Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Тројца студенти од ФТУ од одделот гастрономија се добитници на 9 медалји и Гран при награда на Меѓународен натпревар по гастрономија во Истанбул. Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски со своите готвачки вештини го освоија жирито со подготвените специјалитети и декорации. Вредните шефови се задоволни од својата презентација во подготвување и сервирање храна на овој престижен меѓународен натпревар кој им отвора нови можности. Се надеваме дека ќе завршиме во некој од најдобрите ресторани тука или странство – истакна Христијан...
Оштетени и испревртени сообраќајни знаци на охридските улици
Post Views: 21 Оштетена и испревртена сообраќајна сигнализација е се почеста слика низ охридските улици. Ова се случува во летната сезона кога во градот има домашни и странски гости кои дошле на летување со сопствени возила. Возачите наидуваат на крстосници каде што се збунети од обоените, излепени или испревртени сообраќајни знаци. Во таквите ситуации се доведуваат во опасност себе си и останатите учесници во сообраќајот, а се покажува и нашето ниво на сообраќајна култура, напоменува за овие состојби дипломиран сообраќаен инженер, Соња Шикалоска. Се е намерно и не е...
Пред охридската пошта поставен информативен центар во форма на едрилица
Post Views: 2 Информативен центар во облик на стилизирана едрилица е поставен пред охридската пошта. Во овој центар туристите ќе добиваат различни информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Објектот сеуште не е завршен, а се очекува во текот на утрешниот ден да биде поставено едрото, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој кажува и зошто ја избрале токму локацијата пред пошта.„ Се определивме за оваа локација затоа што од искуствата од минатото видовеме дека посетноста на информативните центр на...
Вреќи со градежен шут завршија на брегот и во езерските води на плажата Грашница
Post Views: 3 Утрово во езерските води и на брегот во Грашница беа истоварени вреќи полни со градежен шут. Очевидците револтирани од ваквиот немарен однос на оние кои го растовариле отпадот тука реагираат на ваквото недозволено одложување на шут во и покрај езерските води. Екипа на ТВМ веднаш по пријавата од граѓани ја посети посочената локација и констатира дека во езерските води и на брегот е довезен градежен шут. Околните жители кои веднаш до општинскиот инспекторат го пријавиле несовесното одложување на шутот, погледите ги насочуваат кон Канео. Веруваат дека...
Охрид за Новогодишните празници од година во година се попривлечен
Post Views: 6 Расте од година во година бројот на туристи кои престојуваат во Охрид за Новогодишните празници. Тоа се должи на промоциите кои се прават за Охрид во светот, но и на збогатената туристичка понуда која ја прави градот за да привлече странски и домашни гости, вели Олег Маленко од туристичката агенција „ Вис пој“.„Според моите информации и букингот кај мене гледаме дека има зголемување на гости во споредба со минатата година. Од разговорот со хотелиерите во хотелските капацитети се е веќе букирано и има слободни места уште во приватното сместување. Во Охрид има...
Граѓанска иницијатива верува во одлуката на струшкиот суд за дислокација на дивата депонија
Post Views: 3 Македонското здружението на млади правници верува во одлуката на струшкиот суд за трајно решавање на дивата депонија на влезот од градот. За спречување на понатамошна еколошка катастрофа од која се засегнати сите жители граѓанската иницијатива поведе судски процес во кој ги тужеше Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално-Струга. Тужените побараа на последното рочиште Основниот суд во Струга да се изјасни како ненадлежен за овој судски процес, вели Григор Ќатоски, застапник на Здружението на млади...
Општинскиот инспекторат издавал налози до ЈП Комуналец за подигање на шут и друг вид отпад
Post Views: 4 ЈП „Охридски комуналец“ има отворен месечен налог од општинскиот инспекторат за чистење на критични места. Инспекторатот за оваа намена може да побара од ЈП Комуналец да подига и расчистува шут и други видови отпад во различни делови од градот и вон населените места. Досега претпријатието за градска чистота по налог на инепкортот постапувало на 23 критични точки, кажува портпаролот Томе Џамтоски.„Ние имаме отворен месечен налог кон ЈП Комуналец и тие може да постапуваат повеќе пати дали по пријава од комуналните редари или градежниот инспектор, од граѓани и...
Од Коалицијата Вмро за Македонија ветуваат враќање на демократијата, политичко помирување меѓу граѓанити и економски напредок
Post Views: 3 Kоалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување и ќе претставува клучен фактор за формирање на идната Влада во Република Македонија, но и клучен фактор во идните процеси за демократизација, економски напредок и забрзана евро-атланска интеграција ,истакна на прес конференција шефот на општинскиот изборен штаб Јоне Станкоски. Иако во својата политичка основа, коалицијата се води од десничарската определба, сепак на овие избори очекуваме голема поддршка од центарот и од левицата, но и од неопределените гласачи бидејќи сме сигурни дека...