Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Инспекторите од Државен пазарен инспекторат во контроли за врема на продолжениот празничен викенд констатирале низа пропусти и изрекле казни забрана за вршење на дејност на организатори на музички настани во Охрид. Инспекторите од охридскиот Државен пазарен инспекторат имаа интензивни контроли во изминатиов продолжен празничен викенд. Охрид како туристичка дестинација, овие денови е привлечен не само за гости кои бараа разладување од горештените во езерските води туку и од фановите на бројни музички концерти од сите жанрови. Пазарните инспектори имаат полни раце...
Во месец август во Охрид имало помал број на пожари од лани
Post Views: 3 Во месец август охридските пожарникари имале 17 интервенции. Се гаселе пожари на објекти, хотели, магацин, стрништа. Се интервенирало при 2 сообраќајни несреќи, имале 16 достави на техничка вода, 2 отклучувања на објекти и 3 обезбедувања на концерти и манифестации. Шест интервенции биле на запалени објекти, а останатите биле на гасења на пожари на отворено. Пожарникарите имале 5 интервенции на гасење на запален контејнер и на локализирање пожари во атарите на селата Лескоец, Волино, Лакочереј и Оровник. Исто така, пожарникарите интервенирале и на гасење на 5...
Од ЦУК уверуваат охридските реки и речни канали се протечни
Post Views: 4 Во овој момент во општина Охрид нема сериозни проблеми од синоќешните дождови. Врнежите не предизвикаа сериозни проблеми, а во текот на ноќта имаше во одделни реони од градот и околни села кратки прекини со напојување на електричната енергија, информираат од Центарот за управување со кризи.„ Реките имаат доволно можност да ја примат оваа количина на врнежи. Очекувањата попладне и во текот на ноќта се дека времето полека ќе се смирува и не се очекуваат сериозни нови врнежи од дожд“, информира Митко Темелкоски од ЦУК.Нема излевање на речните корита и канали затоа...
Зголемен бројглувци во некои охридски населби
Post Views: 1 Во населбата Бараки „Гоце Делчев“ и на улицата Дејан Војвода граѓаните јавуваат за зголемено присуство на глувци во нивните средини. Жителите стравуваат од заразни болести кои ги пренесуваат овие глодари. Од Центарот за јавно здравје пак, информираат дека досега не добиле информција за појава на наезда на глувци во делови од градот, а ја најавуваат редовната планирана системска дератизација во градот и околните места, кажува епидемилогот од Центарот за јавно здравје д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.„Планирано е на почетокот на септември да се изведе...
Во охридската чаршија повеќе шетачи од купувачи
Post Views: 4 Сувенири од керамика, кожа, стакло, плетени и везени работи, накит, слики, се дел од производите кои се нудат во охридската чаршија. Продавачите кажуваат дека најмногу се барани производите кои носат ознака hendmade. Цените се пристапни и има купувачи, велат едни, а пак за други оваа сезона продажбата оди слабо. Опинчарот Милан Белески, познат занаетчија во охридската чаршија, вели годинава туристите повеќе гледаат отколку што купуваат и сезоната е просечна. „И лани беше вака не беше нешто подобро.Шетаат луѓе по чаршијата, некој влегуваат, гледаат, нешто што...
Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за ОУ Живко Чинго
Post Views: 6 Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото. „ Проектот со кој се намнети средства за поправка на надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема...
Видиковецот во НП Галичица и понатака преплавен со отпадоци
Post Views: 3 Слики од видиковецот во НП Галичица каде што се гледа дека е преплавен со отпадоци пристигнаа во нашата редакција. Посетителите кои сакале да уживаат во овој летниковец се револтирани од нечистиот парк и рафрланиот смет. Нашите обиди да дознаеме под чија надлежност е видиковецот и кој треба да го чисти останаа без успех. На повиците не одговараа ни директорот на Комуналец ни ракводителот на секторот за одржување на паркот од Галичица. За оваа тема не е прв пат да сме пишувале. На 2 февруари оваа година видиковецот бил исто така тема во Днвеник и пишувавме за...
За колекторот да се грижи државата се согласија охридските советници
Post Views: 3 Со одлука на Совет се прифати планот за поделбата на МЈП Проква на 3 претпријатија. Водоводно претпријатие во Охрид и Струга и претпријатие за одржување на колекторскиот систем. Оваа иницијатива датира од пред една деценија и сега добива можност да стане и реалност. Охридските советници едногласни во ставот меѓуопштинското претпријатие Колектор да стане државно претпријатие. На наредната седница се очекува да донесат заклучок со кој претставници од општините ќе побараат од Владата да го земе под своја капа управувањето и одржувањето на колекторскиот...