Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Охридската болница за прв пат е изведена лапараскопска операција на бубрег

Post Views: 19 Во охридската општа болница изведена е лапараскопска операција на бубрег. Опериран е пациент кај кого е рецесиран долниот дел на бубрегот од циста, информира урологот Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Лапараскопски зафат е изведен самостојно од анестезиологот Јован Недески и охридскиот тим уролози д-р Томчо Мостро, д-р Маргарита Симоноска под раководство на д-р Балевски.Се надевам дека ќе продолжиме во ова време на Ковид, тоа многу ни значи да ги работиме новите методи. Не се доближуваме до пациентот  помали се шансите за инфицирање , нема...

Продолжи со читање

Министерството за локална самоуправа контра Државниот инспекторат за Локална самоуправа

Post Views: 5 Ресорното министерство одлучи контра Државниот инспекторат за локална самоуправа. Падна во вода одлуката со која инспекторатот ги поништи одлуките кои советите на општините ги донесоа по 24 март, а ги прогласија за незаконити поради истекот на мандатот на советитниците. Таквата одлука внесе уште поголем хаос во општините. Струшкиот вршител на должност градоначалник Мустафа Забзун информира дека утрово добиле писмен документ од Министерството за локална самоуправа со кој ги известуваат дека сепак се законски сите донесени одлуки на советот по 24 март. „Добивме...

Продолжи со читање

Расте конзумацијата на вино кај македонците

Post Views: 3 Конзумацијата на вино во Македонија оди во нагорна линија. Земјата со своите климатски предизпозиции располага со високо квалитетни сортни вина, но кутурата кон виното сеуште се гради кај нас. Во моментов недостасува навиката за пиење на пенушливи сорти на вино, а побарувачката на белите и црните сортни вина засега е подеднаква. Расте побарувачката и на розе вината. Статистиката покажува дека македонците пијат годишно 10 литри вино по глава на жител, посочува Јани Богевски директор на винаријата Кралица Марија од Демир Капија. „ За нас е ниско, но се повеќе се...

Продолжи со читање

Учениците од охридското економско училиште одбележаа 55 годиниод матурирањето

Post Views: 3   На охридскиот плоштад се сретна соучениците од некогашното економско училиште Мите Богоески. Средбата е јубилејна и се одбележуваат 55 години од завршувањето на средното стручно училиште од учебната 1958 -1962 година , напоменува Димче Стојкоски Лепи од иницијативниот организациски одброр. Средбата беше срдечна, се евоцираа спомени од другарувањето и училишните денови, вели Стојкоски.Се присетува на тие минати денови поминати во школските клупи кога како и сите средношколци биле темпераментни, потшепнувале, препишувале ,поткажувале и си помагале. „Нашата...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа

Post Views: 2 Aндреа Бeкали менаџер во американска информатичката компанија ИКАН ја нагласува потребата луѓето активно да се вклучуваат во управувањето и развојот на интернетот. На конференцијата Управување со Интернетот кај државите од Југоситочна Европа сме присутни да дадеме поддршка на заедницата во Македонија и регионот. Зборуваме за употребата и да објасниме што поддржуваме во развојот на интернет технологијата и како интернетот да се употребува во иднина, напомeнува Бeкали. „За таа цел баравме идните генарации под 25 години што повеќе да го употребуваат Интернетот. За...

Продолжи со читање

Започна дводневната Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“

Post Views: 13 Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетот, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој е темата на јубилејната, десетта Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022″, што се одржува во Охрид. Рубин Земон, претседател на Програмскиот комитет на конференцијата, потсети на почетоците и развојот на меѓународната конференција. Дадовме скромен придонес за научните кругови, но голема промоција за Охрид, кажа Земон.Промоција на културното наследство, културниот идентитет,...

Продолжи со читање

Охридските Титоисти го одбележаа 25 мај

Post Views: 2 Здружението Титоисти од Охрид не го заборавија 25 мај Денот на младоста и раѓањето на Јосип Броз Тито поранешниот доживотен претседател на СФРЈ. Денес се одбележуваат 125 години од раѓањето на Тито, а од охридското здружение на пригоден начин го одбележа овој ден од поновата историја. „Постарите генерации се потсетуваат на Денот на младоста. Јас како млад секретар на здружението Титоисти од Охрид сакам да им пренесам порака на помладите генрации за не се заборави Јосип Броз Тито .Тој е личност која допринесе РМ како рамноправна членка во СФРЈ да влезе со свое...

Продолжи со читање

Градоначалниците на Охрид и Волонгонг остварија работна средба

Post Views: 2 Гордон Бредбери градоначалник на Волонгонг, Австралија, ја посети општина Охрид. Никола Бакрачески оствари работна средба со градоначалникот од збратимениот град во ова прекуокеанска земја. Волонгонг е град каде што живеат голем број иселеници од Македонија. Охридскиот градоначалник и претставниците од одделението за Тлер ги претставија потенцијалите на охридското крајбрежје за австралиските туристи , а посетата е со цел продлабочување на меѓусебните врски. „За можно унапредување на соработката и јакнењето на врските на Охрид и нашите иселеници од Волонгонг. И...

Продолжи со читање