Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Post Views: 177 Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската...

Продолжи со читање

На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија

Post Views: 208 На брегот од Глобочичкото Езеро е осветена црквата Св. Илија која започна да се гради пред три години. Жителите ја изградија веднаш до местото каде што некогаш постоела истоимената црква,  а била потопена пред 5 децении заедно со селото,  во 1964 година, при  изградбата на хидроцентралата  Глобочица. Во нејзината изградба учествувале сите жители, кој како бил во можност, со пари или работна рака. Каменот, песокот, цементот и останатиот градежен материјал го носеле на раце, а го превезувале до брегот со помош на сплав. Вредните глобочичани копнееле по денот кога ќе...

Продолжи со читање

Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато

Post Views: 172 Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори  разговараа на тема  „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.  Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните  предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид.  Владите на 10 држави од регионот преку ваквите состаноци...

Продолжи со читање

Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид

Post Views: 178 Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите  пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на милост...

Продолжи со читање

Во Охрид отстранети 23 времени објекти

Post Views: 169 Локалната самоуправа продолжува да ги отстранува времените објекти. Како што дознаваме досега се отстранети 23 киосци. Инаку, уште на 10 јули сопствениците на  107-  времени објекти добија решенија за клуч на врата и отстранување на поставените објекти. Локалната  самоуправа ваквиот потег го правдаше со нивно неплаќање  на давачките кон општината и руинираниот изглед, но попушти пред барањето на сопствениците и им дозволи објектите да работат до завршување на летната сезона. Тогаш сопствениците на  времените објекти кажуваа  дека тие не се виновни за состојбите туку...

Продолжи со читање

„Милкуз“ донираше печки на пелети и огревно дрво, се вклучи во проектот „Топол дом“

Post Views: 182 „Милкуз“ компанијата за производство на печки на пелети и огревно дрво е првата компанија која позитивно одговори на повикот на проектот „Топол дом“. Центарот за социјални работи побара пред еден месец покрај поединци, во овој проект да се вклучи и бизнис заедницата.„ Во рамките на нашите можности излеговме во пресрет со донација.  Дониравме 10 печки на дрва од кои сите ќе бидат за социјално ранливата категорија на граѓани и 5 за училиштата во Охрид и Дебрца. Донација од 2 печки на пелети е наменета за градинките во општина Охрид заедно со пелети“, кажа менаџерот на...

Продолжи со читање

Во Охрид за болеста ебола нема место за паника

Post Views: 168 Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната  клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.  „ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема  место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој...

Продолжи со читање

Хидробиолошкиот институт дел од Европски проект за справување со ненативните инвазивни видови во водните коридори на Балканот

Post Views: 175 Хидробиолошкиот институт од Охрид заедно со ЕД Екоменлог се дел од Европскиот проект ISKMEN во кој се вклучени 8 земји меѓу кои и Македонија. Во проектот учествуваат три таргет земји Албанија, Црна Гора, БиХ, а меѓу нив се и Македонија и Турција и три земји членки на Европската унија Италија, Хрватска и Грција. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната соработка на земјите од Балканот во справување со ненативните инвазивни видови кои се закна за биодиверзитетот на водните коридори кои ги поврзуваат, информира Проф.д-р Сашо Трајаноски од одделението за фауна...

Продолжи со читање

Свечено подигнато официјалното знаме на општина Охрид

Post Views: 255 Пред општина Охрид се вее ново знаме. По препорака на Унеско Локалната самоуправа изработи нов грб и знаме со обележја карактеристични за градот без симболите на Унеско.  „ Следеше постапката со која ние ангажиравме професионална асоцијација  како што е македонското  хералдичко здружение.Тие  изработија неколку верзии како што налагаат нивните правила. Знаме кое ќе ги задоволи основните духовни, традиционални, природни и културни вредности и обележја на градот Охрид. Ова знаме кое  го подигаме е изгласано на седница од мнозинството советници.       На пладне присуствувавме...

Продолжи со читање

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Post Views: 293 Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ.„Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на...

Продолжи со читање

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 198 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Продолжи со читање

„ Каменот и железото “ најновата изложба на Трајко Дурчовски

Post Views: 170 „Каменот и железото“ е  насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури  на Дурчовски утревечер во Центарот за култура.  Ова е 10-та  изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски.Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со  30 -тина скулптури. Секоја...

Продолжи со читање