Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Инспекторите контролирале објекти од повеќе дејности

Post Views: 6 Инспекторите од неколку државни инспекторати имаа координирани контроли за време на празничниот продолжен викенд. Инспекторите од пазарната, трудовата и даночната инспекција заедно со екипите на МВР спроведоа координирани акции во охридски ресторани, ноќни клубови, маркети, бенизиски станици, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната едница на Државниот пазарен инспекторат. Во охридски угостителски објект затекнати биле повеќе малолетни лица од Охрид и Струга, а утврдени биле и неколку посериозни прекршоци во неколку дејности.„Кај еден субјект е...

Продолжи со читање

Усогласување на платите бара синдикатот

Post Views: 2 Охридските работници имаат слаб интерес кон синдикалното членување. Во последно време, поголем интерес покажале за синдикално организирање вработените во туристичко-угостителскиот сектор.Тоа не е случај во останатите гранки, како на пример текстилните погони кои во Охрид ги има во помал број за разлика од големите конфекциски центри во земјава. Работниците се пасивни иако се свесни дека остварувањето на законските права е само во здружувањето. Своите права кои им припаѓаат според Законот за работни односи ќе ги остварат само со поголема едукација, но и со...

Продолжи со читање

Пчелар по правда во Стразбур

Post Views: 4 Охридскиот, пчелар Лазо Грозданов треба да плати висока оштета за случајот напад од рој на пчели при транспорт. Апелациониот суд од Битола ја потврди одлуката на Основен суд Охрид и пресуди против пчеларот да плати оштета на тужителот во висина од околу 10.000 евра. Според, Грозданов ова е изнудена казна, судска одлука која е прва од ваков вид во земјава. Досудениот износ на оштетата ќе го загрози пчеларството во земјава, а сите пчелари стрепат во иднина тоа да не стане судска пракса, вели Грозданов. Револтиран од правосудниот систем најавува дека правдата ќе ја...

Продолжи со читање

Европски куп во параглајдеризам во Охрид

Post Views: 2 Охрид од денес, па се до 1-ви мај е домаќин на Европскиот куп во параглајдеризам во дисциплината „прецизно слетување“. Педесеттина параглајдеристи од 10-тина европски земји ќе ги одмеруваат вештините полетувајќи од Галичица и слетувајќи на СРЦ „Билјанини извори“.Градоначалникот Кирил Пецаков им упати честитки на организаторите на натпреварот, охридскиот ПК Флај и Воздухополовната федерација на Македонија, а притоа им посака успешен спортски настан.Охридската Локална самоуправа и јас како градоначалник ќе бидеме подготвени за соработка и поддршка на...

Продолжи со читање

Наставничката минимална плата под националната

Post Views: 12 Охридските просветни работници продолжуваат со штрајк. Револтирани се од дезинформациите кои се шират во јавноста во врска со нивните штрајкувачки барања. Билјана Чингоска, претседател на синдикалната организација од ОУ „Христо Узунов“, од името на колегите, појасни дека не станува збор за уценување и пазарење за проценти за покачување на нивните плати туку инсистираат на почитување на законите и Колективниот договор во образованието. Бараат да се реши долгогодишниот јаз во неусогласеноста на нивните плати со минималните плати на национално ниво. Со овој проблем...

Продолжи со читање

Заштитна опрема за охридските пожарникари

Post Views: 13 Охридски пожарникари се подновија со лична заштитна опрема. На Територијалната противпожарна единица и е донирана приоритетна опрема за дел од пожарникарите кои секојдневно се справуваат со огнените стихии. За ефикасно дејствување при интервенциите на гасење пожар и за безбедноста на пожарникарите поделена е опрема која недостасува како потрошен материјал. Заштитната опрема е неопходна во секој период од годината, во зима кога пожарникарите се справуваат со пожарите предизвикани од грејни тела, во пролет и есен кога се палат стрништата, а во лето со шумските...

Продолжи со читање

Имаме доволен број сточни кланици

Post Views: 4 Домашните кланици извезуваат безбедно јагнешко месо. Во земјава има поголем број на кланици за сточен добиток, но активни се четири за колење на јагнињата, информира Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветерина. Оваа година, нашите трговци немаа проблем со пласманот на јагнешкото месо па Mакедонското јагне во најголем дел заврши на пазарите во Италија и Хрватска.„Има доволен број на кланици за сточен добиток во земјава. Тие можe да ги задоволат домашните потреби. Но, има кланици кои имаат Eвропско бројче и може да вршат извоз во земјите од...

Продолжи со читање

Прва пречистителна станица на Галичица

Post Views: 5 Објект на планината Галичица ќе добие пречистителна станица. Спасителниот дом Спиридон, кој e сместен во Националниот парк Галичица, ќе биде првиот објект во земјава кој ќе ги пречистува отпадните води на планина. За овој, многу важен еколошки аспект во заштитеното подрачје на паркот, се погрижија членовите од охридскиот алпинистички клубот Патагонија, кои ќе стопанисуваат со објектот, напоменува Антонио Додевски, претседател на клубот.„Целта на изградбата на планинската куќа е да биде модел на самоодржлив објект кој целосно ќе се напојува со електрична...

Продолжи со читање