Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Локалната ќе почне да ги обесштетува опожарените семејства

Post Views: 193   Повеќето семејства чии домови настрадаа во пожари во периодот од 2012 и 2013 година досега не добиле општинска помош.  Помал износ во висина од околу 20.000 денари оштета добиле само две настрадани семејства, но таа сума ни одалеку  не била доволна за да ги обноват изгорените домови. Локалната самоуправа за да го реши овој проблем  побара поддршка од советниците да ја усвојат одлуката за  формирање  стручна Комисија која  ќе врши проценка на штетите. Согласно на таа одлука ќе се исплаќа оштета во висина  до 300.000 денари која и претходно била одредена како максимален...

Продолжи со читање

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

Post Views: 186 На  обемниот Дневен ред советниците ги разледуваа и усвои  точките кои се однесуваа на Годишните програми за работа  на основните и  средните училишта за периодот  2013 /2014 година. Исто така, беа усвоени и Програмите за изведување на училишните екскурзии. Поголема дискусија советниците поведоа околку точките за Извешатите од работењето на 8-те јавни претпријатија за пеиродот од 1 април до 30 јуни.Советниците дадоа зелено светло за извештаите, но при тоа го кажаа своите видувања и предлози за финасиското работење и работата воопшто на некои претпријатија.  Советникот...

Продолжи со читање

ЦЈЗ:Не се регистрирани поголеми кластери, само поединечни позитивните лица

Post Views: 205 Секојдневно е во пораст бројот на новодијагностицирани случаи со доминантното присуство на Британскиот сој на вирусот во општина Охрид. Се полнат болничките кревети со позитивни пациенти ,а целата ситуација го загрижува и д-р Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница Охрид. „Сигурно ме загрижува моменталната состојба. Имаме околу 90 пациенти од кои скоро 80 посто се на кислородна поддршка и на неинвазивна вентилација. Добро е да имаме дополнителни кревети. Модуларната болница е исполнета, ги полниме 8те новодобинеи контејнери. На интерно одделение е полно , геријатрија...

Продолжи со читање

Пензионерските денови на брачниот пар Тодоровски посветени на одгледување растенија

Post Views: 184   Третото доба од животот за секој пензионер би требало да биде исполнето со животна радост и уживање во плодовите од минатиот труд. Вистински пример за ова е брачниот пар  Перо и Цеба Тодоровски. Тие од својот двор направиле вистинска градина за уживање.  Цвеќиња, раритетни дрвја и зеленило дополнети со фонатана и пергола го опкружуваат нивниот дом. Семејството Тодоровски одлучиле, по 4 децении поминати во странство надвор од татковината,  пензионерските денови да ги поминат во Охрид. Задовоството и мирот во животот го пронашле во уредување на својата градина. „ По...

Продолжи со читање

Алексијоски: Опозицијата ја манипулира јавноста за работата на ДЈП Колекторски систем

Post Views: 207 За ситни политички поени опозицијата пласира низа дезинформции во јавоста меѓу кои за двојно зголемена цената на водата, кажа на прес- конференција  Алексијоски. Точно е дека е зголемена цената, но да потсетиме на фактот и да не заборавиме дека тоа се должи на Решението од Регулаторна Комисија од 2017 кога се поставени новите цени од 10 денари на 17 денари додека беа тие на власт. „Тие цени се добиени согласно пресметки кои нивните тогашни стручни лица врз основа на финансиските извештаи беа должни да ги предадат до Регулаторна комисија за таа да излезе со цена....

Продолжи со читање

Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот

Post Views: 522 Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков,  сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По  пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов  очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот.„Во февруари и март...

Продолжи со читање

Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка

Post Views: 201 Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите  им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на  проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.  „ Ние не добиваме...

Продолжи со читање

„Звуците на длетото“ изложба посветена на 12 охридски резбари

Post Views: 293 Со наслов  „Звуците на длетото“ започна  изложбата посветена на повеќемина охридски резбари. Организаторот на изложбата, етнологот Оливера Мишева, од охридскиот Завод и Музеј  направила избор на дела работени во разни техники. Љубителите  на оваа уметност имаат можност да ги видат делата изработени во плитка, длабока и поткопана резба. Има изложено рељефи, скулптури, делови од иконостаси со библиски сцени, појаснува Мишева, за  делата од 12- мината резбари.„Тие се претставнаци на различни генерации – мајстори кои го изучиле занаетот во резбарското училиште  Андон...

Продолжи со читање

Се снима документарен филм за Охридското востание

Post Views: 269 Охридскиот режисер Илија Пиперкоски подготвува документарен филм за Охридското востание кое се случило  12  септември 1913 година. Станува збор за многу малку познат историски настан,  во кој македонците на чело со охриѓанецот Петар Чауле и албанците со Сефедин Пустина, по Букурешкиот договор спонтано како револт од срамниот договор се дигнале на востание против  српскиот окупатор. За жал востанието било крваво задушено, напоменува историчарот Никола Митровиќ.„На нас младите историчари, уметници и режисери ни припаѓа честа да го популризираме Охридското востание кое...

Продолжи со читање

Полицискиот час дава резултати, опаѓа бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид 19

Post Views: 196 Бројот на новодијагостицирани пациенти со ковид 19 е во опаѓање. Денес тој број е под 1000 инфицирани и очекуваме да се стабилизира состојбата во наредните денови, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Полицискиот час кој беше воведен пред една недела ги дава ефектите, но Комисијата за заразни болести ќе ги следи состојбите со овој бран на ковид 19. Нова проценка на состојбите ќе има следната недела и ако има потреба ќе се преземаат нови мерки.  „Дополнителни рестриктивни мерки како следен чекор би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување...

Продолжи со читање

ЈП„Галичица“ располага со доволни количини огревно дрво

Post Views: 237 ЈП „ Галичица“  располага со доволни количини огревно дрво. Во стовариштето  на подружницата на Галичица, Македoнски шуми во моментов има за продажба околу 6000 метри просторно дрво, информираат од јавното претпријатие. Од нив 4500 се бука и 1500 просторни метри даб, напоменува в.директорот на ЈП Галичица, Зоран Неданоски.  Тој додава дека од 1 септември  интересот  на граѓаните за купување на огревно дрво се зголемува.„ Имаме доволни количини и нема опасност месното население да биде снабдено со огревно дрво. Покрај тоа што имаме доволни количини дрво во стовариштето...

Продолжи со читање

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Post Views: 367 Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски...

Продолжи со читање