Автор: Валентина Неловска
Post Views: 227Од ОУ Григор Прличев изработија проект со кој упатија видео честитка до сите жени по повод Интернационалниот ден на жената 8 -ми Март. На оргинален начин со проектот насловен „Жената е…“ потврдија дека се единствени и креативни. На забавно – едукативен начин ја прикажаа вредноста на жената во општеството, потребата од внимание и почит од спротивниот пол и големината на убавиот збор посветен на жената. Вo подготовката на видео проектот учествуваа родители / старатели од различни професионални профили и учениците од 1 до 9 одделение. Основците од...
Туристички инфо центар потребен само во центарот на Охрид
Post Views: 228 Туристичкиот информативен центар поставен на северниот влез од градот на патниот потег Охрид – Струга ќе се дислоцира. Од Тлер најавуваат дека ќе го преместат во централното градско подрачје. Фрекфенцијата на туристите е најголема во ценатрот на градот и се одлучивме за негово преместување, кажува Ѓоко Апостолоски, раководител на Тлер. Во тек е законска постапка за издавање на нова локација за негово поставување. „Увидовме дека неговата функција беше скоро никаква. Ретко кој гостин застануваше за да се информира. Градот не е голем за да има инфо центри на влезот....
Стоп за самоволниот однос на охридските таксисти
Post Views: 171 Дополнителни мерки за заштита на патниците од самоволието на некои охридски таксисти. Покрај задолжителните налепници со цени за превоз и лиценци истакнати на видно место ќе следува и фотографија за идентификација на таксистите. Локалната самоуправа и сопствениците на такси компаниите заедно со надележните инстутуции бараат начин како да се справат со злоупотребите кои ги прават некои несовесни возачи. Сашо Поп Доневски, претседателот на здружението на приватни такси компании укажува дека проблемот не е во нив туку во таксистите кои ги злоупотребуваат такси компаниите....
Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење
Post Views: 261 Исушената гранка на Чинарот е нем сведок за крајно несериозниот однос на институциите кон ова 11 века старо дрво. Бескорисно е тоа што дрвото е ставено под заштита на државата како споменик на природата. Институциите и по шест месеци не презедоа конкретни зафати за негова санација. Од месец декември кога се скрши гранката до денес Чинарот е оставен без соодветна грижа за негова санација. Институциите се иземаат од одговорност. Едни на други ги префрлаат надлежностите и така во недоглед со месеци. Никој во институциите не кажува отворено каде е проблемот и кој треба...
Голема штета е направена на јавното осветлување на патеката Лабино
Post Views: 256 Вандали атакуваат на пешачката патека кој води под Самоиловата Тврдина кон Лабино. Уништени се автентичните светилки фенерчиња, се крши заштитната ограда па дури се сечат металните корпи за отпадоци поставени покрај патеката. Искршени се 50тина фенерчиња распоредени на половина од должината на патеката. Многу од нив не светат во вечерните часови, а се и украдени голем број светилки. На патеката се забележува дека недостасуваат и поставени метални корпи за отпадоци, а се крши и заштитната ограда која деновиве беше санирана од страна на екипите на ЈП Градски пазар....
Уживањето во убавините на НП „Галичица“ ќе се наплаќа
Post Views: 220 Во НП „Галичица“ ќе се наплаќа влез, паркирање на возила и поставување на шатори. За посета на излетничките места Корита, Јадера и Лескоски уши домашните и странските посетители ќе треба да платат за да уживаат во природните богатства на паркот. Од наплата за влез во паркот ќе биде ослободено локалното население, но не и охриѓани. Посетителите за дневен престој за влез во паркот ќе треба да издвојат по 30 денари, за паркирање на автомобил 50 денари, а за поставување на шатор ќе платат 200 денари. За собирачите на печурки и лековити растенија ќе треба да издвојат...
„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 193 Утврдена програмата која ќе се изведува на 52 -то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На ревијалниот фестивал, во текот на 4 дена колку што трае, ќе се претстават 10 -тина земји од Балканот и Европа. На 6-ти јули, на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе биде отворен со македонскиот национален ансамбл „Танец“. „ Фестивалот ќе го отвори националниот ансамбл „Танец“ со досега неизведувана кореографија, информира Драгана Боцевска. Игрите се од Малешевскиот крај на Источна Македонија и досега не се прикажувани или пак одмна не биле изведувани од...
Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање
Post Views: 226 Претставници од Занаетчиската комора на Охрид се сретнаа со градоначалникот Никола Бакрачески. На градскиот татко му ги кажаа проблемите и потребите на занаетчиите. Бараа заеднички начин како да им се помогне во наделжностите кои ги има Локалната самоуправа. Градоначалникто Бакрачески кажа дека пред охридските совентици ќе го стави предлогот за укинување на комуналната такса во висина од 500 денари годишно за занаетите во изумирање.„ Ние, согласно член 36 од Законот за Локална самоуправа, веќе на наредната седница ќе ја ставиме предлог одлука за укинување на комуналната...
Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием
Post Views: 180 Градежни зафати се изведуваат на спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Иако салата беше пуштена во употреба пред два месеци не е направен технички прием. Од Локалната самоуправа информираат дека пред две недели стартувале мали зафати. Од скелињата поставени околу зградата може да се заклучи дека станува збор за обложување на фасадата на спортскиот објект. Спортската сала е со површина од 1211 м 2 има две соблекувални и капацитет од 500 гледачи, а со неа ќе стопанисува Локалната самоуправа. Покрај учениците од ОУ „ Живко Чинго“ кои ќе ја изведуваат...
Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот
Post Views: 196 Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано...
Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“
Post Views: 183 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот. Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен. „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...
В шума по печурки само со дозвола
Post Views: 347 Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега ќе мора дел од заработката да и плаќаат и на државата. Од неодамна државата започна со наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми. Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи кои се издаваат во ЈП „ Галичица“ поддружница на „Македонски шуми“. Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија. Според тарифникот...