Автор: Валентина Неловска
Post Views: 241 Метална брана со заштитна мрежа ќе се поставува на реката Черава за ад се спречи тешко разградлив пластичен отпад да заврши во водите на Охридското езеро. Реката Черава, која тече низ Албанија и се влева во езерото кај Љубанишко поле со себе носи дел од огромни количини разновиден отпад кој е натрупан покрај нејзиното корито. Отпадот кој завршува во речното корито е одраз на ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото кои често се користат како депонија. Македонските еколози со години апелираат Општините Охрид и Поградец...
Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми
Post Views: 210 Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната самоуправа...
Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид
Post Views: 264 Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид Црвениот тепих пред Центарот за култура, синоќа, сепак беше распослан за традиционално, по 6 -ти пат да ги дочека француските филмаџии и љубителите на францускиот филм. Со проекција на филмот Ангела и Тони започна вториот дел на фестивалот на францускиот филм во Охрид по свеченото отварање во Скопје. Фестивалот го отворија охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, а гости беа претставници од Каен, Нормандија,со кои Охрид има кулурни врски, режисерката...
Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент
Post Views: 301 Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група, составена од седумина охридски средношколци и осумина млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на училишното...
На ниско ниво комуналната хигиена на плажата Канео
Post Views: 231 Запоставена е јавната хигиена на крајбрежниот простор под црквата Канео. Посетители реагираат дека просторот на една од најатрактивните локации во градот не заслужува таков третман. Расфрлани штици од делови од поранешните платформи кои ги користел концесионерот на плажата, бетонски парапетчиња, преполни метални корпи и расфрлани отпадоци е сликата со која се соочуваат туристите кои доаѓаат по сувоземниот пат кој води покрај крајбрежјето под црквата Канео. ТВМ Телевизија се обрати до „ЈП Охридски Комуналец“ со прашање зошто не ги празнат корпите со отпад и не ја...
Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Охрид
Post Views: 204 6-то издание на Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје со филмот „Ками повторува“ на Наоми Лавовски, а ќе заврши во Охрид со „Последната изборна програма“ на Бернар Стора. Фестивалот стартува вечерва во Скопје и по два дена ќе продолжи во Охрид, со проекции и врачувањето на наградата за животно остварување, кажува Зоран Велјаноски Летра, извршен директор на Францускит филмски фестивал. Велјаноски ги појасни причините зошто фестивалот кој почнуваше во Охрид овој пат има нова концепција. „ Техниката е причина за ваквата одлука. Квалитетот на најсовремената...
Општина Охрид со над 1 милион евра е на шесто место во земјава по наплата на данок на имот
Post Views: 478 Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година. Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум општини...
Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза
Post Views: 270 Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза. Во атарот на селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци. Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината.„ Пцовисаната мрша...
Охридските училишта задоволни од резултатите од екстерното тестирање
Post Views: 188 Средните и основните училишта ги добија резултатите од екстерното оценување. Обработените тестовите од екстерното оценување не покажуваат големи осцилации и отстапки помеѓу оценките добиени на тестирањето со оние на наставниците. ТВМ ги контактираше сите директори на основните и средни училишта во градот. Првите луѓе на средните општински училишта се задоволни од резултатите добиени од екстерното оценување.Јане Цаноски, директор на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски, напоменува дека резултатите од екстерното ги добиле вчера и во тек е изработката на анализата на резултатите и ...
Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта
Post Views: 233 Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306. Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат 34 ученици....
Бројот на регистрирани станоиздавачи е во нагорна линија во општина Охрид
Post Views: 193 Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти. „Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се категоризираат...
Вратите на инфо центарот во НП Галичица отворени за посета
Post Views: 251 Опремен и отворен за посетителите инфо центарот во НП Галичица. Од почетокот на годината кога профункционира па досега го посетиле 15-тина организирани групи учесници на конгреси и семинари во Охрид, напоменува Огнен Достиноски раководител на секторот за одржлив туризам и екологија во НП Галичица. Во едукативна посета биле и основците од неколку охридски училишта.„Промотивен материјал за флората, фауната и културно историските богатства во паркот има доволно. Околу еден час трае презентацијата за посетителите во инфо центарот, а околу пола часа се оди по патеката....