Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

„Не сечете ги дрвата“, порачаа екоактивисти за сечењето на дрворедот на Македонски Просветители

Post Views: 616 Екоактивисти упатија порака „Не сечете ги дрвјата“, за сечата на дрворедот на булеварот Македонски Просветители. Се собраа пред општинската зграда за да го искажат незадоволството со мирен протест и со транспаренти за сечата на липите и костените поради реконструкција на улицата.  Избран е погрешен начин за модернизација на улицата со кој проект треба да се исечат шеесеттина дрвја, стари по неколку децении, од двете страни на сообраќајницата, кажа Симон Карашов.Го поздравуваме проектот, но начинот е погрешен. Апсолутно сме сигурни, ова не е прв пат вакво...

Продолжи со читање

Македонците вложиле над 4 милиони евра во здравствено осигурување

Post Views: 295 Пандемијата со ковид 19 ја зголеми побарувачката на здравствено осигурување во земјава. Купувачката на полиси бележи раст минатата година во споредба со претходната.Бројот на осигуреници кои купиле здравствено осигурување во време на пандемија пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, информира Никола Стојанов, советник во Агенцијата за супервизија на осигурување. „Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398...

Продолжи со читање

Голема е побарувачката за социјални станови во Охрид

Post Views: 577 Охриѓани кои се во социјален ризик ќе чекаат изградба на социјални станови следната година. Во Охрид годинава нема изградба на вакви станови иако е голем интересот на граѓаните кои бараат помош од државата за да го решат станбеното прашање, информира Благоја Грозданоски, раководител на охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата. Напоменува дека градот засега е ставен на листата на чекање за изградба на социјални станови. Социјални станови бараат самохрани родители, луѓе со ниски примања или...

Продолжи со читање

Расте бројот на спасувачките интервенции и асистенции на регионалната Планинска спасителна служба

Post Views: 425 Регионалната Планинска спасителна служба интервенирала во 4 спасителни акциии и 7 асистенции од почетокот на годинава. Спасителите интервенираат во ризични ситуации и чекаат конкретна финансиска помош од 5те општини од регионов со кои, со исклучок на општина Ресен, имаат потпишано Меморандум за соработка веќе година и пол. Не станува збор за вработувања на кадри од ПСС туку за тековни трошоци, за набавка на скапата потрошна опрема и вработување на 5 до 6 луѓе кои треба да го одржуваат во функција целиот систем, информира Антонио Додевски од ПСС. Од Планинската...

Продолжи со читање

Проектната документација за изградба на катна гаража отстапува од Планот за управување со светското природно и културно наследство

Post Views: 428 Планската документација за проектот за изградба на катната гаража во Охрид е првиот објект од јавен интерес на градот кој има отстапување од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Проектот за изградбата на катната гаража е завршен уште пред да се донесат измените во новиот план, информира градоначалникот Константин Георгиески за текот на изготвувањњто на проектната документација за овој важен објект за градот. „Согласно планот за Управување сега висината на објектот е П + 2, а со изводот од планот тука имаме катна...

Продолжи со читање

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Post Views: 499 Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки. Туристичките водичи испорачаа барања до ресорното Министерство и владата да го решат нивниот статус. Да се донесат протоколи за работа во нивната дејност и...

Продолжи со читање

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 558 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот...

Продолжи со читање

Трета година по ред нема вештачки мрест на Охридската пастрмка

Post Views: 530 Охридската пастрмка е во се поголема опасност од истребување. Се повеќе се влошува нејзиниот и онака загрозен статус, предупредуваат од ЈНУ „Хидробилошки завод“ – Охрид. Три години по ред, од 2019, 2020 и 2021 година нема вештачки мрест на ендемичниот вид риба во Хидробилошкиот завод, информира м-р Зоран Спиркоски од одделението за практично рибарство и аквакултура. Спиркоски вели дека е жално административни пречки да се причина да се загрози опстанокот на пастрмката како ендемичен вид. „Ваквиот недостаток на порибување 3 години неминовно ќе значи...

Продолжи со читање

Бесплатна лекарска грижа добиле 400 пациенти со проектот „Cross4all“

Post Views: 434 Медицински тимови даваат бесплатни здравствени услуги за граѓани на кои им е отежнат пристапот до здравствените установи во рамките на проектот „Cross4all“. Носител на проектот „Cross4all“ е Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а се имплементира заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и Општинската организација на Црвен крст. Во време на пандемија прегледани се 400 пациенти од месец декември до сега, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК, за досегашите позитивни искуства од реализацијата на проектот...

Продолжи со читање

Охриѓани повнимателни оваа зима, помалку скршеници здобиле од лизгање на мраз

Post Views: 370 Непречено функционираат тимовите на Итната медицинска помош во овие зимски денови, информира д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош. Медицинските екипи од брза помош интервенирале на неколку сообраќајни несреќи кои се случиле во околината на Охрид и Дебрца во изминативе денови, згрижувале повредени како резултат на лизгање на мраз, пружиле помош и на повици од хронични болни. За среќа, кај охриѓани се забележува намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз оваа зима ама има повеќе повици од хроничните болни. „Има повеќе...

Продолжи со читање

Лекарите од внатрешноста со вакцината Бионтек/Фајзер ќе се имунизираат во Скопје

Post Views: 470 Околу 200 медицински лица од Охрид  колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид. „Заради специјалниот начин на...

Продолжи со читање

Доделени спортски ваучери за охридските спортски клубови

Post Views: 378 Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари. Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот...

Продолжи со читање