Автор: Валентина Неловска
Post Views: 211 Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска. „Потребата беше голема бидејќи имаше големо...
Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга
Post Views: 226 Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски. „Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со многу...
Ана Бландиана е четвртата жена лауретат на Струшките вечери на поезијата
Post Views: 233 Поетесата Ана Бландиана е четврта жена добитник на највисокото поетско признание на Струшките вечери на поезијата. Бландиана пред 15 години беше учесник на поетската манифестација со нејзината поезија, а овој пат заслужено и едногласно го доби признанието да биде годинешен лауреат, кажа Елизабета Шелева претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во богатата животна биографија на Бландиана таа била симбол и икона на бунтот, отпорот, непокорот против тоталитарниот режим во некогашна Романија. Бунтовниот и критички дух кој не замолчува пред неправдата таа го...
Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици и крајбржјето
Post Views: 237 Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици, крајбржјето, плажите и хотелските комплекси, информира Иван Клечкароски, директор на ЈП Комунално Струга. Екипите на претпријатието беа ангажирани во три смени, се работеше не само преку ден, туку и во ноќните часови. Навечер подигавме смет онаму каде што тоа не беше изводливо преку ден заради зголемената фрекфенција на сообраќај и пешаци, вели Клечкароски. Додава дека во овие денови, за разлика од зимските месеци подигаат три пати повеќе смет. Првиот човек на Комуналното ги отфрла обвинувањата дека...
Охрид ќе го враќа автентичниот изглед на објектите во Чаршијата
Post Views: 204 На Охридската чаршија ќе и се враќа автентичниот изглед. Ова е зацртано во проектните планови на Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа. Се планира продавниците и угостителските објекти да го вратат традиционалниот изглед на излозите од дрво или имитација на дрво. Станува збор за објекти на потегот од Света Софија, градскиот плоштад, чаршијата па се до вториот Чинар, напоменува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. Имаме направено целосна анализа во каква состојба е секој дуќан и објект во моментов, што е она што отскокнува од традиционалниот...
Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата
Post Views: 222 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам...
Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска
Post Views: 281 Викторија Чочорoска на музичката сцена се појави со прв видео запис на старата македонска народна песна „ Јаворе“. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната изработен од Дарио Јанковиќ и General film production. Станува збор за народна песна која започнала да ја пее на настапите во Литванија и Полска со КУД Вевчани и пејачката група Каданка. Случјанат срдба со композиторт Николче Мицевски прераснала во соработка од која резулата е песната Јаворе која го одсликува нејзиниот сензибилитет. „ Кога прв пат го слушнав аранжманот...
Ќе се реконструира охридската Гимназија
Post Views: 446 Тече постапка за реконструкција на охридската гимназија. Локалната самоуправа обезбеди средства во буџетот за внатрешно и надворешно уредување. Со градежните активности ќе се подобруваат работните услови и во овој средношколски образовен центар. Секторот за образование е посветен за реализација на овој проект, информира Димитар Спасески, појаснувајќи кои зафати се планираат со проектната документација за Гимназијата.Се предвидува промена на електричната инсталација, уредување на ѕидовите, подовите. Има проект за надворешно уредување на гимназијата. Изградба...
Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч
Post Views: 269 Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме нормално...
Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта
Post Views: 669 Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо.Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни одводни...
Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството
Post Views: 314 Лицата со посебни потреби сеуште се оставени на маргините на нашето опшетството. Во нашата земја има училишта и институции без соодветен пристап за лицата со попреченост, нема приспособени јавни тоалети и превоз, нема дневни центри за згрижување на лица со попреченост од сите категории, нема регистер на лица со попреченост и не се знае нивниот точен број, нема лични асистенти за социјални услуги. Ова се само дел од неповолните состојби пред кои се исправени семејствата и лицата со попреченост кога се одбележува 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби....
За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид
Post Views: 472 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани.Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните...