Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа дел од семејството на Унеско

Post Views: 185 Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа и официјално станa дел од семејството на Унеско. Во Корча, на пригодна свеченост, преставници на Националните Комисии на УНЕСКО, на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста, им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват како дел од УНЕСКО.  Со овој  свечен чин  регионот е еден од 14 -те прекугранични бисферни резервати  во светот ставени под заштита на Унеско. Пред присутните се обратија заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна...

Продолжи со читање

Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница

Post Views: 151 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со своите занења и капацитети ќе и помага на охридската локална заедница.  Започнаа да го реализираат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“.  Идејата на Универзитетот  е преку овој проект да излезе во пресрет  на  локалната заедница, за да се олеснат секојдневните активности користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии, нагласува  Горан Шибакоски ассистент  на УНИТ. „Сите сервиси и услуги кои ги нуди Локалната самоуправа ќе бидат полесно подостапни ако се користат информатичките...

Продолжи со читање

Првачињата од Григор Прличев беа во посета на Локалната самоуправа

Post Views: 181 Учениците од прво одделение  од ОУ „Григор Прличев“  денес ја посетија општинската  зграда.  Директорката на училиштето Силвија Мојсоска напомена дека оваа посета е во рамките на Детската недела, а има за цел учениците од најмала возраст да се запознаат со оваа установа. Посетата на општината се применува и во повисоките одделенија, вели директорката Мојсоска.     „  Како редовна посета имаме  во 3 одделение тогаш учат учениците за Локалната самоуправа и секоја година тоа го практикуваме по наставнат единица и а практично да се запознаат. Започнавме и со малечките...

Продолжи со читање

Охридските мали компании пасивни за учество на јавните набавки

Post Views: 165 Охридските мали компании пасивни кон  можноста да ја подобрат својата бизнис клима кога станува збор за учество на  јавни набавки. Ова се покажа на денешната бесплатна обука на  проектот „Пристап на микропретпријатијата до јавни набавки“,  каде што нити една  бизнис компанија немаше свои претставници.  Идејата на организаторите, меѓу кои еден од носителите на проектот е и Центарот за граѓански комуникации, беше да ги запознаат малите компании со можностите кои им се нудат  за успешно да учествуваат во јавните набавки.  Идејата е да им помогнеме  на фирмите да учествуваат...

Продолжи со читање

8 станари и еден пожарникар завршија во болница по пожарот во подземна гаража во станбена зграда во центарот на Охрид

Post Views: 180 Избувна пожар во гаражниот, подземен дел во комплексот згради во центарот на Охрид кај поранешната стара автобуска станица утрово по полноќ. Во пожарот целосно изгорени се 2 возила, а 10 тина се оштетени. Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) интервенирала на повик за пожар 40 минути после полноќ во гаражата на комплексот згради. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 4 возила со 15 пожарникари. Станарите од двете згради, од двата влеза од стамбениот комплес, биле евакуирани заради густиот чад, информираат од ТППЕ. 8мина станари и еден пожарникар заради...

Продолжи со читање

Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Post Views: 152 Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат  претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет. Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал. На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога. Тема ќе бидат и...

Продолжи со читање

Институциите ги привршуваат подготовките за изградба на затворениот пливачки базен

Post Views: 165 Израдбата на затворениот пливачки базен  на СРЦ Билјани Извори, во Охрид  се најавува за почетокот од идната година. Во моментов во завршна фаза се подготовките на документацијата за неговото градење. Иако градбата беше најавена уште во 2008 година, од Локалната самоуправа тврдат дека постапката за градење не е закочена, туку напротив институциите секоја во својот дел ги привршуваат постапките за  неговата изградба.„ Воопшто не се закочени постапките. Константно се работи на оваа проблематика. При екпропријација прашање е дали ќе се јави еден или повеќе наследници...

Продолжи со читање

Вакцинирањето против сезонски грип ќе почне кон крајот на овој месец

Post Views: 294 Хронично болните и граѓаните кои редовно се  вакцинираат  проив сезонскиот грип ќе бидат вакцинирани кон крајот на овој месец, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. Министерството за здравство ја завршило  тендерската набавка, па така за потребите на охридскиот центар се набавени 2500 вакцини. Од нив 1500 вакцини се наменети за охриѓани, 600 за стружани и 400 за жителите на  Дебар. Вообичаено стартот на вакцинирањето во Ценатрот почнува после 20 -ти октомври. Се очекува само на распределба на вакцините по центрите за јавно здравје.  Од таму највуваат...

Продолжи со читање

Објавен конкурс за уредување на 5 плажи на охридското крајбрежје

Post Views: 170 5 плажи на охридското крајбрежје ќе добијат современ лик. Градоначалникот Никола Бакрачески неодамна го најави уредувањето на овие плажи. За  локациите со должина од 1560 метри Министерството  за транспорт и врски објави конкурс. Идејни решенија се бараат за уредување на плажите на локациите „Студенчишко блато“, во должина од 700 метри,  „Љубаништа“  500 метри, плажите кај „Лагадин“,  „Далјан“ и „Извиднички камп“  сите со должина од по 120 метри.  Најдобрите решенија ќе бидат избирани по пат на јавна анкета на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.Од...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил

Post Views: 222 Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар  Самоил основоположникот на македонското средновековно  царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како што се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече Бакрачески.„...

Продолжи со читање

Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ

Post Views: 165 Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески со експресен одговор на прес конференцијата нас СДСМ. Спасески се пофали со успешното разделување на економското училиште од гимназијата. Рече дека СДСМ нема право да каже ни збор бидејќи со години се обидувале да го реализираат овој проект како и бројни други проекти кои не вродиле со успех. „ Новата власт успеа да го создаде новото Средно стручно економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Избрани се органи и потребен персонал и настават тче. За останатите позиции рече дека низ една законска постапка  ќе бидат пополнети...

Продолжи со читање

Комуналец не може да исчисти онолку колку што можат несовесните граѓани да ги преполнат контејнерите на улицата Дејан Војвода

Post Views: 178 Грда комунална слика е секојдневие од поставените контејнери за отпад на влезот од ул. Дејан Војвода. Тие наутро се празни, а за само неколку часа до пладне се преполни со комунален и кабаст отпад оставен покрај нив. Од нив се шири неподнослива реа на која реагираат граѓаните кои живеат наспороти контејнеритеи не може да отворат прозорец. Голем број несовесни жители од оваа улица, но и од целата населба наречена поплавени, го прекршуваат комуналниот ред на ЈП Охридски комуналец за подигање на комунален и кабаст отпад, посочува Стевчо Маслов од ова претпријатие. Околу...

Продолжи со читање