Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Арбитри и помирувачи ќе посредуваат при решавање на споровите од работни односи

Post Views: 1 За решавање на работничките спорови во случај на кршење на нивните права, синдикатот го промовира Законот за мирно решавање на работните спорови.  Целта  е избегнување на  судските трошоци за работниците кои често пати и не можат да си го дозволат, напоменува претседателот на синдикатот Драган Цветкоски.  „По писмено барање од една или двете страни  се назначува определен помирувач или арбитер. Има колективни работни спорови  и индивидуални. Во зависност од тоа дали станува збор за колективни се назначува помирувач, а за индивидуалните спорови арбитер. Тие...

Продолжи со читање

Бадник во охридско се прославувал на поинаков начин од денес

Post Views: 2 86 годишниот Стојан Стојаноски од Охрид, а  по потекло од блиското село Орман не потсетува како во минатото во охридско се празнувала Бадниковата вечер со која се најавува Христовото рождество. Стојаноски раскажува  дека  раѓањето на Исус Христос во нивното село, по препорака на некогашниот поп Наум Маленков, се одбележувало без палење на големи огнови, веселби, пијачки  и дабови  дрвца. На Бадник домовите се запотнувале со смрекови  гранчиња и се палеле помали огнови сред село, исто така од смрека.  „Порано Бадник се одбележуваше поинаку.  Децата одеа не коледе...

Продолжи со читање

Патните правци во Охрид и охридско се проодни

Post Views: 4 Проодни се сите патни правци во Охрид и охридско по првите снежни врнежи. Снегот кој наврна  синоќа достигна висина околу 20 цм. Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, информира  Митко Темелкоски од регионалниот  Центар  за управување со кризи.  „На ниеден патен правец локален и  магистрален нема прекин во сообраќајот. Нормално на планинските превои на Буково и Пресека има забрана за движење на тешки моторни возила. Екипите за зимско одржување како што се Охридски комуналец и другите избрани оператори навреме излегоа на сите патни правци, ги расчистија ...

Продолжи со читање

Хотелиерите годинава се надеваат на плодна туристичка сезона

Post Views: 2 Хотелиерите на охридско струшката ривиера се оптимисти за претстојната туристичка сезона. И годинава се очекува холандските и турските гости, кои во минатиот период беа најбројни гости на крајбрежјето, да го задржат трендот. Холанѓаните имаат остварено  најмногу ноќевања, а турските гости  резлирале најголема  посетеност со кружните балкански  тури, вели претседателот на Хотам Крсте Блажески. Засега, хотелиерите се задоволни од тоа како тече продажбата на туристичките аранжмани во Холандија.„Имаме склучено договри за 2017 година и може да се пофалиме дека  има...

Продолжи со читање

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот 22-ри Декември

Post Views: 4 Со училишен саем на секции, спортски активности и хуманитарна аукција, се одбележа 22-ри Декември патронатот на основното училиште „Кочо Рацин“. Учениците продаваа колачи и пецива со цел да соберат што повеќе парични средства кои ќе имаат  хумана цел. Аукцијата се одржа на иницијатива на Советот на родители од училишетето, а беше поддржана од наставничкиот колктив на училишетето напоменува Горан Велјаноски, претседател на Советот на родители.„ Овој настан е хуманитарен и собраните средства ќе се донираат во две семејства – за лекување на  еден поранешен...

Продолжи со читање

Лекарите дефицитарен кадар во охридското здравство

Post Views: 3 Потребата од дипломирани лекари и специјалисти во здравствените институции не ја одминува ни општина Охрид.  Во моментов во охридската Агенција за вработување чекаат 9 мина дипломирани лекари. Поголемиот број од нив се волонтерски ангажирани или обавуваат специјализации, информираат од Центарот за вработување. Доктор Љубен Арнаудов, доскорешен  директор на Општата болница Охрид, пред напуштање на оваа позиција по изборот за пратеник во Собранието,  информира дека во моментов на различни оддели во болницата недостасуваат најмалку  25мина лекари. Болницата во...

Продолжи со читање

Изложени уметнички дела на учениците од охридската гимназија

Post Views: 1 Учениците од гимназијата Св „Климент Охридски“ ја заокружија 2016 година со уметничка изложба. Изложбата беше со тематски карактер во знакот на Нова година. Беа изложени голем број дела преку кој учениците го покажаа својот уметнички талент. Емилија Прентоска ученик во 3 клас е една од  ученици од сите 4 години  кои ја презентираа својата вештина и уметничката наклоност.„Најмногу од се обрнав внимание на накитот. Интересно ми е  да го работам и имам најмногу волја за негова изработка“, кажува Прентоска.  Професорката Катерина Слатиноска организатор на денешната...

Продолжи со читање

Работодавачите се почесто ги кршат работничките права

Post Views: 1 Работниците како последна можност во заштитата на нивните синдикални права бараат помош од синдикатот. 16 работници побарале заштита на работничките  права преку Регионалното претставништво на синдикатот во Охрид. Во моментов општинскиот синдикат на ССМ има поднесено  16 приговори, 7 тужбени барања, 4 жалби, 5 пресуди до јавно обвинителство и 6 управни постапки по различни правни основи, информира Драган Цветкоски од регионалното  претставништо на ССМ. „Претежно се однесуваат за неисплатени плати, синдикални права, прекувремена работа. Има доста организации каде...

Продолжи со читање