Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Автобуските постојки за линиски сообраќај во Охрид се без возен ред. Граѓаните реагираат дека чекаат долго автобус на линскиот превоз затоа што не се информирани кога и за каде автобусите поаѓаат. До редакцијата на ТВМ се пожали охриѓанец кој минатата недела чекал на постојката кај гимназија градски превоз за населбата Видобишта. Дури по час и половина дознал дека нема возен ред и градска сообраќајна линија во недела. Вели ако имало поставено информација на постојката дека во недела не се вози на градскиот линсики превоз немал да загуби непотребно толку долго...
Надлежните незаинтересирани во Охрид да ја вратат нумизматичката поставка од банката Сосиете женерал
Post Views: 2 Непроценливата колекцијата со монети сеуште ја поседува Сосиете Женерал Охридска банка наместо градот Охрид. Нумизматичката збирка содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век и беше подарок во 2005 година од некогашна Охридска банка за градот Охрид. Охридскиот археолог Даница Бачева творец на поставката уште пред три години апелираше нумизматичката поставка како движен споменик на културата од банката и да и се отстапи на градот. Таа го повика градончалникот и наделжните институции да се зложат колецијата да се врати во Охрид. Веќе 9 години...
Промовирана едицијата„ Црните страници на Удба“
Post Views: 10 На 13.500 старници е промовирана едицијата на документи со наслов „Црните страници на УДБА“. Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив Филип Петровски „Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и...
Охрид за еден месец новогодишно ќе блесне со стари и нови декоративни украси
Post Views: 3 За еден месец се очекува да започне новогодишното украсување на градот. Во тек е објавата за избор на најповолен понудувач кој треба да направи амбинетална и свечена пред новогодишна атмосфера. За декорирање на градот од општинскиот буџет се наменети 1.200.000 денари.Годинава се најавува и новина во декорацијата на градските улици. „Се надеваме дека и годинава градот Охрид ќе биде добро украсен од фирма која ќе го добие тендерот и ќе го украси централното градско подрачје. Со нашите реквизити ќе биде проширено украсувањето и некои улици и делови од градот ...
Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп
Post Views: 1 Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени од кирии. Издавачите на станови, деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства кои оствариле приходи треба да пријават данок аконтативно и со годишни даночни пријави. Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука наменета за сите субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на...
Мостот на желбите остана без поставените хороскопски знаци
Post Views: 13 Мостот на желбите што води кон Канео повторно е во лоша состојба. Дел од оградата е разнишана, а дел одсечена од паднато дрво. Дрвените штици исто така попуштиле под налетот на југот, а светилките се или искршени или не светат. Сето тоа ја загрозува безбедноста на минувачите. Иако подолго време се најавува изградба на нов мост кој полесно ќе го поврзува Канео со центарот на градот од неговата изградба досега нема нешто конкретно. Останавме без одговор од локалната самоуправа до каде е постапката со изгрдбата на новиот мост. Од општината од есента 2015 ...
Изложени oсумдесеттина цртежи од учениците кои ја посетуваат Бреин о Бреин програмата
Post Views: 3 Одржана изложба на учениците кои ја посетуваат Бреи обреин програмата. Малите мозочиња покажаа дека поседуваат и ги развиваат бројните вештини и талентот за цртање. Шест деца учествуваа на Арт хепенингот во Скопје и се стекнаа со сертификати.„Направивме избор на најуспешните 6 цртежи и учествуваме во Скопје. Таму стручни лица направија избор на најуспешните и беа изложени во културен центар во Скопје. 6 најуспешни ученици се здобија со сертификат за учеството. Цртежите беа многу искрени и креативни, рај за очи“, нагласува ментрот Валентина Кузманоска. Покрај...
Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, инвеститорот АД Илинден сеуште нема одобрение за градба
Post Views: 1 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан каде што треба да се гради Домот нема никакви градежни активности.Изградбата беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година според договорот со кој купувачот беше обврзан во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД Илинден кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува...