Автор: Валентина Неловска
Post Views: 241 Југозападниот плански регион не функционира. Од ноември, мината година, 9 -мината градоначалници од Југозападниот плански регион не се сретнале во Советот на градончалници. Претседавачот на Советот, струшкиот градоначалник Зијадин Села тврди дека овој југозападен регион функционира само на хартија. Градоначалниците не се заинтересирани и нема кворум за работа, вели Села. Од конституирањето во 2013 година не е одржана ниту една средба, додава првиот човек на Струга. Зошто неговите колеги не се присутни во Советот, Села проблемот го лоцира кај финансиите. „Изгледа...
Употребата на тутун како ризик фактор за смртност во земјава е на трето место
Post Views: 180 Во Македонија активни пушачи се 46 проценти од популацијата на возраст од 15 до 69 години. Од употреба на тутун како ризик фактор за стапката на смртност во земјава пушењето е на трето место, веднаш зад високиот крвен притисок и хипергликемијата. Како последици од пушењето умираат 4300 пушачи на годишно ниво, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје од охридскиот Центар за јавно здравје. Направените иsтражувања покажале дека по цигара посегнуваат се поголем процент на ученици од помала возраст. Во 2018 и 2019 година Институтутот...
Бојлер вознемири станари на ул. Галичица во Охрид
Post Views: 197 Дефект на електрична инсталација ги вознемири станарите од станбена зграда на ул. Галичица. Во бања откажал термостат од бољер од каде што избила голема количина на пареа.Вознемирените станари повикале помош од противпожарната единица. За кратко време интервенирала противпожарната единица, нема повредени и материјална штета, информира Спасе Прентоски командир на охридската територијалната противожарна единица од Охрид. {loadposition content9}
Општина Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
Post Views: 172 Општина Охрид со свечена академија го одбележа Денот на националната борба 23 Октомври. На академијата обраќање имаше охридскиот градоначалник кој потсети на минатото на македонскиот народ и борбата за национална слобода. „ Со огромна почит кон минатото и јасен поглед кон иднината, се собравме вечерва заедно да го зацврстиме континуитетот на 23-ти октомври- Денот на македонската револуционерна борба. Датум кој ги бранувал и вечно ќе ги бранува срцата на сите Македонци како симбол на вековната борба за слобода. Горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите...
Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема
Post Views: 171 Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни ...
Спасески и Блажески на суд за клевета
Post Views: 167 Започна судски процес за клевета со кој секретарот на општина Охрид Димитар Спасески го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески. Секретарот во овој спор бара оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште, рече по завршување на судскиот претрес Блажески. Станува збор за проектот лизгалиште, кое беше најавувано дека го прави австриска фирма, за на крај да се види дека тоа е договор со локална фирма. Во презентираните докази имам дека лизгалиштето го имаат не како урбана опрема за што одговорно тврдам дека не е поминато на совет ...
Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници
Post Views: 163 Филип Ѓорѓиески, Николче Костоски, Петар Танаскоски и Дарко Митаноски освоија бронзена медалја на републичкиот натпревар за извидници. Ова е прв медал за извидничкиот одред Пионер и голема мотивација за понатамошната работа. Во конкуренција од 14 екипи во машка категорија екипно, во Македонија охриѓаните го освоија третото место. За нив тоа е голем успех затоа што во силна категоријаи само со 2 години работа во извидничкиот одред покажаа одлични знаење во прва помош и заштита, ориентација и бивак- градење на засолништа.„ Вложивме многу напор, искрено не го очекуваме...
Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија
Post Views: 163 Младите се помалку ја избираат како свое занимање професијата готвач и не ја ценат доволно. Повеќето од нив не се однесуваат сериозно кон професијата иако ја избрале да ја изучуваат. Тоа не е случај со средношколците Џемил Јакупоски од Дебар и охриѓанецот Илјаз Ибраими, кои се дел од угостителското училиште, во трета година на смерот готварство во Ванчо Питошески. Тие ги откриваат своите причини за изборот готвач. Велат интересна им е професијата, сакаат да ракуваат со храна и сакаат понатка да се реализираат во неа. „ Говењето за мене е иднина, пробав да готвам...
Во градинката Лихнида се одржа аукција на рачно изработени кукли
Post Views: 169 Во градинката Лихнида се одржа аукција на кукли. Родителите купуваа играчки во хумани цели. Играчките ги изработија децата згрижени во објектите на детската градинка Јасна Ристеска заедно со вопситувачите и родителите. Собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели во рамките на проектот „Од дете за дете“, вели директорката на детската установа Роза Костоска.„ Покрај основната цел креативноста да се изрази кај децата имаме уште една цел од мали нозе да се учат да бидат хумани, да ги вреднуваат предметите за нивна лична употреба, некои за нив можеби немаат...
За кампањата Недела за борба против гладот донираа охридскиот градоначалник и неговите соработници
Post Views: 162 Локалната самоуправа по втор пат се приклучува во активностите на општинскиот Црвен крст во кампањата Ден против гладот. На симболичен начин со личен пример градоначалникот, советниците и директорите на јавните претпријатија дадоа свој допринос во акцијата Денот на борбата против гладот. Сакаме да ги поттикнеме сите хумани луѓе и фирми да се приклучат секој според своите можности да помогнеме на ранливата категорија сограѓани, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Првиот човек на градот напомена дека со овие хумани активности колку и да се помага тие се симболични,...
На малото пристаниште ќе се гради угостителски објект
Post Views: 163 Угостителски објект ќе се гради на малото пристаниште наспроти хотел Палас. Локалната самоуправа распиша оглас со кој се бараат инвеститори кои со приватно јавно партнесртво ќе го уредуваат малото пристаниште. Од секторот за урбанзиам и просторно планирање недостапни за коментар какви ќе се деталите околу изградбата на објектот, колкава површина ќе се стопанисува, на коллу време и од каков тип ќе биде угостителскиот објект. Градоначаликот Никола Бакрачески кратко информира дека тие услови дополнително ќе се договорат со заинтерсираниот инвеститор.„ Во вој момент...
ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација
Post Views: 176 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти ги поднови училишните простории. Со донација од американско здружение Macedonian school project во висина од 1100 долари набавени се нови магнетни табли и најразлични наставни нагледни средства. Учениците добија струјни кола, предмети со геометриски форми, играта „Не лути се човеку“ со кое учениците преку игра полесно ќе научат да собираат. Првчињата гласно го изразија своето воодушевување од новите работни простории и играчките со кои се опкружени.Снежана Димитриеска, одделенски наставник во училиштето вели дека новите...