Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Неизвесна судбината на Слатинско Езеро

Post Views: 202 Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и  истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци,  неговата судбина е неизвесна.  Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера  очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни  општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот  Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот...

Продолжи со читање

Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби

Post Views: 443 Во основните школи ќе се воведува услугата образовен асистент за децата со посебни потреби. Министерството за образование прави подготовки за обезбедување на образовен асистент од следната учебна 2021/2022 година. Со новиот Закон за основно образование, училиштата каде што се воспитуваат и образуваат учениците со попреченост стануваат Ресурсни центри. Ќе се овозможи мобилност од искусен кадар кој ќе дава поддршка на инклузираните ученици како и на инклузивните тимови во редовните училишта. „Сите родители на учениците од 2-ро до 9-то одделение треба да се пријават...

Продолжи со читање

Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна

Post Views: 192   Детската градинка Јасна Ристеска има потреба од работа  на уште една кујна.. Зголемениот број на згрижени деца во установите  наметнува потреба и од поголем капацитет на кујната каде што се приготвува храна за децата.  Храната за 878 деца во сите објекти на детската градинка се подготвува во кујната на централната градинка и се дистрибуира во останатите клонови иако има кујни и во Лихнида и Росица. Со години не било вложувано во обнова на техничката опременост на кујните и сега тоа почнува да се чуствува , кажува вршителот на должност директор  Роза Костоска.    „...

Продолжи со читање

Во Коселска река рибокрадци недозволено ловат плашица и Охридска пастрмка

Post Views: 206 Со недозволен риболов од Коселска река  големи количини  плашица и охридска пастрмка завршуваат во  фрижидерите на рибокрадците. Најчесто рибата се лови ноќе со мрежа и кепче  укажуваат жители кои живеат покрај реката и се сведоци за недзоволеното  ловење. Во овој период  со намалување на температурата на водата во Охридското езеро плашицата влегува на зимување и по храна во Коселска и Сатеска река, но таму и прети уништување од несовесни риболовци, вели Радован Димитриески од СРД „ Св. Апостол Петар“, концесионер на  речниот слив на Охридското езеро. За да се откријат...

Продолжи со читање

Охрид го штитат сите и никој

Post Views: 274 За да се заштити културното и природното наследство на Охридскиот регион како светско наследство под Унеско беа формирани и понатаму се формираат разни Комисии со стручни лица и претставници од министерства, институции и установи. Претставниците во овие Комисии имаа задача да даваат свои препораки, мислења, совети и насоки до Владата, минстрствата и надлежните институции за заштита на културното и природното наследство со меѓусекторска и билатерална соработка, со почитување и примена на универзалните вредности и принципи, вградени во меѓународните инструменти кои...

Продолжи со читање

Се бара место за дислокација на охридскиот пазар

Post Views: 196 Закупците на тезги во охридскиот пазар се во неизвесност.  Со најавите за изградба на современ градски пазар меѓу тезгаџиите се почесто е прашањето каде ќе биде организиран привремениот пазар. Тие ги искажуваат своите претпоставки која би била најдобрата локација каде што ќе ги продаваат своите производи. Пазарџиите и граѓаните имаат свои желби и претпоставки за тоа каде е најдобро времено да се организира градски пазар. Пазарџиите се за локација кај новата автобуска станица, а купувачите се за пазар во центар.Една од локациите за која во моментов се нагаѓа дека ќе...

Продолжи со читање

Гордана Ристоска од Орман успешен пример на рурална жена

Post Views: 253 Гордана Ристоска, машински инжинер, сопруга и мајка на два сина, секојдневно работи во сопствената леарница и алатница за производство на пластични делови. Ристовска, исто така со голема посветеност произведува и здрава еколошка храна во селото Орман.  Успешно ги усогласува двете дејности и во приватниот бизнис и во градинарското производство. Има пластеници во кои одгледува разновидни градинарски култури, а се грижи и за мини живинарска фарма. Ристоска прави паралела која е предноста од животот  на село.„ Кој има земја добро е да произведува прво за себе, затоа што...

Продолжи со читање

Сојузот на слепи работи на подобрување на опшетствениот статус на членовите

Post Views: 216 Македонските здруженија на слепи лица утре го одбележуваат меѓународниот ден на белиот стап. Сојузот на слепи лица од земјава постојано работи на подобрување на животот на своите членови. Во годините наназад лицата без вид оствариле повеќе социјални права и бенефиции. Најнова придобивка е онаа од здравството. Придружникот на слепото лице кое се лекува во болница да има бесплатен престој. Охридското здружение кое брои околу 90 членови  остварило средба со новата Локална самоуправа. Славчо Џајкоски, претседателот на здружението на слепи лица информира дека добиле ветувања...

Продолжи со читање

Ќе се подобрува протокот на колекторскиот систем

Post Views: 201 ЈП „Колекторски систем“ ќе продолжи со активностите за санирање на системот за одведување и прочистување на отпадните води. Во нивните програмски активности се планираат одстранување на проблемите кај Воска и препумпната станица Струга 3. За санација на колекторскиот систем се побарани 2 милиони евра средства од државниот буџет, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски системи. „Сакаме сега фрекфентното регулирање на колекторскиот систем да го направиме електронски, со нивометри, како ќе се подига и спушта нивото на водата да се вклучуваат или...

Продолжи со читање

„ Кино Охридско езеро“ и „ Охридски брилјанти“ документарци од минатото на градот

Post Views: 224 Првата кино сала „Охридско езеро“ и музичкиот состав „ Брилјанти “ се творечка инспирација за  Љупчо Паункоски и Ѓоко Симјановски да направат два документарни филмови. Авторите со документарците ќе сочуваат од заборав два периоди од минатото на Охрид.  Обајцата имале намера да ги потсетат повозрасните охриѓани на едно убаво време од нивната младост, а на помладите да им покажат како нивните родители,  баби и дедовци го поминувале слободното време. „ Се работи за две различни тематики,  но ги спојува тоа што го обработуваат културно- забавниот живот во едно минато време....

Продолжи со читање

Се полнат болничките кревети и во ковид центарот во Кардиолошкиот завод “Свети Стефан”

Post Views: 500 Позитивни пациенти на ковид 19 ги полнат болничките капацитети и во ковид центарот кој функционира во делот на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Моменталната состојба е загрижувачка и апелираме граѓаните да се придржуваат кон сите препораки за заштита од ковид 19, вели директорката, д-р Елена Коваческа Башуроска. Позитивните лица на ковид 19 кои се згрижени во оваа установа во најголем процент се на возраст од 40 до 60 години. „Триесет и пет пациенти се во ковид центарот...

Продолжи со читање

Локалната самoуправа бара погодна локација за изградба на марина

Post Views: 177 Околу 1200 сопственици на пловни објекти регистрирани во Охридската капетанија чекаат изградба на современа марина. Потребата од изградба на прифатилиште за глисерите и чамците е потребна нагласуваат и од Капетанија. Од Локалната самоуправа бараат погодна локација за изградба на марина,  информира портапролот Томе Џамтоски. Постои план за изградба на марина и уредување на крајбрежниот појас во најатрактивното централното градско подрачје и каналот Студенчишта.  „ Реално Локалната самоуправа размислува колку во овој момент според се она што му се случуваше на градот...

Продолжи со читање