Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Унеско ќе го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват

Post Views: 177 Охридско-Преспанскиот биосферен резерват на прагот пред заштита на Унеско. Стручната комисија на Унеско упатила препорака до меѓународниот комитет од оваа организација да се прогласи Македонско- Албанскиот дел на ова подрачје за биосферен резерват, информира Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.Тој ги открива адутите со кои  двете соседни држави ја добиле оваа препорака. „ Главни прашања кои беа наведени во номинационата форма и адути беа статусот на Охрид и Охридското езерото како подрачја од културно и природно наследство. Вредностите...

Продолжи со читање

Свечено отворенa Гимназијадата 2014

Post Views: 207  Свечено отворенa Гимназијадата 2014. Охрид е домаќин на  8-те спортски игри на средношколците од земјава. Спортските натпревари  започнаа под мотото „Учениците сакаат спорт, овозможете им го тоа“. Талентираните спортисти од средните училишта во престојните денови  имаат можност да ги одмерат своите сили во ракомет, фудбал, одбојка, атлетика. На свеченото отварање пред присутните се обратија секретарот на Локалната самоуправа Димитар  Спаески и претставникот од  Агенцијата за млади и спорт Марјан Давитков.  Давитков упати порака до  спортистите на ова натпреаврување...

Продолжи со читање

Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“

Post Views: 193 Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни.  „Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен,  детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина  деца...

Продолжи со читање

Вратите на црвен крст Охрид се отворени за сите

Post Views: 192 8 мај во светот се одбележува како меѓународен ден на Црвениот крст.  Сашо Точков, претседателот на ОО на ЦК вели дека во ова неизвесно време се убедени во движењето , значењето и принципите на нивната организација кои даваат потик да се истраат предизвиците на денешното време. Со голем број волонтери помагаат и се стремат да ја шират и развиваат хуманоста кај најмладите.  Вратите на општинската организација се отворени за сите волонтери и хумани луѓе кои сакаат да помогаат, но и за оние кои им е потребна помош, укажува Точков. Кажува  какви se потреби за помош има...

Продолжи со читање

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна

Post Views: 188 Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево,...

Продолжи со читање

Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд

Post Views: 174 Со најдолгото македонско  оро до Гинисов рекорд Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и  ќе почне  од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат.  Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат...

Продолжи со читање

Бродска линија Охрид – Струга возможна понуда за туристите

Post Views: 346   Воспоставување бродска линија на релација Охрид- Струга посакуваат охридските туристички работници. Додека се чека  меѓународната  бродска линија Охрид – Поградец нивна сугестија е што поскоро да профункционира сообраќајна линија и по воден пат помеѓу соседните градови.  Ова ќе биде одлична понуда за гостите  кои престојуваат во двата крајезерски града за разглед на туристичките знаменитости во двата града да патуваат со брод, вели Владо Суклоски туристички  работник и добар познавач на состојбите во туризмот. Според него, тоа финансиски  би чинело малку, а...

Продолжи со читање

Најсовремени медицински апарти за детското одделение донација на ротаријанците

Post Views: 184 Современа медицинска опрема ќе биде донирана за детското одделение во Општа болница. За потребите на најмладите пациенти ќе бидат набавени најсовремени  ехо и екг апарати, микроскоп, инфизиони пумпи. спирометри, пулсометар, отоскоп. Донацијата во висина од 60.000 долари е на Ротари Интернационал. Набаваката на опремата беше во координација со  педијатрите со кои дојдовме до заклучок што е потребно на ова одделение,  вели охридскиот педијатар и пас президент на Роротари клубот , д-р Никола Филев.  Со оваа опрема ќе се доближат стандардите на одделението до европските...

Продолжи со читање

1 Мај празникот на трудот помина без протести во Охрид

Post Views: 174 Први мај празникот на трудот помина без протести во Охрид. Попладнето по  расчистувањето на дождливите облаци охридската  чаршијата беше полна со луѓе и гости кои го празнуваа овој ден.  И познатото излетничко место во Синдикални по традиција беше полно со посетители. Слободниот ден граѓаните го поминаа во прошетка, а некои во кафеана. Недостуваа  само расчадените скари кои ги попречи врнежливото, променливо време.  Охриѓани поделени околу мислењето  зошто македонските работници не го креваат гласот за своите права.Едни се без одговор зошто нема протести,  други мислат...

Продолжи со читање

Охрид и љубезните луѓе ја заробија мојата душа, вели Сулејман Мулиќ од Тузла

Post Views: 166 Сулејман Мулиќ, професор од Тузла е  вљубеник во Охрид. Од неговите очи  блика искреност кога вели сум патувал насекаде во светот но ниедно место не ме освоило како вашиот град. Прекрасната околина, езерото,  но  најмногу од се гостопримството на луѓето. За кратко време тука веќе се спријателил со многу охриѓани.  Се нескриена радост ги набројува и останатите работи од кои е воодушевен, од музиката за која вели дека е најдобрата во светот, од виното,  храната.„ Го обожувам гравчето-тавче, тоа  е најубавото јадење подобро дури од прочуениот кавијар. Тука е селското...

Продолжи со читање

Дампинг цени за сместување, решение за повеќе гости во Охрид

Post Views: 185 Охрид се помалку  е посетен од домашните гости, а просекот од  реализирани две ноќевања на странските гости за минатата година, треба да се  аларм за преземање  решенија со кои треба да се надмине оваа појава, посочува Владо Суклоски долгогодишен туристички работник. Временските услови, како што беше случајот во периодот за  Велигденските празници, имаат  влијание врз намалената туристичка посетеност, но многу повеќе влијание имаат високите цени за ноќевање посебно пред сезона, напоменува Суклоски. „ Да се спуштат драстично цените во претсезона за да се направи база...

Продолжи со читање

Децата од градинката Развигорче учат за здравата храна

Post Views: 171 Преку песна, игра и декорирани трпези со најразлични видови овошје и зеленчук, децата од градинката Развигорче  упатија пораки за здравата храна. Во програмата, на која тема беше екологијата и здравата храна, учествуваа 130 деца од оваа предучилишна установа. Децата покажаа дека од мали нозе  учат  за значењето на здравата храна,  но и знаат што е здрава храна. Децата и нивните родители учествуваа во подготовката на овошните и зеленчуковите салати и останатите  видови изложена храна. Украсената трпеза е резултат на соработката на родителите со наставниот кадар од градинката,...

Продолжи со читање