Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридскиот регион заштитен од полио вирусот

Post Views: 184 Заразната болест полиомиелит напаѓа на Блискиот Исток. Стручнаци од СЗО отценија дека постои ризик од ширење на оваа заразна болест во Европа.  Македонија не е исклучена но добра вест е што има висок процент на имунизација.  Скоро 5 децении  населението во  земјава се вакцинира против полиомиелитот. Имунизацијата започнува кај  бебиња на двомесечна возраст, во неколку последователни дози, орално против 3 типа на полиовируси.  Подоцна следува ревакцинирање на децата на 1, 7  и 14  годишна возраст. Покриеноста со имунизацијата од полиомиелитис  во регионов е голема и...

Продолжи со читање

Студентите по информатика ќе аплицираат за избор на најкреативна Android апликација

Post Views: 186   Конкурсот за изработка на апликација за андроид телефони привлече голем интерес на студентите од информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле.  11 групи составени од по 3 студенти  ќе изработуваат апликации за Android и I Phone. Вилјам Асијама  е еден од пријавените студенти.„ Дознавме дека се работи за Android  и IPhone натпревар. Нашиот тим најчесто работи со Windows апликации, но ќе се обидеме да изработиме и со андроид. Очекувам да се забавувам додека работиме на андроид апликацијата бидејќи немаме големо искуство, но сакаме да се испробаме“.Студентите од „Свети...

Продолжи со читање

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележа 5 децении постоење

Post Views: 237 50 години постоење одбележа детската градинка „ Јасна Ристеска.“ Како што доликува на една роденденска прослава градинката јубилејот го прослави со торта, а ансамблот Билјана и присутните во салата  ја отпееа и  роденденската песна. Низ предшколската установа продефилирале бројни генерации деца. Во градинката биле згрижени и поминале дел од своето среќно детство. Установата низ времето постојано се менувала, напредувала и се проширувала просторно и со кадар, а од година во година згрижувала и се поголем број деца. Сегашниот  вршител на должност, директорката, Роза...

Продолжи со читање

Одбележани 69 години слободен Охрид од фашистичката окупација

Post Views: 167 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци  кои своите животи ги положија за слободата.„Заедно да го споделиме  споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето...

Продолжи со читање

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 223 Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица,...

Продолжи со читање

Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто

Post Views: 183 На охридското крајбрежје денес беа посадени  неколку палми.  Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија  Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.  „ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно...

Продолжи со читање

Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Post Views: 425 Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата. Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот...

Продолжи со читање

Во градската канализација се фрла и градежен материјал

Post Views: 217 Екипите на ЈП Нискоградба одчепуваат од градската канализација разни видови отпад кои прават дефекти во одведување на отпадните води. Во шахтите и во канализација завршуваат не само влажни марамчиња кои несовесните граѓани ги фрлаат туку и други предмети кои како нус продукти од индустријата и угостителските објекти. Најнова појава е фрлање во шахтите и канализацијата остатоци од градежните материјали, информира Нина Трендафилова, помошник директор за оперативни и технички работи во ЈП Нискогрдаба. „Поради експанзијата на изградба на станови голем дел од изведувачите...

Продолжи со читање

Охридската касарна е претворена во дувло на лисици

Post Views: 200 Напуштената охридската касарна е претворена во дувло на лисици. 230.000 квадрати површина се запуштени и  обраснати со треви, грмушки и  шума. Жители од Радојца Новичиќ  стравуваат за безбедноста и тврдат лисиците ноќе и во раните утрински часови им доаѓаат во дворовите.  Блаже Настоски раскажува „често пати имам приметено дека  излегуваат лисици од касарната и преминуваат на бетон. Не случајно чувам дома кучиња, ноќе има јаки лаежи. Имаме приметено дека доаѓаат по храна во кантите за ѓубре. При одење на работа пред мене  ми помина лисица и ја бркав со возилото по...

Продолжи со читање

Бетонска база еколошки проблем за жителите од ул. Кленоец

Post Views: 218 Жителите од месната зедница 15-ти Корпус, од улиците Кленоец, Српница и Веле Марко реагираат на сериозен еколошки проблем кој го загрозува нивното здравје.  Огромни облаци прашина секојдневно се дигаат пред нивните домови. Прашината се таложи на крововите, автомобилите, растенијата. Се жалат дека не можат да отворат прозор нити да исушат алишта.  Но, најмногу од се стравуваат за здравјето, раскажува Блаже Настоски еден од жителите кој се соочува со овој проблем.„Имаме еколошки проблем. Имаме база која е голем загадувач и бараме нејзина дислокација или некое решение....

Продолжи со читање

Побрз пристап и добивање документација за градба од урбанизам бараат агенците за недвижности

Post Views: 175 Агенциите за недвижности бараат  полесен и поефикасен пристап до информации во секторот за урбанизам.  Агентите за недвижности имаат потреба од побрзо доѓање  до урбанистичката документација. Посакуваат и предност при приемот во урбанизам како правни лица. На досегашното чекање и губење време пред вратите на урбанизам посакуваат да му се стави крај. Александар Трајкоски од агенцијата Енхелеја укажува дека со новата  Локална власт работите се придвижиле кон подобро, но не и доволно.„ Треба да има промени од луѓето кои работат. Уште по позитивно и побрзо  да ги решаваат...

Продолжи со читање

На двете претсојни седници најбројни точките од урбанизмот

Post Views: 195 Утре  ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид, а во четврток тринаесеттaта. Советниците нас 12-тата седница ќе дискутираат по предлог одлуки  за усвојување на бројни извештаи од повеќе области за периодот од 1 јули до 30 септември. Извештаите се однесуваат на  сообраќајот, туризмот,  системите за наводнување и пречистување на отпадни води.Ќе посветат внимание и на остварениот буџет во истиот период, аќе донесат и буџетски календар за 2014 година. Советниците ќе се произнесат и за формирање на Совет за заштита на потрошувачите и за Локален совет...

Продолжи со читање