Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани се среќни луѓe

Post Views: 2 Денес светот го одбележува 20 март Mеѓународниот ден на среќата. ТВМ во случаен избор ги праша охриѓани дали се среќни луѓе и што ги прави среќни. Охриѓани велат дека нивниот извор на среќа е семејството. Покрај сите тешкотии му се радуваат на животот, семејството и внуците. Македонците, се најдоа на 92-то место во светот, во конкуренција на 155 држави, според Светскиот извештај за среќа за 2017 година на Обединетите Нации. Од земјите во регионот, посреќни од Македонија се Словенија (62 место), Србија (73), Хрватска (77), Косово (78), Црна Гора (83), Грција (87)...

Продолжи со читање

Охридските пчелари реагираат овоштарите употребуваат несоодветни хемиски препарати

Post Views: 3 Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури. Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари нема, вели Тони Јосифоски од здружението на...

Продолжи со читање

Во крајбрежниот појас кај Подмоље се опожарени 10 хектари со трска

Post Views: 1 Пожар опустоши 10 хектари со трска и ниско стеблеста вегетација на езерското крајбрежје во Подмоље. Пожарот бил пријавен во 10 часот и 40 мин на потегот помеѓу бензиската пумпа кај Макпетрол и Андон Дуков. 8 пожарникари со 3 противпожарни возила 3 часа ги гаснеа пламените јазици кои се засилуваа под влијание на северниот ветар. Пожарот е локализиран во 11.35 минути , а целосно ликвидиран во 13 часот и 40 минути, информира Горан Маркоски заменик командир на ТППЕ Охрид. „Во овој период од годината и во изминатите години сме имале намерно палење од несовесни луѓе...

Продолжи со читање

Хотелот во Лагадин ќе се гради, се е во согласност со законот тврдат од урбанизам

Post Views: 3 Правосилно е одбрението за градење на хотелскиот комплекс во Лагадин, тврдат од секторот за урбанизам и просторно планирање. За овој објект деновиве државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег. Од секторт за урбанзиам испратиле соодветен одговор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин. Лилјана Јоноска, претставник од секторот...

Продолжи со читање

Производителите на храна со слаби познавања од земјоделието

Post Views: 1 Пчелари, овоштари, рибопроизводители и претставници од бизнис секторот ќе разменуваат знаења и искуства за да се надминат слабостите и проблемите во агросекторот. Решавањето на проблемите ќе значи подбро и подоходовно производство и поголема заработка. На обуката која во таа насока ја организира земјоделската задруга Агро Фаланга во соработка со Сојузот на микрофинансиски  органзиациии и штедилниците, Можности, Хоризонти и Флум. Обуката е дел  проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“  е финансиран од УСАИД,  а го спроведува „Македонската развојна...

Продолжи со читање

Охридските советници при гласањето на одлуките се потпираат на доверба на предлагачот

Post Views: 0 Советникот Дејан Блажески од опозицијата во охридскиот совет, утре ќе побара на дневен ред да се стави барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упатено до Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во населбата Лагадин. Блажески за ТВМ кажа дек а опозицијата ќе побара локалата да постапи по барањето на државниот инспекторат и да се укине урбанистичко-планска документација донесена со општ акт за село Лагадин во 2015. Блажески, вели дека голем дел од одлуките на советот се гласаат само по партиско...

Продолжи со читање

Усвоен извештајот за работа на Собранието на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Post Views: 3 Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ја одржа 5-та седница на Собранието. Членовите на Собранието на дневен ред ја разгледуваа финансиската работа за 2016 година, напоменува претседателот на Собранието Димитар Спасески. „ Разгледана е работата и на Клубот на Здружението. Извештајот е исто така едногласно прифатен. Прифатен е извештајот за работа на Здружението и завршната сметка за 2016 година со предлог со финансиски план за 2017 година“, информира Спасески. Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца скоро 3 години работи со блокирана жиро сметка. Но,...

Продолжи со читање

Охридското здружение Мобилност не се откажува од плажа за инвалиди

Post Views: 1 Со примена на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет од ОН во земјава, не очекуваме 100 постотна примена на ратификуваните права, но ќе настојуваме да ги подобруваме и менуваме поважните сегементи во животот на лицата со инвалидитет, напоменува Венко Голабоски од ЗГ Мобилност, Охрид. Додава дека работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност на лицата со инвалидитет веќе неколку години со Локалниот акциски план. „Не е се, и не може да биде до крај реализирано, но од центаралното градско подрачје чекор по чекор ги правиме...

Продолжи со читање