Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охрид има потреба од современа театарска зграда

Post Views: 3 Охрид има потреба од изградба на театарска зграда каде што ќе функционира  Народниот театар. Зградата каде што сега функционираат охридските актери е изградена во 1952 година и не ги задоволува современите потреби и услови за работа, информира директорот на Центарот за култура и Народен  театар Горан Стојаноски.„ Нова зграда подразбира нова традиција и достоинство. Самата зграда не го прави театарот, но луѓето мора да дојдат во место каде што ќе се чувствуваат  пријатно. Со новата зграда се прави нова традиција во основа почит кон граѓаните. Може да дојдат на...

Продолжи со читање

Дебрчани најaвуваат блокади на регионалниот пат Охрид – Кичево

Post Views: 3 Жителите од општина Дебрца најавуваат протести на регионалниот пат Охрид Кичево. Тие повторно го кренаа гласот, но овој пат  против асфалтната  база за која  информираат дека подизведувачот  на автопатот почнал со градежни активности. Базата се гради на само 300 метри од  реката Сатеска, во близина на Белчишкото заштитено блато и  среде обработлива земјоделска површина.  Минатата пролет, во месец  мај,  дебрчани се побунија против изградбата на каменоломот  кој требаше да се гради покрај црквата Св. Кирил и Методиј. Тогаш изградбата беше стопирана од Државниот...

Продолжи со читање

Во Охрид отворен почесен конзулат на Република Унгаријa

Post Views: 3 Република Унгарија отвори почесен генерален конзулат во Охрид. Проф. д-р Марјан Бојаџиев е  именуваниот почесен унгaрски конзул во земјава. На свеченото отварање присуствуваа високи дипломатски претставници од двете земји. Успешна работа и плодна соработка на почесниот конзулат  посака охридскиот градоначалник Николa Бакрачески. „Рабоата на овој конзулат ќе придонeсе за искористување на унгарските искуства за приклучување на РМ кон евроатланските интеграции и ќе придонесе многу и за препознавање на Охрид како дестинација за унгарските  инвеститори и се разбира за...

Продолжи со читање

Загрижувачка е состојбата со охридската пастрмка, алармира претседателот на риболовното здружение Св.Апостол Петар

Post Views: 2 Состојбата со ендемичниот вид охридска пастрмка е повеќе од загрижувачка, тврди   Радован Димитриески, претседател  на риболовното здружение Св.Апостол Петар. Од сознанијата кои ги имаме од терен за да се врати рибниот фонд во Охридското Езеро се потребни најмногу 40 години, уверува Димитриески. За жал, истребување и се заканува и на белвицата, а за неа ќе требаат 60 години за да се врати во нормала, додава  Димитриески.„Ние сме против вештачкиот мрест. 20 години наназад  се врши вештачки мрест, се порибува езерото со 2 милиони рипчиња. Но, за жал, се помалку има...

Продолжи со читање

Традиционалната крводарителна акција за Водици успешна

Post Views: 3 Успешно реализирана  традицоналната крводрителна акција Водици прва во оваа година. Одзивот на крводарителите беше голем, напоменува Анета Јованоска од ОО ЦК Охрид.  До 13 часот беа собарани 90 крвни единици, а до завршување на акцијата до 15 часот се очекува оваа бројка да биде многу поголема, напоменува Анета Јованоска ОО ЦК Охрид„ Најголем број на денешните крводарители се традиционални крводарувачи на овој ден. Знаат и си го чекаат моментот да го  исполнат своето хумано дело“, вели Јованоска.  На денешната акција  за прв пат даруваа крв  волонтери  од  Клубот...

Продолжи со читање

Верниците утринава ги исполнија охридските храмови за Богојавление

Post Views: 2 Бог се јави, вистина се јави. Со овие зборови  православните христијани  се поздравуваат на денешниот  голем  празник Богојавление Водици. Сите парохиски цркви од изутринава беа исполнети со верници кои присуствуваа на служењето света божествена литургија.  За сите нив празникот Богојавлениe има големо значење, а сите  посакуваат радост, среќа и берикет.На Богојавление Спасителот  Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. За време на крштевањето  Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Додека Христос излегувал...

Продолжи со читање

Од денес започнува дезинфекцијатa на автобусите

Post Views: 1 Автобусите кои  вршат јавен превоз на патници од денес треба  темелно да се  дезинфецираат. Дезинфекција  на јавниот транспорт е  препораката на Комсијата за заразни болести со цел да се спречи понатамошнoто ширење на грипот. Ваква препорака за дезинфекција на јавниот транспорт до превозниците во земјава се издава за прв пат.  ТВМ ги контактираше  приватните автобуски компании кои вршат јавен превоз во Охрид  што преземаат во таа насока.  Од АД Галеб  информираа дека веќе се мобилизирале и  до крајот на неделата ќе преземат активности за да ги дезинфицираат ...

Продолжи со читање

На охридските ловни терени се поглем е бројот на дивата свиња и срната

Post Views: 3     Во тек е ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, срна, волк и лисица.  Охридските ловци задоволни од текот на ловната сезона.  Дивата свиња се враќа на  ловечките терени во охридско, напоменува ловникот Зоран Целакоски од концесионерот Зружение на ловци Охрид. Ловците ги почитуваат законски дозволените квоти за отстрел на крупниот дивеч.    „Оваа 2017 година тековната ловна сезона за дивата свиња е 1 октомври до 31 јануари. Треба да отстреламе 56 диви свињи. Према евиденцијата на секој ловец кој отстрелал дива свиња треба да му издадеме потврда за...

Продолжи со читање