Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Одржана работилница на тема „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“

Post Views: 4 „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“ беше темата на првата работилница од ваков вид во регионот.  На заедничка маса седнаа и разговараа на оваа тема  претставници од  медиумите и локалната полиција. „Направивме медиумска презентација на полициската работа. Зошто е потребно да се работи поинтезивно на транспарентност, зошто е потребно новинарите да ги почитуваат полициските правила и процедури на терен  и зошто е потребно полициските службеници да ги запознаат активностите на новинарите и да ги познаваат нивните права и обврски, да ги почитуваат...

Продолжи со читање

Вакцинирањето против сезонски грип ќе започне на 27 октомври

Post Views: 4 Вакцините против сезонски грип ќе бидат достапни од 27 октомври, јавуваат од Центарот за јавно здравје. Вакцините кои штитат од 3 типа на вируси на грип, кој што според СЗО ќе циркулира во 2016-2017  година,  се  набавени од холански производител. Се очекува до 26 овој месец да бидат дистрибуирани во центрите за јавно здравје. Иако, досега вакционирањето  почнувало порано не е доцна за да се прими вакцина, подвлекува епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. „Периодот кога се јавува најголемиот број на заболени е есен и пролет, и заради тоа се препорачува...

Продолжи со читање

Охридските советниците прашува градоначалникот одговараше

Post Views: 3 Голем број прашања се слушнаа  од говорницата на денешната седница. Градските избраници се интересираа за состојбите во скоро сите сфери на живеењето кои ги засега   охриѓани. Меѓу големиот број прашања  беше и прашањето на независниот советник  Љупчо Настоски за  долгот на општината кој се споменуваше дека изнесува некаде околу 50 милиони евра. „Сакам да слушнам колкав е долгот во моментов дали е зголемен или намален “, праша независниот советник Настоски. Градоналникот Никола Бакрачески одговори дека поконкретни информации советникот ќе добие во писмена форма...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на регионална манифестација „Денови за доживотно учење“

Post Views: 4 Охридскиот работнички универзитет Кузман Шапкарев домаќин на регионалната манифестација за одбележување доживотно учење. Образованието и доживотното учење ги опфаќаат сите форми од формално и неформално, информално и доживотно учење, напоменува Славица Ристеска  директор на  работничкиот универзитет.  „ Целта на оваа манифестација е да се поттикне поединецот и свеста на секој дека потребата  од доживотно учење е во центар на секое поединечно суштество  во образованието и во подобрување на животот и егзитенцијата“, вели Ристеска.Нашите курсеви имаат потреба да ги...

Продолжи со читање

Со еколошки практики во земјоделството во заштита на езерото

Post Views: 6 Повеќето земјоделци и овоштари не се едуцирани како да ги третираат производите и да не ја загадуваат околината. Лазо Анѓелоски од селото Горно Лакочереј, пензионер, чие хоби е овоштарството, е еден од 15 земјодлеци кои присутвуваа на едукативната работилница за примена на еколошки практитки во производството на храна. Овоштарот напоменува дека едукативните средби со еколозите и стручните лица  се корисни за нив и може многу да  научат.  Јас обрнувам внимание на заштита на еколошката средина  и не форсирам  употреба на сите препарати кои се препорачуваат, вели...

Продолжи со читање

Проблемите со недвижниот имот настанати со авинското снимање и понатака болна точка за охриѓани

Post Views: 4 Охриѓани на отворените денови со катастар и понатака најмногу се интресираат за проблемите настанати од авионското снимање. Минатата година во катастарот се обратиле 157 граѓани ,а оваа година на првиот ден имало 42 -ца граѓани кои побарале некакво  решение од катастарот   за овој проблем. Славче Трпески , директор на   Агенцијата за катастар на недвижности  тврди дека за да им се олесни постапкаата на граѓаните со овој проблем донесени се законски измени. „Оваа  пролет направени се измени на Законот за недвижности каде е овозможено без геодетски елаборат  со...

Продолжи со читање

Чистењето на Коселска река не е под надлежност на оптшина Охрид

Post Views: 6 На територијата на Охрид  во најголем дел речните корита и канали се исчистени во пресрет на сезоната на дождови. 20 проценти од речните канали треба доправа да се чистат. Од Локалната тврдат дека она што е во нивна надлежност е сработено. Се повикуваат на Законот за комунални дејности зошто Коселска река не е досега  целосно исчистена.„Што се однесува до Коселска река оваа населба не  е во Генералниот урбанистички план па согласно Законот за комунални дејности треба да се напомене дека надлежностите за речните корита кои не им припаѓаат на општините ја има АД...

Продолжи со читање

Прокиснува дел од новиот кров на штотуку реконструираниот централен објект на градинката Јасна Ристеска

Post Views: 3 Кадичка и кофа поставени врз најлон е сликата која ја затекнавме на главниот влез од централниот објект на детската градинка  Јасна Ристеска. Дел од кровот во штотуку реконструираниoт објект прокиснува јавуваат и  родители чии деца се згрижени во овој објект. ТВМ за коментар  ја побара директорката на градинката. Директорката Роза Костеска,  иако се договоривме за средба, не се одважи да излезе пред камерата и да каже што ќе се преземе за прокиснувањето  на кровот. Врaботените не ни дозволија да снимиме внатре во објектот. Родителите се загрижени како тоа...

Продолжи со читање