Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Одржани мотивациски предавања за охридските студенти од Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 242 Студенското собрание при охридскиот Факултет за туризам и угостителство организира мотивациско предавање насловено како „Патот до успехот“. Со свои мотивациски предавања учествуваа Дамир Бошњак успешен менаџер на елитни хотели на Блискиот Исток и Бранко Попоски, блогер и готвач. Дамир Бошњак ги сподели неговите искуства во областа на туризмот и угостителството. Како претставник на компанијата „Dream Big Hospitality“ и 15 годишното искуство од работата во Америка, Европа и Блискиот исток, денес, им го пренесува својот рецепт за успех на младите луѓе. Патот до успехот...

Продолжи со читање

По втор пат откажан почетокот на театарската сезона во Охрид

Post Views: 198 Актерите од народниот театар ја откажаа театарската претстава „Емигранти“. По „ Сонот на летната ноќ“ со која првично беше најавено отворањето на театарската сезона, ова е втора претстава што се откажува. Што се случува во охридскиот народен театар? Дали со неизведувањето на закажаните претстави актерите го искажуваат своето незадоволство?  Раководните луѓе од културата, пак  не ги лоцираат  причините зошто нема претстави.  10 мината актери од охридскиот народен театар доаѓаат на работа, одржуваат проби, но репертоар и претстави нема, вели директорката на Центарот...

Продолжи со читање

Библиотеката и Охридско лето ќе ги трампаат просториите

Post Views: 186 Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен  Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска. Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000...

Продолжи со читање

Изградба на четвороспратен објект во старото градско јадро е спротивно на основните начела на заштитата, повиканите институции си ја префрлаат одговорноста

Post Views: 209 Изградба на четвороспратен објект на ул Христо Узунов во старото градско јадро е спротивно на основните начела на заштита на културното наследство, Законот за старо градско јадро и Планот за управување со Охридскиот Регион, констатирала Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Комисијата во која членуваат и стручни лица, претставници од НУ Завод и музеј и УЗКН, го разгледала случајот со објектот на ул. Христо Узунов, за кој вчера мирен протест имаа околните соседи, и заклучила дека објектот кој планира да се гради...

Продолжи со читање

Стипендии за талентирани ученици и студенти според Правилник

Post Views: 266 Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка  од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60  талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите  ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.„Прво да се потикнат оние ученици...

Продолжи со читање

Општината ја објави новата систематизација на работни места

Post Views: 296 Сите 266 државни службеници кои се дел од општинската администрација ќе останат на работа. Ова го тврди Димитар Спасески, секретарот на општината, по  објавата на новата систематизација на работни места.  Иако општината е со пренатрупана државна администрација сегашното раководство ќе им даде шанса за работа на сите вработени, вели секретарот на Локалната самоуправа.  Од систематизацијата,  Локалната  очекува поквалитетна работа на општинската администрација.  „Ефектите за кои ме прашавте, очекувам да се многукратни. Прво за граѓаните за општина Охрид да добијат поквалитетни...

Продолжи со читање

Повеќе австриски гости во Охрид и Македонија од идната сезона

Post Views: 178 Повеќе гости од Австрија се очекуваат во Охрид и земјава од идната сезона. Ова е  договорено на саемот во Ветманштат-Австрија каде што е потпишан меморандум за соработка помеѓу   општина Охрид и Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен” до градоначалникот Бакрачески. Австриските  туристи кои досега на Балканот доѓаа преку кружни тури, покажале  особен интерес за посета само на Охрид и Македонија, кажува Бакрачески. „ Она што е важно за нас е тоа што...

Продолжи со читање

Oхриѓани со поделени мислења за наградната игра со фискалните сметки

Post Views: 190 Стан и дуќан, автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Ова се наградите за граѓаните кои ќе соберат и испратат фискални сметки за наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави мотивација на граѓаните и  зајакнување на фискализцацијата во земјава.  ТВМ на терен  ги слушна размислувањата на граѓаните поврзани со наградната игра. Oхриѓани со поделени мислења за наградната игра.  Едни гледаат блгонаклоно,  други се скептични кога станува збор за наградните игри....

Продолжи со читање

Усвоен ребалансот на буџетот на општина Охрид

Post Views: 181 Советниците го изгласаа ребалансот на буџетот на општина Охрид. Тој сега тежи околу 13 милиони евра иако во јуни со првиот ребаланс беше дополнет и планиран на 19 милиони и 500 илјади евра. Советниците дискутираа за тоа каде се потфрлило при проектирањето на буџетот.Oпозицијата побараа во иднина да се има поголема сериозност во однос на проектирањето на буџетот. Како несериозен зафат го потенцираа планиарното кредитно задолжување од 3 милиони и 300 евра на општината. Тие пари беа проектирани при ребалансот во месец јуни. Овие пари беа планирани со кредитно задолжување...

Продолжи со читање

Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но висока стигма

Post Views: 199 Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и  работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка  со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите...

Продолжи со читање

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел

Post Views: 220 На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел. Хотелите тешко се одлучуваат да ги добијат  еколошките ознаки иако многу од нив ги имаат имплементирано еко стандардите во хотелите,  напоменува Владо Каровски од одделението за стандарди при Министерството за животна средина и просторно планирање. Каровски нагласува дека нивното министерство има изработено Правилник за еколошко означување кој е усогласен со европскиот. „ Генерално гледано има  интерес, јавувања, информирање. Одржани се состаноци  и други презенатции со  Стопанските комори, со Здружението на туристички...

Продолжи со читање

Жители протестираа против решение за градба на четвороспратен објект во старото градско јадро

Post Views: 250 Мирен протест одржаа граѓани од Варош против издадено решение за изградба на четвороспратен објект на местото на стара куќа на улицата Христо Узунов. Револторани сме што пред очите на домашната и светската јавност и заложбите за заштита на Охрид под Унеско, надлежните институциите продолжуваат да го кршат законот за заштита на Старото градско јадро и ДУП, вели Климент Аиноски. „На 30 метри од овој објект се наоаѓа Завод и Музеј кој треба да ги спречи ваквите објекти. Охрид пред цел свет е претставуван со посебниот изглед на калето , а во строгиот центар на калето...

Продолжи со читање