Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

ОО Црвен крст успешно ја заврши годината на заминување

Post Views: 2 Охридскиот црвен крст успешно ја заврши 2016 година. Реализацијата на бројни проекти е благодарение на мрежата од над 1000 волонтери во ЦК, вработените, медиумите и граѓаните , подвлекува претседателот  Сашо Точков.„Бројни хуманитарни активности, собирни акции со кои граѓаните  и туристите ја покажаа својата хуманост и придонесоа да се спасат голем број животи. Апелирам секој од нас да го пронајде волонтерот во себе и хуманоста која лежи во секого и секој да  најде начин како да помогне. Ние сме само една од организациите кои помагаат на оние на кои им треба...

Продолжи со читање

Бројот на грипозни во Охрид секојдневно расте

Post Views: 1 Расте бројот на заболените од грип и во Охрид. Пикот на грипот вообичаено започнува пред Нова година, информираат од одделението за инфективни болести. Од таму засега немаат број колку лица се лекуваат од грип, а не е изолиран ни типот на вирус кој циркулира. Издаден им е налог за земање на  брисеви кои се дaваат на испитување во Центарот за јавно здравје кој треба да го изолира типот на вирус кој напаѓа. Во Македoнија пак преку системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. Комисијата...

Продолжи со читање

Водостојот на Охридското езеро се намалува

Post Views: 1 Нивото на Охридското езеро се намалува. Во моментов  водостојот на Охридското езеро е намален и изнесува 3 см на водомерната летва со тенденција на намалување. Состојбата се должи на временските прилики и недостатокот од врнежи во месец ноември и декември, информираат од одделението за водостој при  Управата за хидрометереолошки работи. Во ноември се забележани 76 м2 дожд кој е под просек за периодот од 1982 до 1990 година кој изнесувал 94 литри на м2, посочува раководителот на одделението за водостој на површински м-р Васко Стојoв.„Во месецот кој изминува на...

Продолжи со читање

ЕМУЦ Св.Наум Охридски одбележа 5 децении постоење

Post Views: 2 Јубилеј 50 години од постоењето одбележаа вработените од  ЕМУЦ Св. Наум Охридски. 5 децении исполнети со многу вложен труд, истрајност и посветеност во работата, напоменува директорот на центарот Јане Цаноски. Сите овие години на предизвици и промени овој центар достоинствено истраа и прерасна во обарзовен репрезент на општина Охрид. Цели 5 децении ЕМУЦ подготвува кадри од електротехничката, машинската, сообраќајната струка и личните услуги за потребите на стопанството и високо школските установи. „Денес прерасна во регионален центар кој ги следи современите...

Продолжи со читање

Хотелиерите очекуваат надминување на политичката криза во земјава

Post Views: 1 Хотелиерите од охридското крајбрежје очекуваат надминување на политичката криза во земјава и успешна зимска туристичка сезона. Политичките случувања секогаш имаат огромно влијание врз туристичкиот сектор. Од политичката клима зависи и успешноста на зимската сезона која почнува со новогодишните  празници, вели претседателот на Хотам, Крсте Блажески.  „Треба да дојде разум. Одиме од крајност во крајност со збиднувањата, но очекуваме дека мора да дојде резултат. Тоа е последно нема каде  да се оди. Мислам дното е поминато и мора да се оди напред  зборувам за...

Продолжи со читање

На ФТУ доделени пет стипендии на студенти од групата осигурување

Post Views: 0 Петмина студенти од ФТУ на групата осигурување се здобија со стипендии во висина од 200 евра. Студентите се на втора година осигурување во државна квота, и се со висок просек. Од името на студентите се заблагодари студентот Петар Упевчески.„Ни овозможија и не стимулираа во натамошното студирање. Максимално ќе ја оправдаме дадената  доверба со надеж дека еден ден активно ќе се вклучиме во реалниот сектор во областа на осигурувањето“, истакна Упевчески.  Стипендиите ги доделува осигурителната компанија „Еуросиг“ од Албанија. Покрај овие пет стипендии од оваа...

Продолжи со читање

Неподнослив мирис на хемикалија се шири по канализацијата во становите на улица Партизанска

Post Views: 0 Станарите од блокот згради на улица Партизанска со  пресекот на улицата Асном реагираат дека се шири неподнослив мирис од хемикалија.  Неколку дена во становите по цевките на канализацијата вдишуваат мирис кој се шири во бранови од хемикалија која не може точно да ја дефинираат. Нагаѓаат дали станува збор за мирис на боја, разредувач или бензин. Како што велат пријавиле до надлежните служби затоа што стравуваат за сопственото и здравјето на семејствата. Се прашуваат на што  се должи таа миризба и дали е опасна по здравјето.  Жителите од блокот згради кои со овој...

Продолжи со читање

Во охридските ресторани се прават завршните подготовки за дочекот на Новата година

Post Views: 1 идските  угостители ги прават последните подготовки за претстојните празници и Новогодишната ноќ. На десетина дена до истекот на годината рестораните се подготвуваат за пречек на гостите со избор на новогодишното мени и музичките  групи. Тие  ќе се погрижат гостите да имаат незаборавна забава со добра храна и пијалок при тоа  зачинети и со добра музика. За незаборавен дочек на 2017 година се погрижија и од ресторанот Лихнидос со внимателно избрано мени.  „Имаме склоп на околности кои јадења се повеќе барани што да понудиме од она што најмногу ни се троши....

Продолжи со читање