Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Запирање на сите проекти во НП Галичица стои во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско

Post Views: 3 Стоп за сите проекти во НП Галичица предлози на поранешната влада, препорачува во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско. Состојбата со Охрид е оценета како сè поранлива во новиот извештај на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства. Како главна причина за можната деградација се наведени предвидените инфраструктурни проекти а посебно експресниот пат Охрид Св Наум и ски центарот на Галичица. „ Она за што е дадена препораката е овие деструктивни проекти...

Продолжи со читање

Охриѓани со различни ставови колку градот има чиста животна средина

Post Views: 1 Охриѓани подeлени во своите перцепции колку Охрид и околината се еколошки чисти. ТВМ ги анкетираше граѓаните на тема дали се задоволни од колку е чист градот и колку се внимава на животната средина. Некои не се задоволни , а други сметаaт дека Охрид има најчиста животна средина. -„ Граѓаните не обрнуваат многу внимание. Фрлаат ѓубре каде што не му е местото јавно пред очите на другите, а да не зборуваме за одлагањето отпад на места каде што не ги гледаме“.-„Тече вода по улиците,насекаде има расфрлани депонии ама кој ги гледа. Од Чинарот до Горна Порта туристите...

Продолжи со читање

Еко пораки упатени од Охрид

Post Views: 7 „Екологијата се учи од мали нозе“, „ Ја сакам природата , го сакам животот“, „ Мисли глобално делувај локално“, беа само дел од пораките кои охриѓани ги упатија по повод Светскиот ден за заштита на животната средина. По охридските улици со дефиле членовите од групата „Најди време“ при Црвениот крст од Охрид заедно со младите волонтери учествуваа во подигање на јавната свест за односот на човекот кон животната средина. „ Денес го одбележуваме тој ден. Сакаме да кажеме дека светот останува на младите тие ја наследуваат планетата Земја и да знаат да ја чуваат...

Продолжи со читање

На охридскиот туризам му недостасува софтвер за електронско пријавување на туристи

Post Views: 4 Општинскиот инспекторат и Државниот завод за статистика прикажуваат различни бројки на остварени ноќевања на охридското крајбрежје. Така, за 2016 година Општинскиот инспекторат во книгите на станоиздавачите и хотелите евидентирале 469.324 ноќевања, а државниот завод за статистика 800.000 ноќевања. Oд одделението за туризам при ЛС велат дека иако станува збор за различна методологија на обработка на податоците, не е негираат дека дел од станоиздавачите продолжуваат да ја прикриваат туристичката такса и да не ги пријавуваат реализираните ноќевања. Додаваат дека...

Продолжи со читање

„По стапките на А. Ден Долард“ изложба на стари фотографии од Струга

Post Views: 6 Стотина слики од Струга и струшко кои датираат од 70 -тите години на минатиот век се изложени во Домот на културата „Браќа Миладиновци“. Холанѓаните Marja Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman, кампувајќи на брегот на езерото, во струшкиот регион, во периодот од 1973 до 1975г. со своите фотоапарати и видео камери зачувале дел од минатото на Струга. Станува збор за стари фотографии кои не навраќаат во минатото, на кои се прикажани моменти од животот на луѓето во тој период. На фотографиите се зачувани струшките сокаци и архитектура, обичните луѓе, музичари, обичаи...

Продолжи со читање

Oхридскиот Brein o Brein со прв демофестивал

Post Views: 2 Прв Демофестивал одржаа од прогармата Brein o Brein. Учениците кои го посетуваат центарот пред голем број посетители ги покажаа вештините кои ги научиле па така свиреа , пееа, танцуваа, а истовремено и сметаа. Учествуваа над стотина деца од сите нивоа на програмата , информира Валентина Кузманоска координатор инструктор во центарот бреин о бреин. „Покрај вештините со абакус и менталната картичка ги видоа децата и во друго светло и способностите и талентите ,свирење, пеење, играње со пресметување и мултитастинг , истовремено да се обавуваат неколку активности“,...

Продолжи со читање

Охридската ривиера располага со многу апартмани од висока категорија

Post Views: 4 На охридското крајбрежје има над 90 регистрирани апартмани од висока категорија. Оваа бројка пред 4 години била скоро двојно помала, информираат од одделението за туризам при ЛС. И додека бројот на регистрирани легла во приватното сместување квантитативно е стандарден, расте квалитативната понуда на апартманското сместување, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Она што е упадливо и значајно што бројот на апартманите со една ѕвездичка опаѓа.Во моментов нема апартмани од најниска категорија, додека бројот на апартмани со 2, 3 и 4 ѕвездички се зголемува. Ако се...

Продолжи со читање

Продолжува негрижата за заштитениот објект Св. Сава

Post Views: 6 Запуштената зграда Св. Сава во Месокастро станува се поопасна за минувачите. Продолжуваат да паѓаат одронети ќерамиди, делови од фасадата, а и искршено стакло од руинираните прозори. Жители од овој дел на старото градско јадро и родители на деца кои учат во основното училиште „Св Климент Охридски“, кое е во непосредна близина на објектот, стравуваат за безбедноста на минувачите кои го користат патот покрај неа, а кој води кон основното школо и Метеоролошката станица.Објектот на некогашното училиште Св Сава се распаѓа. Сопственикот на објектот ГП Гранит близу...

Продолжи со читање