно е да се следи и да бидиме внимателни кон земјините сили кои не познаваат граници , вели доктор Бошале. „ Ако се гради голем објект на тло за кое се мисли дека не е здраво , тоа е како да...

Продолжи со читање

Нема повредени туку само интервенции на напади на паника во серијата земјотреси во Охрид

Post Views: 3 Во медицинските установи како последица од серијата земјотреси нема повредени граѓани туку само интервенции од панични напади од страв. Во охридската општа болница на хируршкото одделение не се евидентирани повреди како резулатат на земјотресите, информира д-р Димитар Арнаудов, раководител на хируршкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. „На нашето одделение нема хоспитализирани како што ми пренесоа моите колеги со здобиени повреди од земјотресите директно или индиректно од страв , паника или бегање. Во докуменацијата ни еден пациент о доние кои сме ги...

Продолжи со читање

Орманци го прославија својот заштитник Чудотворецот Св. Наум Охридски

Post Views: 2 Верниците од христијанска вероисповед на 3 јули го слават споменот на Чудотворецот Св Наум Охридски. Луѓето ги посетуваат истоимениот манастир во комплексот Св. Наум , но и останатите цркви кои се посветени на светителот. Меѓу нив е и малата црквичка на Чекоштина над селото Орман.Бројни беа жителите од Орман, но и многу охриѓани кои дојдоа во црквичката посветена на Св. Наум да се помолат за здравје и бериќет на своите семејства. По утринската литургија и  кревањето на крсти кумот организираше заеднички ручек за верниците во чест на светителот. Годинава кумството...

Продолжи со читање

Во Охрид пристигнаа моторџиите Ноќни волци од славјанските зeмји

Post Views: 6 Моторџии од клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји пристигнаа во Охрид. Над 150 моторџии од повеќе земји учествуваат во проектот наречен Славјански свет. 20 дена ќе трае нивната мисија која почна од Нитра Словачка ,информира Томас Свинарски од Македонскиот мото клуб Ноќни волци. „ Нашата идеја е дека сите словенски народи се исти, влечат исти корени. Во клубот сите перфектно се разбираме од сите нации и религии, па зошто неможат да го направат тоа и другите луѓе“, кажува Свинарски. Моторџиите ќе поминат 3500 км и добиваат во секоја земја поддршка од...

Продолжи со читање

Двата градски базени во СРЦ „ Билјанини извори“ се полнат со вода

Post Views: 3 Двата отворени градски базени се полнат со вода. Сезоната за капење е веќе почната, а големиот и малиот базен на СРЦ Билјанини извори е во фаза на подготовка за да биде пуштен во употреба деновиве, информира Миле Чавдаров раководител на градскиот базен. „ Вчера ги набавивме основните средства за хлорирање и филтрирање на водат. Технички исправнсота на водата за капење ќе ја потврди заводот за здрвствена заштита.Од понеделник од земените мостри ќе покажат каква е водата во базенот“, вели Чавдаров. На градскиот базен дневно бараат разладување голем број капачи....

Продолжи со читање

Разни моторни возила возат на рекреативната патека

Post Views: 1 Загрозена безбедноста на пешаците на рекреативната патека. Во вечерните часови , но и среде бел ден се забележуваат моторни возила кои се движат по пешачката зона за рекреација. Од СВР Охрид се согласуваат дека од страна на несовесни возачи се вози на рекреативната патека и најавуваат позачестени контроли и санкции за прекршителите. Од трите приоди кон патеката само на еден има прописно поставен сообраќаен знак , а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс Парк сигнализација нема. Изостана и бетонските жардинери кои беа заштитена бариера од несовесните...

Продолжи со читање

Родителите да ги почитуваат истакнатите предупредувања за користење на детскиот парк на Кеј

Post Views: 3 Детското рекреативно забавно катче на кеј Македонија предизвика голема радост кај децата. Монтирањето на реквизитите заврши , но не и поставувањето на гумираниот заштитен под. Гумираниот под ќе биде поставен деновиве, а се очекува паркот да биде пуштен во употерба на 1 јули. Во меѓувреме предупредувањата и траките на реквизитите покриени со најлон беа отстранети од несовесни граѓани за да можат децата да ги користат. За да не дојде до онаа народната од играчка до плачка од локалната упатуваат порака до родителите. Од локалната самоуправа апелираат родителите да...

Продолжи со читање

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија

Post Views: 2 Само два цвета од Жолтиот локвањ процветаа на мала крајбрежна површина на Мазија. Опстанокот на жолтиот локвањ на овој локалитет и понатака е загрозен од растителниот отпад во езерските води. Лимнологот д-р Марина Талевска напоменува дека жолтиот локвањ на Мазија се гуши во растителен отпад, тиња и трска кој се причина за негова стагнација на ширењето. За целосно да не се уништи потребна е чиста средина и поволни услови во кој опстојува. Овој воден цвет кој некогаш го имало во изобилство и ширел пријатен мирис на овој потег , во минатите година заради неповолни...

Продолжи со читање