Автор: Валентина Неловска
Post Views: 219 Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи. Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира...
Две деца од Македoнија чекаат лек за нивната ретка болест
Post Views: 245 „Тешко е да си лекар на пациенти со ретки болести, а истовремено и да си родител кој сака да направи се за своето дете, а јас сум и во двете улоги“, вели д-р Нора Абази Емини од Детската клиника во Скопје. Таа како лекар и родител апелира да се олесни процедурата за пристап кон лековите кои носат надеж за пациентите и нивните семејства. Во моментов отпочната е процедура до Министерството за здравство за да се набави лек за две деца, брат и сестра, кај кои е дијагностицирана ретка болест.Еден на 100.000 луѓе е некој што има ултра ретко заболување на ниво на државата...
Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје
Post Views: 204 Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето. „ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања....
Договорени мерки за одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови во Охрид
Post Views: 305 Охридската Локална самоуправа и надлежните институци одржаа состанок и договорија мерки за одржување на проодност на патиштата во зимски услови. Општинските служби, СВР Охрид, надлежните јавни претпријатија, Центарот за управување со кризи, инспекциските служби на територија на општина Охрид координирано ќе работат за елиминирање на забележаните проблеми на сите локални, регионални и магистрални патишта. Со заедничка соработка ќе делуваат да нема застој и несреќи во сообраќајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Задолжени се лица за меѓусебен...
Европските елени сe враќаат на планината Галичица
Post Views: 256 Европските елени стануваат украс на планината Галичица. Се зголемува нивниот број во репродуктивниот центар на ЈУ Национален парк „Галичица“. Популацијата на елени достигна бројност од преку 60 единки каде што се наоѓа првиот репродуктивен центар во Националниот парк на локалитетот „Косто бачило“. Во 2018 година беа донесени 30 елени, од кои 6 беа мажјаци и 24 женски елени, а стадото успешно се прилагоди и постојано се зголемува, информира Андон Бојаџи од ЈУ НП Галичица.Годинава планираме да ослободуваме единки од репродуктивниот центар во дивина. Се надеваме...
Охрид се попривлечен за Молдавските туристи
Post Views: 183 Зголемено присуство на Молдавски туристи се очекува во 2022 година на охридското крајбрежје. Од туристичкиот сектор очекуваат покрај туристите од Руската Федерација, Полска и Украина да се зголемат посетите на туристи и од Молдавија. Заинтересираноста на овие туристи за посета на нашето крајбрежје се потврдува со посетата на 15 тур-оператори од Молдавија. Тие се сретнаа со Македонски претставници од туристичкиот сектор и се надевам дека хотелиерите и тур-операторите ќе воспостават соработка и конкретни договори, рече Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и...
Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски
Post Views: 177 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име.Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...
Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски
Post Views: 262 Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците. Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски...
Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година
Post Views: 196 Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра. Советникот од ВМРО НП,...
Задоцнето е замрзнувањето на цените
Post Views: 197 Во трговијата на големо и мало се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата. Нема да се менуваат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата во текот на два месеци почнувајќи од први декември до крајот на јануари. Ги прашавме охриѓани како оваа одлука ќе се одрази на семејниот буџет и дали може порелаксирано да ги дочекаат престојните празници.Охриѓани не се многу воодушевени од владината...
Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид
Post Views: 246 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески.Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...
Отпочнаа градежните работи за уредување на рекреативната патека од Струга до Калишта
Post Views: 202 Стружани ќе добијат нова рекреативна патека која ќе води се до селското училиште во Калишта. Патеката ќе се гради покрај езерскиот брег и е во должина од еден и пол километар и ширина од 2 до 2,2 метри, информира Мирјана Лозаноска директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во моментов се чисти теренот и операторот почна со работа. Ќе се постави тампон од 20 цм, бетонска подлога, мрежа и природен, автентичен камен, еколошки бидејќи се наоѓа во заштитеното подрачје“, кажува Лозаноска. Градежните зафати на патеката ќе чинат 4 и пол милиони...