Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Сите медицински сестри од ковид центрите се прогласени за хероини во бело на годинешното одбележување на неделата на сестринството. Тие се наоѓаа во првите борбени редови против пандемијата повеќе од две години. На одбележување на овој датум Здруженијата на медицински сестри,акушерки и техничари имаа средба со министерот за здравство, професори и доктори кои упатија благодарност за придонесот на овој кадар во пандемиската борба. Сестрите од Општа болница Охрид, како регионален ковид центар, добија благодарница за нивната пожртвувана работа, информира Јулија...
Почна заловување кучиња скитници во Охрид
Post Views: 6 Избрана ветеринарна амбуланта за хуман третман на кучињата скитници во општина Охрид. Најповолна понуда дала демирхисарска амбуланта од четирите ветеринарни амбуланти пријавени на тендерското надавање. Еден месец се работи на терен, се заловуваат бездомни кучиња за кои ЈП ќе исплаќа по 3.906 денари по третман за едно куче скитник, информира Сашо Најдески, директорот на ЈП Охридски Комуналец.„До денес има заловени 20 до 30 кучиња сктиници. Дел од нив повторно се вратени на заловените подрачја по укажаниот целосен хуман третман. Ќе продолжиме и понатака...
Сообраќајната култура на ниско ниво
Post Views: 6 Сообраќајниот хаос го прават сите учесници во него, а не само возачите на моторни возила, смета Соња Шикалоска, сообраќаен инжињер и инструктор. Сите учесници се одликуваат со некој вид низок степен на култура во сообраќајот. Секојдневно, сме сведоци на ситуации кога доаѓа до израз сообраќајната некултура. Таа се гледа во непочитување на предност на минување на пешаците на пешачките премини, узурпирање од возила на тротоарите, пешачките и велосипедските патеки, недржење доволно растојание од велосипедистите, нетрпелив однос кон постарите и изнемоштените лица,...
Програма за заштита на охридските потрошувачи
Post Views: 10 Македонската Организација и охридскиот Совет ја подготвуваат Програмата за заштита на потрошувачите. Се изработува програма со компаративна анализа на програмите од Европската унија, од Влада и од градовите Скопје и Битола усогласени со посебностите на Охрид, информира Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ. Во работата учествуваат покрај ОПМ и претставници од Советот на општина Охрид и ОП, од невладиниот сектор, инспекциските органи и од Стопанската комора на мал бизнис. Заеднички се прават напори да се изработи Програма која ќе заживее, ќе има фискални...
Жените фармери имаат пристап до грант
Post Views: 2 Жените земјоделци и фармери имаат пристап до финансиски средства. Со неповратен грант од Програмата за финансиска поддршка на жените фармери се добива поволна можност за унапредување на земјоделските стопанства. Со грант во висина од 6000 евра, жените ќе може да набават опрема за преработка на зеленчукови, овошни и млечни производи, информира Билјана Ѓорчева, в.д ракводител на регионалното одделение за Југозападниот регион на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието.Со мерката се предвидува преработка и доработка на примарни земјоделски производи....
Пензионерите чувари на традицијата
Post Views: 5 Здружението на пензионер од Охрид и Дебрца е домаќин на јубилејната ревија на песни и ора на пензионерите од осмиот регион. По пауза од две години, пензионерите, повторно се сретнаа на дружба во Охрид. Две децении по ред со музика и песна го чуваат од заборав македонскиот фолклор пензионерските културно- уметнички друштва од повеќе градови од регионов, како што се Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Кичево, Гостивар и Дебар. Музиката не зближува и во овие години од животот, активни сме и со нашата дејност сакаме да оставиме белег за младите генерации, порача Горѓи...
Реконструкцијата на „Просветители“ ги секна славините
Post Views: 2 Водоснабдувањето се одвива нормално во Охрид. Периодични прекини во градската мрежа се јавуваат во реони каде што се одвиваат градежни зафати, a за кои граѓаните добиваат претходни најави или каде што се појавуваат дефекти, вели Марјан Ристески, директор на ЈП Водовод. Моментално, во прекин е водоснабдувањето во централното градско подрачје, заради изведба на третата фаза од реконструкцијата на ул.„Македонски Просветители“. На тој потег, екипите на ЈП работат на поставување нови шибери, со што значително ќе се подобри регулацијата и водоснабдувањето во централното...
Обелоденето делото на Лев Огненов
Post Views: 13 Објавена книга за животот и делото на врвниот охридски интелектуалец Лев Огненов. Проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески се автори на делото за една значајна, а подзаборавена личност од нашата историја. Лев Огненов бил врвен интелектуалец кој оставил неизбришливи траги во историјата. Покрај тоа што бил општествн работник и револуционер, бил и секретар на Митрополијата, инспектор по образование, полиглот, писател, соработник на револуционерите Христо Узунов и Методи Патчев, поддржувач на идеите на Гоце Делчев, раскажува историчарот Проф.д-р Павле...