Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур

Post Views: 1 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји. Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита,...

Продолжи со читање

Како анализите на квалитетот на водата да се достапни секојдневно до граѓаните?

Post Views: 2 Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели...

Продолжи со читање

Гори дивата депонија на Мaуцкер

Post Views: 4 Дивата депонија на Мауцкер гори. Од вчера попладне се забележува како се издигаат облаци чад. Од Јавното претпријатие Охридски комуналец велат дека пожарот е подметнат. Додаваат дека станува збор за мала опожарена површина. Од ТППЕ Охрид посочуваат дека работат на ликвидирање на опожарената површина која изнесува околу 500 до 600 метри квадратни. Гасењето на запалената депонија го отежнува ветерот. Инаку, на просторот Муцкер во изминатите неколку години се депонираше комунален отпад и градежен шут од кој се создаде дивата депонија на неколку километри од...

Продолжи со читање

На Али пашината џамија во Охрид се бара да се изгради некогашното минаре

Post Views: 3 Во охридската чаршија во тек се градежни зафати за реконструкција на Али пашината џамија. ТВМ дознава од неофицијални извори дека покрај реконструкцијата на џамијата до Завод и музеј дополнително било доставено и барање за изградба на минаре. За минарето кое неофицијално е предвидено да достигне висина до 32 метри од охридскиот Завод и музеј издале позитивно мислење и одобрение за археолошки конзерваторски основи. Сега се чека на одобрението за градба за кое треба да решава Министерството за транспорт и врски. Носител на проектот за реконструкција на џамијата е...

Продолжи со читање

Одбележан денот на реката Дрим

Post Views: 3 Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на...

Продолжи со читање

Центарот за јавно здравје овој месец ќе дејствува против глодаритe

Post Views: 4 Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот  се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави.   „Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги...

Продолжи со читање

На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните зафати

Post Views: 5 На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу...

Продолжи со читање

Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки

Post Views: 6 Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки за заштита од пандемијата кои се на сила од 16 јули. За посетителите да влезат во сите објекти задолжително е поседување на Ковид-19 документи, односно треба да приложат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Од охридските локали денес се отстранети вчерашните натписи со кои посетителите се информираат дека ќе работат со 30 проценти од своите капацитети за да не бараат ковид документи.ТВМ ги контактираше менаџерите на кафулињата како ги спроведуваат...

Продолжи со читање