Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца

Post Views: 225 Во општина Дебрца наскоро ќе стартува со работа рудник за ископ на манган.  Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани.  Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда за Скопска железара, информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во наредниот период ископот на руда ќе се зголеми за 4 пати повеќе од првата година, додава Трајкоски.  „ Во моментов работиме на отварање на рудник во Стогово кој ќе значи многу и за општината и за населението. Ќе се отвараат нови работни места со кои ќе...

Продолжи со читање

Хотам воведува попусти на туристичките аранжмани за српски туристи

Post Views: 217 Во престојната летна сезона Хотам најавува попусти на туристичките аранжмани за Српските туристи кои ќе летуваат на нашето крајбрежје. Од почетокот на сезоната па се до крајот на годината ќе има намалување на цените на туриситичките аранжмани од 10 до 20 проценти. Оваа најава е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за членките на Независната угостителска комора, информира Крсте Блажески, претседател на Хотам. Во таа насока, откако премиерот спомна бесплатна патарина за гостите...

Продолжи со читање

Во Охрид почна отстранувањето на времените објекти

Post Views: 143 Започна отстранувањето на дел од 107- те времени објекти во Охрид. Сопствениците на овие објекти од 2006 година не ги подмирувале обврските кон државата која била сопственик на земјиштето до 2012 година каде што тие се поставени. Од август 2012 ингеренциите врз  земјиштето ги презема Локалната самоуправа. „ Нашите служби извршија скенирање на состојбите на терен и утврдија кои од нив треба да се отстранат, бидејќи не се во согласност со урбанистичките решенија и планови кои треба да се донесат, а при тоа го нарушуваат и амбиентот и функционалноста на просторот. Оние...

Продолжи со читање

Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење

Post Views: 181 Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима  децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни училишта ...

Продолжи со читање

Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава

Post Views: 160 Охридските велосипедисти од „Екодром“ најуспешни во земјава. На  ранг листите  на македонскиот велосипедизам „Екодром“ е најуспешен во планински велосипедизам, четврт во друмскиот и шести во велокрос. Во планинскиот  велосипедизам екодромци освоија златни пехари во сите категории. Севкупно се освоени  8 пахари, 5 златни, 1 сребрен  и 2 бронзени. Во планински велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци,  во категоријата У23 злато освои Христијан Николовски. Во јуниори злато за Јован Јованоски и кадети...

Продолжи со читање

Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села

Post Views: 186 Општина Дебрца ќе  урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација.  Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те  милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот ...

Продолжи со читање

Фармерите да ги подмират давачките кон државата па да бараат субвенции

Post Views: 169 Фармерите прво да ги исплатат обврските кон државата па дури потоа да  поднесуваат барања за субвенции. Оваа обврска важи и за охридските фармери. Мора да ги   подмират давачките кон ресорното министерство и агенциите за земјоделие, водните заедници и претпријатието за јавни  пасишта.  Досега охридските фармери не плаќаа пашарина за користење на државното земјиште, но сега ќе мора да плаќаат за испаша на добитокот. Пашарината изнесува  50 денари годишно по грло за ситниот и крупниот добиток. Фармерите кои одгледуваат ситен и крупен добиток за сите информации може да...

Продолжи со читање

Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години

Post Views: 175 Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години. Јавното изложување на златните археолошки екпонати од охридските локалитети се одлага иако  е подготвено техничкото обезбедување. Сепак по  безброј одлагања нејзиното отварање се највува за годинава.  Презентирањето на досега пронајдените златни екпонати на охридските археолошки локалитети зависеше од печатењето на каталогот кој требаше да го изработи археологот Паско Кузман.  Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска тврди дека златните експонати оваа година конечно ќе излезат...

Продолжи со читање

Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Post Views: 183 Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од  Охридското Езеро.“ Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот  за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014. На конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се  научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско стопанство,...

Продолжи со читање

Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача

Post Views: 187 За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени  ученици од средното угостителско училиште Ванчо  Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е  еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата.„ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...

Продолжи со читање

Почна имунизацијата со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“

Post Views: 203 Почна вакцинацијата за македонските граѓани со руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“. Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пунктови во салата Борис Трајкоски. Вакцината ќе биде дадена на околу 3.000 граѓани на закажани термини. Опфатени се вработени кои имаат голем број на контакти на работните места, но и согласно возраста на лицата и евентуални коморбидитети и хронични болести. Меѓу лицата од професии со зголемен број на контакти се вработените во МВР, Армијата, новинари,пожарникари,...

Продолжи со читање

Седум охридски села се снабдуваат со нехлорирана вода од селските водоводи

Post Views: 304 Без решение е проблемот со водоснабдувањето во повеќе охридски села. Жителите пијат нехлорирана и неисправна вода со децении, а трајно решение нема. Жителите или не ги препуштаа водоводите на Јавното претпријатие да стопанисува со водоводите изградени од месното население или пак ЈП немаат економска исплатливост да ги одржуваат. Последниот извештај за квалитетот на водата од ЦЈЗ покажува дека и понатака нема резидуален хлор во водоводот на седум села меѓу кои и во селото Куратица. Месната заедница од ова село, со години бара решение за овој проблем, а од 2018 побарале...

Продолжи со читање