Автор: Валентина Неловска
Post Views: 257 Охрид како туристички центар е привлечен за луѓе и деца кои питаат по охридската чаршија, а не само за летување на домашни и странски туристи. Овие луѓе најчесто доаѓаат од други градови да заработат на лесен начин со питање, од битолски Бајро ,од скопска Шутка, а поретко од Штип и Велес, вели Илче Миштакоски, специјален педагог од охридскиот центар за социјални работи. Ние се соочуваме со овој проблем посебно во пролетните и летните месеци,кога и градот е пофрекфентен со гости. Постапуваме во координација со полицијата , но тоа не го решава проблемот. За лицата...
Државата нема пари за патувањето на математичарите на Светската Олимпијада во Колумбија
Post Views: 442 17 годишниот охридски, средношколец Никола Грунчевски е најмладиот член на македонската репрезентација на математичари. Грунчевски за една недела со репрезентацијата треба да отпатува на светската Олимпијада во Колумбија, Латинска Америка. Трошоците за патувањето и визата се во висина од околу 2000 евра и треба да ги покрие неговото семејство. Грунчевски штотуку се врати од натпреварот на Балканската Олимпијада во Кипар и тоа со бронзена медалја каде што се натпреваруваше под боите на македонското знаме, но без финасиска поддршка од државата. Никола и неговото семејство...
Продолжува приказната со изградба на јавни тоалети од цврста градба
Post Views: 197 Пред стартот на туристичката сезона, како некое непишано правило, се актуелизира проблемот со јавни тоалети. Тоалетите не дека се потребни само во лето, но тоа е период кога градот како туристички центар е посетуван од бројни домашни и странски гости. На изглед банален, но сериозен проблем, кој се провлекува со години наназад. Приказната со изградба на тоалети од цврста градба секоја година е позната и почнува со ветување дека на проблемот се работи. Ставот на новата Локална самоуправа е со истата реторика, архиетктите работат на негово решавање. „ Во моментов...
Охриѓани дисциплинирани за време на полицискиот час
Post Views: 189 Полициските службеници од СВР Охрид не регистрирале нарушувања на полицскиот час од 22 до 5 часот утрово. Охриѓани биле дисциплинирани за време на спроведување на забрана која почна од синоќа по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на корона вирусот. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид упатува апел до граѓаните. „И понатаму да се придржуваат до одредбите на плицискиот час и останатите одредби од заштита од ковид 19, на сите безбедносни – хигиенски мерки и протоколи за сите заедно да придонесеме за ефикасно елиминирање на...
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид
Post Views: 215 Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн организирана од Факутетот за архитектира и дизајн при Американ Колеџ, Скопје. Во текот на една седмица, триесеттина студенти од овој факултет, работеа на изработка на проекти на три локации во Охрид, на плоштадот кај Чинарот, кај поранешното училиште Свети Сава и на Долни Сарај. Владимир Георгиев, студент на трета година на скопскиот Американ колеџ, беше дел од летната школа за архитектура и дизајн. Георгиев е задоволен од можноста да работи и учи од врвни имиња од светот на архитектурата, а не го крие воодушевувањето...
Нелегална сеча на огревно дрво има во шумите на територија на општина Охрид и Дебрца
Post Views: 186 Нелегалната сеча го загрозува одржливото управување со македонските шуми. Во земјава шумата се уништува со сеча за огревно дрво. Се сечат шуми насекаде, а не е исклучок ни подрачјето кое го покрива шумското стопанство Галичица на делот од охридската општина и Дебрца, информира Славчо Голабоски, раководител на охридската поддружница. „Нелегалната сеча е насекаде на територија на општина Охрид. Се забележува нелегална сеча на Буково, во атарите на селата Вапила, Мешеишта. Во Дебрца има поголема нелегална сеча на границата со струшката општина на делот со Црвена Вода....
„Македонски овошни приказни во стих“ аудиовизуелен проект за деца
Post Views: 279 Песнички за сливата, јаболкото, калинката и другите овошки кои виреат во земјава се дел од најновото издание „Македонски овошни приказни во стих“, наменети за најмладите читатели. Весна Пирузева Петровска е автор на аудиовизуелниот проект, песни за деца и боенка пропратени со аудиозапис на стиховите. Идејата на авторката првично била да напише книга со детски песнички за секое овошје, но подоцна добила поинаков тек.„ Пишувајќи ги песничките се внесов во детскиот свет, па идејата сама по себе се наметна и произлезе друга целина. Помислив зошто стиховите да не се...
Последните сметки за струја непријатно изненадија дел од охриѓани
Post Views: 450 Дел од охриѓани останаа непријатно изненадени од последните сметки за струја испорчани од ЕВН. Во тарифата ефтина струја им беше впишан износ нула. ЕВН не им ја пресметала потрошената електрична струја по ефтината тарифа што предизвика револт и прашалници кај корисниците зошто во сметките не е пресметана струја. Од компанијата уверуваат во никој случај потрошувачите нема да бидат оштетени. „ Вакви случаи има кај поедини корисници каде очитувањата се направени оптички. Очитаната вредност била претпоставена за потрошената електрична енергија. Од повеќе причини...
Во Општа болница Охрид недостасуваат рендгенолози
Post Views: 473 Одделението за радиологија при општа болница Охрид остана без специјалисти рендгенолози. Во моментов болницата располага со еден рендгенолог ангажиран на одделот за компјутерска томографија. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов информира дека го известил ресорното Министерство и покренал иницијатива да се најдат излезни решенија за настанатата ситуација од недостаток на специјалисти рендгенолози. За нормално да се одвиваат болничките прегледи на болницата и се потребни минимум тројца рендгенолози, вели д-р Арнаудов. Засега болницата располага со доволно...
Се поставува водоводна мрежа во населбата Рача пред стартот на туристичката сезона
Post Views: 191 Градежни зафати врз водоводната мрежа во населбата на потег Рача и Горица ги разлути тамошните станоиздавачи. Со изведување на земјените ископи се затвара приодот кон дел од апартманите во населбата, а станоиздавачите на објектите кои очекуваат гости сега стравуваат дека ќе им бидат откажани резервациите. Со нетрпение ја очекувавме туристичката сезона, а сега со овие зафати пред самиот почетокот на сезоната ќе останаме без гости, стравуваат станоиздавачите. Тие се прашуваат кој ќе сноси одговорноста за нивната штета. А Локалната самоуправа на овој потег поставува...
„Сирано“ премиера на Охридскиот народен театар
Post Views: 195 Актерите од Охридскиот народен театар во сопствена продукција ќе имаат премиера со претставата „Сирано“. Станува збор за комедија на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски, информира за новиот театарски проект, Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев. „Во ова време невреме ја поканувам публиката да ја посети претставата да ужива, да се насмее и да однесе дома една позитивна атмосфера“ . Во претставата „Сирано“ играат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодоровски, Филип Кипровски, Ивица Цонев, Павел Маслов и Биљана Билаловиќ Вељаноска....
Охридските села не искористиле пари од фондовите од Европската унија и Владата
Post Views: 174 До 8 јули тече третиот повик за користење на средства од владината Агенција за за поддршка на земјоделски и рурален развој. Од ЕД Грашница во соработка со жителите од село Орман реагираат дека институциите се неажурни во подготвување на апликациите за да се искористат средства за развој на селата. Борис Стојаноски од ЕД Грашница, напоменува дека досега охридските села не искоритиле пари за развој нити од ИПАРД фондовите на Европската унија , но ни од Владата на Македонија. Поголемиот број на села имаат нужна потреба од канализација, водовод, патна инфрстатруктура,...