Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во населбата Рача се уредува плоштад

Post Views: 162 Населбата Рача наскоро ќе добие  современ плоштад.  520 м квадратни се поплочуваат со бекатон, бетон и гранитни плочки, се инсталира современо осветлување со канделабри, се поставува фонтана, клупи и канти за отпадоци. Со овој градежен зафат реализираме едно наше ветување со кое им  овозможуваме поквалитетно  урбано живеење на жителите од Рача, вели градоначалникот Никола Бакрачески.„ Со овој зафат местото кое  беше  неугледно, отпадно,  на кое граѓаните депонираа отпад и градежен материјал за неколку месеци успеавме тој неред да го санираме,  да го исчистиме и да...

Продолжи со читање

Изложени екпонатите на 9 -те кралици закитени со бисерни гердани

Post Views: 189 Уметникот Михајло Филев ги презентира бисерните гердани на 9 светски кралици. 6 од експонатите се реплики на охридски бисерни гердани изработени од неговите претци, надалеку прочуени изработувачи на охридски бисери.    Три од примероците се реплики на  ѓердани кои припаѓале на ќерката на Самуил, Косара, мајката на Александар |||, Олимпија и  Клеопатра, кажува Филев. Експонатите  се изложени во неговиот дуќан и имаат за цел да ја  презентираат богатата македонска културна традиција, подвлекува Филев.„ Како млад уметник и горливиот проблем на РМ во докажување на култруните...

Продолжи со читање

Сообраќајните знаци и улични патокази постојано мета на уништување

Post Views: 199 Овој знак закачен на дрво, сигурно нема да ве одведе во саканиот правец. Уништувањето на сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на вандалско уништување. Секторот за комунална дејност и сообраќај при ЛС постојано ги поправа уништените знаци. Знациите и патоказите во сите  делови од градот постојано се кршат, дури и се откорнуваат од бетон, се шкртаат, но најмногу на удар се оние во центарот на градот, напоменува Љупчо Танески раководител на овој сектор.„Најголемо уништување на сообраќајните знаци има во централното градско подрачје. Се случува во доцните...

Продолжи со читање

На екстерното тестирање казни заработија охридски професори и наставници

Post Views: 154 Тринаесет охридски професори од средни  и основни училишта заработија казни од ресорното министерство и Државниот испитен центар. Тие потфрлиле во резултатите од спроведеното екстерно тестирање што се одржа на крајот од учебната 2013/ 2014 година. Оценките кои ги имале напишано не се совпаднале со покажаните  резлултати на учениците на  спроведеното тестирање. Во охридските општински училишта е помал број на казнетите наставници во однос на наградените.  Во 4-те средни училишта се казнети деветмина, а во 5-те основни училишта казни заработиле  4 -ца наставници.  Тие...

Продолжи со читање

Охриѓани ги пакуваат патните торби за летување во странство

Post Views: 160 Заживува оптимизмот кај туристичките агенции дека ова лето 2021 ќе биде подобро од претходното кое го одбележа корона кризата. Похрабрите охриѓани веќе ги пакуваат куферите за летување во странство, информира Маја Богојоска  од ТА „Елида турс“. Најповеќе ги има граѓаните со неискористените уплатени средства што им беа уплатени за минатата година. Тие се интересираат во поголем број да ги искористат нивните уплати за одмор на море. „Најмногу резервации ни беа за Грција, но лани воопшто не отворија границите кон таа земја, а годинава почна полека да се отвараат. Сега...

Продолжи со читање

За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне

Post Views: 165   Илија Аранудовски, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне,  упати остри критики до своите колеги од опозицијата и се осврна на оправданоста од одлуката донесена за продажба на државното земјиште за изградба на трите капитални објекти за градот. „ Анализите направени од страна на стручни лица покажаа дека најбрз и најдобар начин е со продажба на земјиштето. На општината добро би и дошле приходите од продажбата на земјиштето и комуналиите, затоа што на општината,  на валста од ВМРО ДПМЕН и беше предадена со долг од над 33 милиони евра. Намерата е што повеќе...

Продолжи со читање

Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањта на опозицијата

Post Views: 153 На прес конференцијаат која ја одржа секретарот на општината Димитар Спасекси ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека се раскрчмува државното земјиште. „ Интензивно работевме , правевме анализи по кој модел ќе овозможиме градот да ги добие трите капитални инвестиции. Анализите и консултациите со стручни лица  и приватни инвеститори покажаа дека најдобриот и најбризот модел е продажба на земјиштето , а за општината добро би дошле средствата  од продажбат и од комуналиите“, кажа Спасески. Општината гарантира дека покрај инкасирањето на милионски суми денари од  продажбата...

Продолжи со читање

Децата од градинка учат за својатa безбедност во сообраќајот

Post Views: 185 Децата од градинка денес покажаа дека знаат што е семафор, на кое светло се преминува преку  улицата и како се вика пешачкиот премин. Најмалите преку игра во присуство на родители, претставници од општинскиот совет за безбедност, полицијата  и локалната самоуправа го презентираа она што го научиле во измнатите два месеци од своите воспитувачки.„Одевме по улици  и раскрници учевме што е дел од патот, кои се основните сообраќајни знаци и правила во сообраќајот за што е можно побезбедно да стигнат од дома до градинка“,посочи директорката на градинката Розе Костеска.   ...

Продолжи со читање

Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег

Post Views: 168 Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и  магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше  истакнато на денешниот координативен  состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени  координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни,  „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува...

Продолжи со читање

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

Post Views: 174 Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со Божествената...

Продолжи со читање

Усвоени предлог одлуки за годишните планови за вработување во три ЈП

Post Views: 192 На денешната 59 та седница градските избраници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал од ова година. Поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП Нискоградба, Билјанини извори и Охридски Комуналец. Советницте од опозицицјата во Градскиот совет најмногу дискутираа за предлог одлуката усвојување на годишните планови за 40те вработување во ЈП Охридски комуналец.Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, констатира дека со години наназад се создаваат два табори кога се носат планови и измени...

Продолжи со читање

Пензионерите од Дебрца формираа посебно здружение

Post Views: 164 Засебно здружение формираа пензионерите од општина Дебрца. Сисое Иваноски е новиот претседател на  Здружението на пензионери на Дебрца. Со основачкото Собрание тие се издвоија од  Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. Иваноски кажува дека претходно спровеле  анкета со пензионерите од  нивната општина. Над 70 проценти од анкетираните жители дале согласност да се издвојат од досегашното здружение  на пензионери. Иваноски ги наведува и причините за  ваквата одлука.„ Имаше незадоволство од екскурзиите кои ги преземаше здружението во Охрид. Нити еден наш пензионер...

Продолжи со читање