Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Инспекторите ги контролираа угостителските објекти и плажите во Охрид

Post Views: 188 Инспекторите во акција ги контролираа угостителските објекти и  плажите на охридското крајбрежје. Оваа акција беше најавена уште во петокот кога претставници од Локалната самоуправа имаа средба со угостителите и концеисонерите на плажите. Така денес во центарот на  Охрид се проверуваше фактичката состојба со поставената урбана опрема  предвидената според елаборатите. Само сопствениците кои  уплатиле средства во буџетот на Локалната самоуправа и ја подмириле давачката  според одлуката на совет може да поставуваат опрема.Исто така, се контролираа и плажите на крајбрежјето....

Продолжи со читање

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Post Views: 176 На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето. Горан Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се...

Продолжи со читање

Општина Охрид ги ревреднува имотите на граѓаните и фирмите

Post Views: 192     Голем број охриѓани реагираат на повисоки сметки за годишен данок на имот. Граѓаните се чудат на што се должи зголемувањето на давачката.  Ставката на данок на имот е непроменета и изнесува 0,3 посто од вкупната вредност на имотот. Одговор побаравме од  одделението за даноци при Локалната самоуправа.  И покрај нашето инсистирање на директна средба со надлежен од одделението кој би ги објаснил причините за зголемувањето на сумите на данокот на имот, не добивме можност, како што рекоа, заради презафатеност. Добивме штуро писмено објаснение во кое се наведува дека...

Продолжи со читање

На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите

Post Views: 264 Дваесетина паркинг места се добиени со проширувањето на  просторот кај Долни Сарај. Со овој зафат се обезбедени дополнителен број на паркинг места.Првичната најава на локланата беше дека ови емет аќе бидат наменeти за варошани кои  нема каде да ги паркираат автомоболите по одлуката МПЦ да го огради дворнот место околу  катедралната црква Св. Софија.  Лошата вест е што нема да се исполни првичното ветување на локалната дека овие паркинг места ќе бидат обележани и жителите ќе добијат  предност за паркирање.  Во меѓувреме  од Локалната самоуправа ретерираа, го промрнија...

Продолжи со читање

Охрид на прагот од новата туристичка сезона сеуште е без јавни тоалети

Post Views: 173 Охрид на прагот од  новата  туристичка сезона  сеуште е без јавни тоалети. Туристичкиот центар никако да  добие  современи јавни тоалети.  Градските влaсти со години наназад  не  го решават најосновниот комунален проблем на кој укажуваат и туристите и охриѓани. Стефан Каневче, туристички водич кој е секојденвно во конаткт со туристите, со жалење констатира дека тоалетите се последна грижа во туризмот. Недозволиво е да се запостави изградбата на вакви санитарни објекти  како што е сегашната ситуација на која паѓаме во туризмот, вели Каневче.„Прво што треба да се почне...

Продолжи со читање

Продолжува акцијата „Се грижиме за топол дом“

Post Views: 151 Со цел задоволување на потребите на граѓаните од земјава на кои им е потребна помош од покуќнина, мебел, бела техника, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и др, МТСП продолжува со акцијата „Се грижиме за топол дом“. Првиот човек на Регионалниот Центар за Социјални работи Екрем Каљоши, вели дека Министерството преку имплементирање на социјалните политики континуирано оди во насока да се намали социјалниот ризик кај корисниците во државата, а во исто време да превенира од евентуален ризик на социјално исклучување кај загрозените категории.„Првенствено...

Продолжи со читање

СДСМ: Советниците на ДПМНЕ дигнаа два прсти за урбанистичките планови кои ги критикуваа

Post Views: 164 СДСМ не е против урбанизацијата во градов, реагираат од оваа политичка партија после вчерашната седница на охридскиот совет. Координаторот на опозицијата проф. Јован Стојановски, јавно прашува која е разликата помеѓу новиот концепт на урбанизација кој што се спроведува сега и оној стар концепт на урбанизација за кој жестоко беше критикувана СДСМ и претходната локална власт.„За сите тие Урбанистички планови беше жестоко критикувана претходната власт, беа остварувани политички поени, се додека беа на опозиција на локално ниво, урбанизацијата за нив беше нецивилизациска...

Продолжи со читање

На пристаништето поставен споменикот Фаќач на крст

Post Views: 186 Споменикот Фаќач на крст осамна на пристаништето. Скулптурата е висока  3 метри и 10 см,  излеана во бронза и поставена на мермерен постамент висок 2 метри.  На едната страна во мермерот е исклесана песната Војордание, а на другата е Исус Христос опкружен со неговите  Апостоли.  Споменикот за Водици- Фаќач на крст,  го изработи скулпторот Ангел Коруновски.               Спомен обележјето за празникот Богојавление –  Водици е  донација од кумот на манифестацијата „ Водици 2012“,  сопственикот  на градежната компанија „Адора Инженеринг“,  проф. д- р Ванчо Чифлиганец.  Идејата ...

Продолжи со читање

На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти

Post Views: 168 На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид  ги  најави Министерката за култура  Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на  возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.„Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие  објекти  да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме , паралелно,...

Продолжи со читање

Уметничко шоу под отворено небо со Баскерфест

Post Views: 166 Љубителите на перформанси под отворено небо два дена ќе уживаат во  уличниот театар Баскерфест. Голтачи на пламен, музичари,  танцувачи, жонглери и останати уметници ќе ги покажат своите вештини и ќе ги анимираат посетителите. Ваков вид на забава  два дена ќе има на  на трите охридски плоштади како дел од уличниот театар Баскерфест.   Охриѓани и гостите  ќе имаат можност да ги проследат случувањата во сабота и недела од 19 часот па се доцните  вечерни часови. Организаторите на Баскерфест 2014 , за овој викенд во Охрид ветуваат добра забава со интересни и разновидни...

Продолжи со читање

Продолжуваат успесите на учениците од Методи Патче

Post Views: 202 Учениците од музичкото училиште Методи Патче нижат успеси. 7 – мина ученици освоија први и втори награди на државни и меѓународни натпревари. Во  Италија,  Дојран и Гевгелија се претставија со својот талент и музичка наобразба стекната под раководство на своите професори. Матеа Стоев заврши  3 година кај професорката Билјана Зафирова.  Матеа за искуството од музичкото  натпреварување  вели дека воопшто немала трема.„Пред една недела бев на меѓународен натпревар во Гевгелија и освоив прво место. Имаше комисија други земји , а исто така и натпреварувачи од Србија,...

Продолжи со читање

Незаштитени кабли потенцијална опасност за пешаците

Post Views: 169 Потенцијана опасност за пешаците од незаштитени  кабли во близина на  болницата. Станува збор за остатоци од некогашните семафори кои го регулираа сообраќајот на оваа крстосница.  Граѓаните кои секојденвно поминуваат покрај каблите укажуваат дека каблите не се санирани скоро  две години одкога е изграден кружниот тек. Од Фондот за комунален развој ветуваат дека ќе решат пропустот.„3-те екипи со кои располага градски гробишта се на терен и со крајни напори овозможивме да се одстранат висечките кабли на стари семафори кои го регулираа  сообраќајот на овој потег“, истакна...

Продолжи со читање