Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Склучила договор за користење интренет, услугата не ја добива, а плаќа сметки

Post Views: 201   Виолета Белическа Ивановска се жали на неисполнета услуга од ВИП мобилниот опрератор. Таа  склучила договор на 24 месеци за користење на интернет услуга. Тврди дека од  17 април па се до денес не може да ја користи бараната услуга, заради дефект.  Побарала од продажниот центар на мобилниот оператор ВИП во Охрид,  како што вели да се отстрани проблемот за да ја користи услугата, а не да плаќа нешто што не го користи. УСБто преку кој Белическа Ивановска треба да ја користи интернет услугата од 23 август е доставен во ВИП и чека одговор што ќе се случи понатака. „ Мислам...

Продолжи со читање

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Post Views: 451 Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова...

Продолжи со читање

Неповолна година за охридските пчелари

Post Views: 179   Променливите временски услови годинава неповолно се одразија врз пчеларството во нашиот регион. Богоја Петровски е пчелар со 20 годишно искуство  и оваа година ја отценува како една од послабите. Резултатите од пчеларството зависат од вложениот труд на пчеларот, оној кој вложува повеќе труд добива  и подобри резулатати. Пчеларите кои ги носат сандаците на паша поминуваат подобро од они кои сандациите ги имаат стационарано на едно место. За нив времето не беше наклонето па и приходите ќе бидат во насока на  покривање на трошоците, нагласува Петровски. Појаснува дека...

Продолжи со читање

За руралните средини нема проекти за реконструкција на локалните патишта

Post Views: 220 Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски, ги повика сите 80 општини од земјава да аплицираат со изработени проекти за заем од 70 милиони евра од Светска банка за подобрување на патната инфраструктура. Неодамна од говорницата во градскиот Совет, Гоце Георгиески, советник од редовите на Вмро Дпмне, праша дали има можност за конкретна реализација во нивниот мандат за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во руралните средини во Охрид. „Во програмата ставивме за реализација на проекти за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во...

Продолжи со читање

Младите се поретко се одлучуваат за многудетно семејство

Post Views: 198   Во Охрид наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта. Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува. Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство. Охриѓани имаат свое мислење и гледиште зошто ни се случува оваа негативна социолошка појава. „Економските услови,...

Продолжи со читање

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 188 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска...

Продолжи со читање

Mедијаторството бавно се прифаќа од граѓаните и бизнис заедницата

Post Views: 219 Медијаторството како алтернативен начин на мирно решавање на споровите е непознаница за граѓаните и бизнис заедницата. Законот за медијација се применува од 2006 година и кај нас споро се прифаќаат неговите бенефити и сме сеуште далеку зад Еврпските земји во примената на медијацијата, вели д-р Јелисавета Георгиева Јовеска, лиценциран медијатор и потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Напредок во оваа област има во последните 5 години по Законските измени во 2016 година кога се додава членот за задолжителен обид за медијација на спорови до 1 милион денари....

Продолжи со читање

Неформална средба Бакрачески – Месиќ

Post Views: 183 Градоначалникот Никола Бакрачески го прими во неформална посета Стипе Месиќ поранешниот хрватски претседател. Охридскиот градоначалник и хрватскиот дипломат разговарале на повеќе теми како од политиката така и од животот. Чест е да се има за гостин човек како Месиќ искрен пријател на Република Македонија и Охрид, рече при тоа Бакрачески.„ Денес и вчера имавме можност да поминеме во неформални и пријателски разговори со Стипе Месиќ и отворивме многу теми од политиката, дипломатијата како и општи теми од животот. Месиќ е човек од кој може многу да се научи, ми беше чест...

Продолжи со читање

На нервно во охридската болница се бара кревет повеќе

Post Views: 446 Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат  сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека  станува збор за најчест случај на пациенти со  мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и  Струга, укажува...

Продолжи со читање

„Проглас“ двојазично издание спој на словачкиот и македонскиот народ

Post Views: 273 Осмислувањето и преводот  на двојазичното издание  на книгата„ Проглас“, на словачки и македонски јазик е дело на охридскиот славист и прведувач Стојан Лекоски.  Проектот е финасиран од словачкото министерство за култура. Покрај  Проглас, првата напишана песна на Св Кирил, по која е и насловена книгата, Лекоски  избрал текстови од Теодор Кришка и историчарот Матеш Кучера со литературен и историски осврт за значењето на оваа песна. Уводниот дел од книгата му го доверил на архиепископот Кирил Васил, секретар на конгрегацијата на Источните цркви во Ватикан, објаснува ...

Продолжи со читање

Три генерации на охридски уметници во 20 век

Post Views: 457 Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години.„Од самото истражување произлезе дека во Охрид...

Продолжи со читање

Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири

Post Views: 191 Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето  се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули  беше  довршена  деновиве,  месец и половина по отпочнување на  работите.Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти.  Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од...

Продолжи со читање