Автор: Валентина Неловска
Post Views: 350 Статистиката покажува дека бројот на лица и деца со аутизам е во пораст и кај нас и во светот. Денес се одбележува Светскиот ден за свесност за аутизмот. Причините за аутизмот и понатака се непознати и зависат од многу фактори, вели Ангела Чингоска, специјален едукатор и рехабилитатор од Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Во нашата средина се прават позитивни промени во грижата и односот кон лицата со аутизам, но со бавно темпо. Поголеми промени се случија со отворање на нашиот Центар за сензорна терапија каде што многу родители побараа надеж за своите деца....
Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно
Post Views: 305 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот, д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди.„Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати. Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...
Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица
Post Views: 187 Акцијата на едниницата за спасување и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со еден мртов и тројца спасени албански државјани. Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид.„ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата...
„ Децата за Дедо мраз“ претстава за најмалите охриѓанчиња
Post Views: 192 Младите актери аматери од детското драмско студио „Мулти култи“ ќе ја даваат претставата „Децата за Дедо Мраз.“ Ерол, Сара, Марија и Леонид се дел од малата група на драмското студио. Тие еден месец интензивно ја подготвувале претствата наменета за најмладите и за нивните врсници. Сите ветуваат добра забава и многу смеа за посетителите на претставата. Режисер на претставата „ Децата за Дедо Мраз“ е Ташко Лаброски. Во подготовка и реализација учествувале 10 деца членови на аматерското драмско студио. Покрај ова група на најмали аматери, учествуваат и Давор, Илјаз,...
Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад
Post Views: 264 Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти или нема интерес за останатите пет штандови. Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште еден...
Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот
Post Views: 173 Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1, напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска.„ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната едукација како на нив така и на нивните родителите.“ Здружението остварува разни активности и има потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот проблем. ...
Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“
Post Views: 241 Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната...
Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните
Post Views: 266 Управата за водење на матични книги денес оствари отворен ден со граѓаните и вработените. Директорот на управата, Ашим Зеќироски напоменува дека преку овие контакти може да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и ќе побараат соодветни решенија за нив. Зеќироски, во нивната работа ги наведува како најчести проблемите поврзани со новороденчињата родени надвор од породилиштата, како и децата родени во странство.„ Како најчести проблеми во Управата за водење на матичните книги се појавата на дополнителни уписи на деца родени во домашни услови и дополнителните...
ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот
Post Views: 242 Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На...
Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца
Post Views: 171 Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски, директор на Јавното комунално претпријатие Дебрца, информира дека се преземени активности за решавaње на проблемот со водоводот во село Требеништа кој е под нивна надлежност. „Во Требеништа водоводот е во сопственост на ЈКП и имаше бактериолошка неисправност на водоводната мрежа. Во саботата направивме...
Во Охрид зголемен бројот на сообраќајните несреќи, младите се едуцираат
Post Views: 289 Годината која изминува на територијата на општина Охрид ќе биде запаметена како година во која има пораст на сообраќајни несреќи. За да се намали ваквиот црн тренд на сообраќајки со тешки последици по животот на учесниците во сообраќајот се презема едукативна кампања која започнува од средните училишта. Кампањата ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а претседателот на овој совет Цане Георгиески ги наведува најчестите причини за несреќите.„ Факторите брзина на движење, влијанието на алкохолот и наркотиците, како основни според анализите. Но,...
ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето
Post Views: 755 Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите...