Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските овоштари имаат потреба од стручни совети во фитосанитарната заштита на овошките

Post Views: 2 Овоштарите од охридско имаат потреба од стручна едукација во областа на фитосанитарната заштита на растенијата. Тоа ги вклучува и насадите со цреши  и јаболка. Во рамките на Твининг проектот на Европска унија италијански експерти ги пренесоа искуствата. Тие  во соработка со македонските фитосанитарни  инспектори од Факултетот за земјоделство и шумарство и охридското здружение „ Охридска черешна 2015“ организираа трибина за интергирано производство.  „Ние сме збунети од климатските промени. Не секогаш успеваме на време да реагираме со соодветни препарати или...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески ги посочи досега сработените проекти за време на неговиот мандат

Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески даде  отчет за досега сработените проекти  во општина Охрид за време на неговиот мандат.  До сега успеавме да инвестираме над 179 милиони  денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и  дополнително  уште  пет кружни  токови.  Изградивме  нови  линии  за атмосферска и  фекална  канализација во должина  од  12 570  метри во  вредност  од над  89 милиони денари,  а поставени  се  водоводни  линии  во  должина  од  8 000  метри  со ...

Продолжи со читање

Од ЈП Колекторски систем задоволни од процентот на наплата

Post Views: 5 Добар е процентот на наплата за услугите од ЈП „Колекторски систем“. Од почетокот на оваа година корисниците кои имаа добиено сметки за потрошена количина вода добиваат сметки и од ЈП „Колекторски систем“. За услугата одведување и пречистување на отпадни води плаќаат редовните корисници на домаќинствата од Охрид и Струга, а додека сопствениците на викенд станови добиваат сметки само ако имаат потрошено вода, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“. Засега сме задоволни со наплатата за услугата за одведување и пречистување на...

Продолжи со читање

Преработувачите на млеко од oхридскиот регион стравуваат од млечна криза

Post Views: 6 Во охридско и Дебрца драстично е паднат бројот на сточари кои произведуваат млеко како суровина за преработувачката  индустрија. Пред 20 години  млекопреработувачката индустрија Лабрадор имала 90 кооперанти, а во моментов тој број е сведен на 35 производители на млеко, вели Славко Николоски од Лабрадор. „Тоа е една од големите опасности која им прети на млекопрераработувачите како што е Лабрадор. Се помалиот број на кооперанти и лица кои се занимаваат со сточарство на територијата на општините  Охрид и Дебрца. Во изминативе 2 децении бележи пад на лицата кои се...

Продолжи со читање

Продолжува хаосот со такси превозот во Охрид

Post Views: 3 Охридските такси превозници одбиваат да ги возат граѓаните на релации низ градот. Во трката за поголема заработувачка прифаќаат да возат само кон плажите. Хаосот во такси превозот се повторува секоја летна сезона кога за охриѓани на пеколните горештини услугите од таксистите се недостапни. Не ретки се и случаите на наплата по двојно па дури и тројно повисока цена од вообичаената тарифа. Градските власти во Охрид велат дека не можат да стават крај на оваа појава.Тоа прашање не е за нашите инспекциски служби. Немаме начин и методлогија да провериме дали на секој...

Продолжи со читање

Јасна Ристеска во ослободувањето на Охрид загинала трагично на ридот Чекоштина

Post Views: 9 Денес, Охрид го слави 7- ми Ноември, денот  на ослободувањето. Пред 72 години, во партизанскиот напад врз германските  војски, на 7 ноември 1944 година меѓу борците кои учествувале во нападот била и младата партизанка Јасна Ристеска.  Јасна  е родена во село Рамне во 1927 година, а  загинала кај Чекоштина.  За 17 годишната девојка, денес  малкумина охриѓани знаат каде е точното место на нејзината погибија. На трагичниот настан од Втората Светска војна, денес  живо се сеќава Стојан Стојаноски, од село Орман, тогаш момче на 13 години. Стојаноски раскажува дека ...

Продолжи со читање

Селата во охридско стануваат се попривлечни за странците

Post Views: 2 Странците се повеќе се заинтересирани за посета на руралните населби во околината на Охрид.  Селата опкружени со прекрасна природа  и традиционалната гастрономска понуда се интересни за странските гости. Жителите од руралните населби се повеќе се свртуваат кон развој на селскиот туризам. Тие се повеќе инвестираат во изградба на нови капацитети кои се нудат на туристичкиот пазар. Едно  од охридските  села во кое започна да се развива алтерантивниот туризам  е селото Куратица. „Селото Куратица е лидер во развојот на алтернативниот туризам, не само во овој регион...

Продолжи со читање

Општина Охрид бара начини да се справи со затекнатиот долг

Post Views: 4 Долгот на општина Охрид е огромен финансиски товар за почеток на нови инвестициски зафати, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Локалната власт ќе бара начини како да функционира понатаму во комплицираната финансиска ситуација со долг од 22 милиони евра.Ќе мора да најдеме решение, да се погрижиме за брзо време да функционира успешна наплата во даноците на имот и порамнување. Ќе имплементираме еден софтвер за наплата на даноци кој ќе ни ја даде јасната слика за кого и на кој начин се наплатувале даноците во општина Охрид. Ќе биде неселективен и прецизен,...

Продолжи со читање