Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Се поголем е интересот за упис на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле

Post Views: 1 На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле на свечен начин им беа врачени дипломите на 73 завршени академци. Информатичарите од овој универзитет се задоволни од  стекнатото образование и  диплома на факултетот за информатички науки и технологии, а поголемиот дел од нив понатамошното професионално  реализирање го гледаат во земјава. Меѓу дипломираните студенти кои се стекнале со диплома на овој Универзитет е и информатичарот од факултетот за машинска интелигенција и роботика, Александар Лазаревски.„Јас работам во информатичка фирма и е...

Продолжи со читање

Во охридскиот центар за социјални работи во тек е оглас за вработување на деца без родители

Post Views: 7 За невработените лица  кои имаат статус на  деца без родители и без родителска грижа сместени во установи, згрижувачки семејства или кои биле под старателски надзор, тече оглас за вработување. На овие лица, со посредство на охридскиот Центар за социјални работи им се овозможува помош за да им се олесни животот. На нив, покрај вработувањето, им се помага и за добивање на социјален стан  и финансиска поддршка во текот на школувањето и студирањето. Од први септември веќе тече огласот за вработување на овие лица, информира  Гордана Атанасовска од Центарот за социјални...

Продолжи со читање

Парична помош на средношколците од семејствата корисници на социјална парична помош

Post Views: 3 За редовните средношколци чии семејства се приматели на социјална постојана парична помош и на оние на кое тоа право им е во мирување има оглас за користење на условен паричен  надоместок во висина од 12.000 денари. Овие средства се доделуваат на семејства кои маат редовни средношколци. Тие во текот на школската година за да им се подобри  квалитетот на образованието добиваат финансиска поддршка.  Аплицирањето  започна  на 1 септември, а ќе трае до 31 март 2017 година. Досега се пријавиле 20 средношколци чии семејства примаат социјална парична помош, информира...

Продолжи со читање

Кениецот Абел Кибелт Роб го сруши рекордот на јубилејниот 30ти Охридски атлетски маратон

Post Views: 5 Јубилејното 3 децениско издание на Охридскиот атлетски маратон се одржа и покрај сите  финансиски потешкотии со кои се соочуваше при  организацијата. И додека интересот на атлетичарите за учество на еден од најстарите мартони во Европа  станува се поголем, од друга страна пак  интересот на домашните институции за негова финасиска поддршка е се помал. Манифестацијата која традиционално се одржува на Денот на независноста  се оддржа и покрај врнежливото време. Во текот на трката која стартуваше од Св. Наум не се откажа  ниту еден учесник а се рушеа и рекорди ,...

Продолжи со читање

Бела ноќ за Денот на независноста во охридската библиотека Григор Прличев

Post Views: 4 8- ми Септември, Денот на независноста на Македонија го одбележа и охридската библиотека Григор Прличев. Во три категории беа  изложени  стари и уникатни книги  кои датираат од 1880 до 1944 година. Книгите биле грижливо чувани во минатото, а таков е односот на вработените и денес.   Беа доделени и благодарници до дел од охриѓани кои дарувале книги. Директорката на библиотеката Александра Белеска напоменува дека  книги подаруваат и голем број институции, амбасади, писатели и поединици.„Поединци подаруваат многу често книги.Минатата недела една жена подари два нови...

Продолжи со читање

За лицата со попреченост ќе има приоди на улиците на кои во тек е реконструкција

Post Views: 1 Охриѓани заинтересирани дали лицата со инвалидитет ќе може да се движат без потешкотии на трите градски улици на кои се изведува реконструкција. Прашуваат дали на улиците 15ти Корпус, Абас Емин и Јане Сандански ќе има непречен пристап за лицата со инвалидитет. Општина Охрид внимава на почитување на законските прописи. Нема место за импровизации во проектите за подобрување на патната инфраструктура бидејќи градежните зафати  се изведуваат според највисоките стандарди, вели Томе Џамтоски, општинскиот портпарол.   Тоа подразбира непречено одвивање на...

Продолжи со читање

Охридскиот театар со редовен репертоaр започнува од средината на месецов

Post Views: 5 На 17 септември започнува со работа и со редовен репертоар охридскиот театар. Актерите ветуваат нова возбудлива театарска сезона со  две премиери од кои едната е за деца. Деновиве стартуваат со подговтвките, а според очекувањата ќе бидат прикажани на почетoкот и на крајот од октомври. Најмладите, пак  ќе имаат можност да видат претстава со исклучителен текст и порака, детската претстава Малиот принц во режија на Ѓорѓи Ризевски, кажува Горан Стојаноски  директорот на НУ Центар за култура Григор Прличев. Веднаш следуваат и подготовките за претставата Дениција во...

Продолжи со читање

Изградбата на спортската сала за учениците од Кочо Рацин се одолговлекува

Post Views: 2 Околу 380 ученици од ОУ Кочо Рацин со нетрпение ја очекуваат изградбата на училишната спортска сала. Учениците така ќе може да изведуваат редовна настава и во зимски услови, а не во училниците. Иако, од Министерството за образование и наука најавуваа дека темелите на салата ќе бидат удрени во декември мината година тоа не се случи нити на почетокот од оваа школска година. Од Локалната  самоуправа признаваат дека процедурата траела подолго, а како главна причина ја наведуваат правната процедура  за разарешување на имотно-правните односи за дел од парцелата каде што...

Продолжи со читање