Автор: Валентина Неловска
Post Views: 315 Охридските трговци се дисциплинирани и не работат во недела. Контролите на државниот трудов инспекторат покажале дека охридските трговци го почитуваат новиот Закон за работни односи. Пријави за прекршоци на законот за неработна недела нема и во кол центарот на инспекторатот каде што може да се дојавуваат вакви неправилности.Нема затекнати прекршувања ни од одредбите на законот за трговија кој што се однесуваат на трговците на мало кои тргуваат со прехранбена стока во нашиот реон, а се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Цветко Ристески, раководител...
Обележaн паркинг пред школo блокада за влез на возилата за брза интервенција
Post Views: 409 Влезот во школото „Братство Единство“ на ул. 7-ми ноември е непристапен за возилата на Противпожарна и Брза помош. Обележан паркинг простор на кој се паркираат возила го попречуваат приодот во случај на брзи интервенции, информира Џемал Мехмед, директор на ОУ „Братство Единство“. Директорот бара решавање на овој проблем кој не е нов.Три паркинг места треба да се избришат за да се отвори вратата. Не е голем проблем, решлив е проблемот но треба плански, документирано тоа да се регулира. Коректно е да биде регулирано, лесно решливо е на терен иако има бирократски...
Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата
Post Views: 237 Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија. „И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање...
Мисијата на Унеско се сретна со невладиниот сектор
Post Views: 228 Невладиниот сектор вчера одржа средба со претставници на Мониторинг комисијата од Унеско. Тие ги искажале ставовите и забелешките во однос на заштита на културното и природното наследство во регионот. И понатаму останува неизвесно дали Охрид ќе остане под Унеско или ќе се најде на листата на загрозени културни наследства, што е чекор до бришење од листата на Унеско, вели Драгана Велковска од Здруженито „Еден“ по одржаната средба. Оваа дилема ќе се разјасни по 8 недели кога Реактивната Комисија на Унеско треба да подготви извештај со информации и забелешки кои ги...
Општина Охрид планира подобрување на енергетската ефикасност на три основни училишта
Post Views: 335 Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите.Христо Узунов Реконструкција...
Нема интерес за регистрација во струшката комора на занаетчии
Post Views: 236 Во струшката комора на занаетчии досега нема интерес за нови регистрации. Струшката чаршија која некогаш важела за една од најразвиените со многу разновидни занаетчиски дејности денес полека изумира. Денес, во чаршијата скоро и да нема занаетчиски дуќан. Мустафа Селами, занаетчија слаткар и доскорешен претседател на струшката занаетчиска комора, цели 5 децении бил занаетчија, а од пред еден месец е во пензија. Поранешниот слаткар добро ги познава состојбите во занаетчиството во струшката чаршија. Од почетокот на годинава досега нема ниедна пријава, а има 2 -ца одјавени...
Започнува научно испитување на Белчишкото блато
Post Views: 338 Научници од Хидробиолошкиот институт ќе започнат проект со кој ќе се истражува Белчишкото блато. Овој екосистем во општина Дебрца е остаток од некогашното Десаретско езеро и се простира на површина од 130 хектари. За првпат ќе бидат вршени опсежни остеолошки, морфолошки и еколошки истражувања на рибната популација. Целта е да се утврди каква е состојбата со рибите во Белчишкото блато, поврзаноста на видовите риби кои живеат во блатото со оние кои егзистираат во поблиските и подалечните екосистеми, информира д-р Орхидеја Тасеска, директорка на хидробиолошки институт.Активностите...
Стружани револтирани што по секој снег се јавуваат истите проблеми
Post Views: 206 Снежните врнежи во струшко-дримколкиот регион направија хаос. Паднати бандери и кабли, а и дрва го попречија норманлото движење во сообраќајот. Граѓаните синоќа беа и без струја. Без напојување беа Струга, Вевчани и планинските села од Малесија, но и во селата Делогожда, Мислоежда,Татеши. Во Струга секна и градската водоводна мрежа, а вода за пиење немаше се до попладневните часови. Стружани се револтирани од тоа што еден снежен зимски ден го парализира нормалниот живот на граѓаните. Од општина Струга информират дка ЈП Комунално и Проква биле вклучени во расчистување...
Македонската гранична полиција доби 16 нови возила
Post Views: 197 Во полициската станица во Струга беа врачени 16 полицски возила донација за македонската гранична полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја прими донацијата од Марко Акватичи заменик амбасадор на СР Германија во земјава. При тоа изрази благодарност за цврстото партнерство кое Македонија го има во СР Германија посебно на патот кон НАТО и ЕУ. „Од 1992 година до денес се реализирани многу заеднички проекти и со Сојузното министерство за внатрешани работи и со покраинските полиции тоа покажува дека македонската полиција и колегите од Германија имаат...
Македонската гранична полиција доби 16 нови возила
Post Views: 236 Во полициската станица во Струга беа врачени 16 полицски возила донација за македонската гранична полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја прими донацијата од Марко Акватичи заменик амбасадор на СР Германија во земјава. При тоа изрази благодарност за цврстото партнерство кое Македонија го има во СР Германија посебно на патот кон НАТО и ЕУ. „Од 1992 година до денес се реализирани многу заеднички проекти и со Сојузното министерство за внатрешани работи и со покраинските полиции тоа покажува дека македонската полиција и колегите од Германија имаат...
Стружани и гостите ќе ја дочекаат Нова година без организиран дочек на отворено
Post Views: 215 Стружани и туристите кои ќе престојуваат на ривиерата и оваа година ќе ја дочекаат новата година во сопствена организација. Најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаат во домовите, во хотелите и рестораните. Градот нема да организира дочек на отворено. Струшкиот градоначалник Размиз Мерко вели дека тоа пред се се должи на пролонгираните локални избори. „Нема време. Пред месец дена Советот ги изгласа одлуките за пречек на новата година и нема доволно време добро да се организира. Но битно е закитувањето на градот за да внесе позитивна атмосфера“, напоменува Мерко. Градоначалникот...
Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник
Post Views: 204 Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори. „ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко. Противкандидатот за градоначалник...