Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Јагма за место во охридските градинки

Post Views: 276 Над 145 деца се на листа на чекање за место во 5-те градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“. Во моментов реално според капацитетите, нема место ниту за едно од овие деца. Од 15- ти август дневно пристигаат и по 20 барања за место во градинката што ги надмина нашите очекувања, информира директорката на детската установа  Роза Костеска . Тоа е бројка која и кога би се изградиле два нови објекти  не би ги задоволиле сегашните потреби. Со децата кои треба да посетуваат продолжен престој оваа бројка би достигнала и до 750 деца за кој нашите градинки  немаат  капацитет, вели Костеска....

Продолжи со читање

Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство

Post Views: 174 Се повеќе охриѓани, за летување во странство или пак  патување, користат потврди за право на користење на здравствени услуги. Граѓаните се повеќе ги знаат своите права и ги бараат двојазичните потврди, информираат од подрачната единица на охридскиот Фонд за здравствено осигурување. Потврдите ги издава Комисија од фондот,  на која претходно лицата кои  патуваат во странствово  зависност од полот,  доставуваат  потврди од матичниот лекар и гинеколог. Овие потврди  се бесплатни, напоменуваат од Фондот.Во ФЗО велат дека двојазичните потврди важат  само доколку корисниците...

Продолжи со читање

Кејот се претвара во нова фестивалска сцена

Post Views: 187 Од синоќа на шеталиштето се поставува бина со огромни димензии  која го попречува движењето. Организаторите  на годинешното издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ велат дека ги имаат сите потребни документи и бината ја поставуваат со амин на Локалната самоуправа.  Веројатно понесени од фестивалската атмосфера надлежните институции со одобрението за поставување на бина  на кејот заборавиле и на пешаците,  моторџиите и велсосипедистите. Граѓаните не се воодушевени од идејата. „Како пешаци ни смета, а и на оние што возат , но се останува на градските валсти“....

Продолжи со читање

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Post Views: 200 Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата...

Продолжи со читање

Стотина палми ќе бидат засадени на охридскиот кеј

Post Views: 191 Охридскиот кеј ќе биде хортикултурно оплеменет со уште сто нови палмини садници. Во 2014 година се планира да се посадат уште стотина ама на која локацијата засега не е прецизирано. Садниците на егзотичното дрво се од истиот вид на палми кои ги има на охрискиот кеј. Станува збор за  домашно производство на палми  високи 2,5 метри, информира помошникот директор на ЈП Македонски шуми, Игор Лазаровски.„ Веќе има успешен пример на прием на палмите на кејот. Трите се од истиот вид влакнести палми кои планираме да се засадат и  се најотпорни на минусни температури. Предност...

Продолжи со читање

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид

Post Views: 210 Утре Охрид го напуштаат полициските службеници Драган  Лукиќ од Белград и Славиша Илиќ од Ниш кои еден месец беа на работна задача во градот. Овие двајца српски полицајци беа дел од проектот за меѓусебна соработка за размена на полициски службеници помеѓу македонската  и српската влада и Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Искуството на српските полицајци  од едномесечниот ангажман заедно со македонските колеги  е позитивно. Тие раскажаа и за  средбите со нивни државјани кои се на летување во Охрид , а  кои не можеле да поверуваат дека нивни полицајци...

Продолжи со читање

Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе

Post Views: 211 Инфо центарот на влезот од Охрид нити се дилоцира нити проработе. Оваа сезона инфо центарот на влезот од Охрид нити се дислоцира нити проработе. Инфо центарот на северниот влез во градот со тоа потврди дека е пропадната инвестиција. Затворена врата, искршена табла и запуштена околина е сликата која ги дочекува гостите кои доаѓаат во Охрид , но доколку  го забележат. Според раководството на Тлер инфо центарот мината сезона не го оправдал очекуваниот ефект. Воопшто не бил посетуван од гостите што покажало дека не е исплатливо да се стави во функција оваа туристичка сезона....

Продолжи со читање

Премиера на „Живот под кирија“ на Охридско лето

Post Views: 177 „ Живот под кирија“  е претставата  која утревечер ќе се прикажува на фестивалскиот репертоар на Охридско лето. Театарската претстава е надреална сатира, премира, фокусирана на животот на младиот режисер Дин и неговите почетоци за создавање на еден нов свет во театарот. Неговото искуство ќе покаже дека тука не оди се така лесно. Дин се соочува со непослушност на акатерите  и  управата кои театарот го гледаат како начин за постигнување на други цели. Улогата на Дин ја толкува актерот, Бесфорт Идризи.  Автор на сценариото на претставата „Живот под кирија“ е Рефет Абази...

Продолжи со читање

Младите охриѓани даруваат крв и стануваат дел од семејството хумани крводарители

Post Views: 227 Охридската организација на Црвен Крст ги реализирала планираните количества од крвни деривати минатата година и покрај вонредната состојба со Ковид кризата. Работевме макотрпно и организиравме 14 крводарителни акции со преку 1000 крводарувања со строги протоколи во услови кои не дозволуваа организирање поголеми јавни собири за да се промовира и унапредува крвдорителството, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК. „Планот за крводарувањето се прави од Институтот за трансфузициона медицина и е околу 50.000 единици крв. Секоја година се натфрла и се задоволуваат...

Продолжи со читање

Единствениот занаетчија на рачна резба на кожа и книговез остана без локација за тезга

Post Views: 182 Драган Георгиевски  е занаетчија  кој произведува разни  употребни предмети со рачна резба на кожа и хартија.  Тој е единствен занаетчија во градот со овие две  уникатни и ретки дејности постојано обидувајќи се да биде креативен, следејќи ги светските  трендови.  Книговезството е  нивна семејна традиција  повеќе од 3 децении, занаетот го научил и наследил од неговиот татко. Додека тајните на  рачната изработка на длаборез на кожа започнал да ги изучува самоуко, со многу труд, љубов и желба да се направи нешто ретко што потекнува од САД. Како и останатите  занаетчии ...

Продолжи со читање

Младите преку рекреативен спорт и екологија ќе го развиваат мултиетничкото живеење

Post Views: 201 Деца од повеќе националности и општини од земјава преку спорт и екологија  ќе ги развиваат телесните, духовните и културните вредности. Во хотел Далјан, на охридското крајбрежје, основците се дел од проектот „Младите преку спорт и екологија до мултиетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“. Претседателот  на Граѓанската асоцијација за рекреативно движење ( Гард), Гоце Илиески ја нагласува потребата од практикување на рекреативни спортски активности, развивање на  еколошка свест  и соживотот меѓу националностите кај младите личности.    „ Во рамките на нашите...

Продолжи со читање

Охриѓани и гостите даруваа крв, на Плаошник собрани рекордни 154 крвни единици

Post Views: 171 На традиционалната крводарителска акција што се одржа на Плаошник се собрани рекордни 154 крвни единици. Во текот на дводневната акција крв даруваа веќе потврдени крводарители од градот,  но и гости кои летуваат во Охрид. Еден од нив е охриѓанецот Ацо Атанасов  кој 30 години е крводарител. Овој хуман човек досега подарил над  40 пати крв. Атанасов и овој пат не заборави да дојде на Плаошник и да се приклучи на хуманата  крводарителска акција заедно со својата ќерка Славјанка, која чекори по хуманите постапки на татко и. „ На овој ден дарувам и ги поттикнувам  и другите...

Продолжи со читање