Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Со прскање од воздух и земја ќе се уништуваат комарците

Post Views: 1 На крајбржјето на Охридското Езеро од втората половина на мај ќе започне прскањето против комарци. Според акцискиот план, Центарот за јавно здравје првентивната адултна дератизација ќе ја врши од мај до септември и тоа од земја, информира епидемилогот д-р Јованка Коровешоска. Во борбата со комарците се вклучува и Министерството за транспорт и врски кое објави оглас за доделување договор за јавна набавка на услуги за уништување на возрасни комарци во вредност од околу 100.000 евра. Набавката се однесува на Охрид, Ресен, Крушево, Дојран, Чешиново, Облешево и...

Продолжи со читање

Стагнира интересот кај младите за спортскиот велосипедизам

Post Views: 10 Охридско – струшкиот регион станува се поинтересен за планинскиот велосипедизам. Се повеќе велосипедисти се одлучуваат да возат низ планинските предели и на струшкиот дел, низ дебрца и охридско . Од Велосипедскиот Клуб Екодром настојуваат да се обележат и патеки околу езерото. Тие неодамна аплицирале со проект , за кој веруваат дека ќе им биде одобрен да се користат патеките околу езерото како заштитено подрачје под Унеско, а е насловен како Unesкo bike friendly area , информира Александар Јованоски претседател на ВК Екодром. „ НП Галичица е прв пример со...

Продолжи со читање

Црвенкоски: „ Народот ја дава и зема власта“

Post Views: 5  Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски одржа трибина во Струга. Синоќа, стружани покажаа голем интерес за економско- политичките случувања во земјава. Граѓаните констатираа и прашуваа за многу проблеми кои ги мачат од секојдневието, но најмногу интерес покажаа за етничкиот соживот во земјава. Прашуваа зошто никој не реагираше на неодамнешниот повик на еден албански политичар од ДПА кога побара од Европската Унија да им дозволи на Албанија и Косово да ги штитат интересите на македонските Албанци или кога бугарскиот Претседател отворено повторно...

Продолжи со читање

Пренаменети средства од буџет за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо

Post Views: 5 Од општинскиот буџет ќе се пренаменат пари за уредување на градежно земјиште за периодот 2017 -2019 година. Со тие сртдва се планира да се уреди малиот плоштад на улицата Самоилова, а ќе се осветлува и болничкиот комплекс Св. Еразмо. Советниците од СДМС повторно реагираа на тоа што се носат проекти без писмен извештај. Не се согласуваат со пренасочување на 3 милиони денари за осветлување на болничкиот комплекс кој е проект на Владата и сметаат дека владата треба да го доврши со сопствени средства. За нив приоритет е парите да се употребат за инфраструктурно...

Продолжи со читање

Охридските советници одлучија 300.000 денари за спас на ВК Југ

Post Views: 6 Охридските советници ги вкрстија копјата на денешната седница, а спортот беше жешката тема на расправа. Советниците беа едногласни во одлуката за исплата на долгот на ВК Југ по основ на правосилни извршни исправи. Беа одобрени 300.000 денари за спас на најстариот градски веслачки клуб Југ. „По 3 години борба во советот успеавме да ги убедиме градоначалникот и советниците дека ВК Југ треба да живее заради оние кои тренираат. Еден дел од долгот да ги покриеме сега, а дел во текот на 2017 да се доисплатат“, напомена Станкоски. Додека советниците од опозицијата...

Продолжи со читање

Усвоени предлог одлуките за извештаите за првиот квартал од годинава

Post Views: 4 9-тата седница на Советот на општина Охрид започна со едноминутно молчење за трагично починатиот директор на ОУ „Живко Чинго“. На дневен ред советниците имаа дури 75 точки – се усвојуваа предлог одлуки на извештаите за реализација на програмите за работата на Советот на општината, од областите за образование, детска заштита, култура, Локален економски развој, спорт и рекреација, заштита на животната средина, комунални услуги, јавна чистота, изградба и реконструкција на патиштата, јавното осветлување и други. Советниците од опозицијата во градскиот совет...

Продолжи со читање

Охриѓани и стружани ги поддржуваат законските измени за децата со посебни потреби

Post Views: 4 Охриѓани и стружани ја поддржаа граѓанската иницијатива за собирање потписи за поддршка на барањата на родителите за законски промени и дополнувања со кои на децата со посебни потреби ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.Охриѓани утре и задутре ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Од 10 до 18ч на градскиот плоштад во Охрид, пред св.Димитрија ќе биде поставен штанд со книгата за потписи, каде граѓаните ќе можат да ја дадат својата поддршка за законски промени и дополнувања со...

Продолжи со читање

За Студенчишкото блато ќе се изготвува нова стручна стратегија

Post Views: 5 Одржана јавна расправа за менување и дополнување на Генералниот урбанистички план. Измените се однесуваат на 9 урбанистички блока. Меѓу нив се измените за урбанистичкиот план 17.1 за Студенчишко блато и просторот 2.4 кај ФТУ, информира раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов. Арнаудов напоменува дека на барање на ФТУ во урбанистичкиот блок 2.4 наместо пренамена во хотелски комплекс и понатака ќе останат двете образовни институции угостителското училиште и факултетот за туризам и угостителство. Додека пак, Студеничишкото блато...

Продолжи со читање