Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Нема лични карти со адреса на живеење во Чекштина за тамошните жители

Post Views: 3 Жителите кои живеат во  охридската населба Чекоштина не можат да добијат лична карта со адреса на живеалиште во оваа населба. Напоменуваат дека имаат проблем со уличниот систем и не можат да извадат ваков документ. Со овој проблем  се соочуваат 50 -тина жители во Чекоштина, вели Ванчо Огненов еден  од жителите од оваа населба.„Неможеме да ја добиеме вистинската адреса. Добиваме пошта на Чекоштина бб , а во  секторот за внатрешни работи одбиваат да примат промена на живеалиште бидејќи не постоела формално населба Чекоштина. Поштата ја добивам како населба Чекоштина...

Продолжи со читање

Во Охрид се провлекуваат нелегални тезгаџии

Post Views: 6 Во летната туристичка сезона во Охрид нема само туристи туку и трговци кои заработуваат на легален  или нелегален начин. Покрај оние кои се легално поставени,  во вечерните чесови заблежеливо е дека се поставуваат тезги на локации кои не се предвидени за таа намена. Се провелкуваат нелеглно поставени тезги  и покрај тоа што инспекторите од  општинскиот инспекторат си ја вршат работата, тврди портпаролот Томе  Џамтоски.  „Луѓето кои заработуваат на тој начин дел од опремата може да ја расклопат за неколку минути и нашите инспектори не може тоа да го следат до крај...

Продолжи со читање

Загрозен статусот на Охридскиот регион под Унеско

Post Views: 5   Доведен под знак прашалник статусот на Охридскиот регион под заштита на Унеско. На последната седница на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Истанбул, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која Охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ваквото нотирање  е чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, алармираат еколозите од НВО  „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион под  УНЕСКО. Со кампања  се крева гласот  за...

Продолжи со читање

Се реализираше првата бродска тура на привремената линија Охрид – Поградец

Post Views: 1 Се обнови бродската линија на релација Охрид Поградец. Во новата летна туристичка сезона донесено е решение за отварање на привремениот граничен премин од страна на министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Од охридската капетанија информираат дека   80- тина туристи веќе се возеле на оваа линија. Според економските законитости засега потребите на пазарот се да се вози еднаш во неделатата, укажува капетанот Горан Устијаноски. Задоволни се како во моментов функционира водениот сообраќај на Охридското езеро.„Првата тура е реализирана без никаков...

Продолжи со читање

На охридскиот пазар на трудот се бараат пекари, месари, архитекти, лекари

Post Views: 3 Охридскиот пазар на труд од некои профили има  потреба за вработување, а други пак  занимања има вишок на кадар. И оваа сезона работодавачите имаат потреба од келнери, готвачи и рецепционери градежници, пекари, месари, архитекти, лекари, фармацевти. За угостителството  е карактеристично што и понатака охридските угостители кои се едуцирале за овие занимања  не се интересираат да најдат работа во овие дејности. Угостителите и хотелиерите ги пополнуваат овие работни места со лица од другите градови, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован  Баткоски. ...

Продолжи со читање

Охридските велосипедисти не се безбедни во сообраќајот

Post Views: 2 Се потешко е да се вози велопсипед низ охридските улици. Нема услови за безбедно да се возат овие превозни средства кои се и тоа како потребни во овие летни денови кога во градот се бара паркинг повеќе. Но наместо ред и безбедно  возење  има се повеќе хаос  и опасни случки. Во пракса, на улиците, се добива впечаток дека на велосипедистите никој не мисли. Засега само на неколку  улици  има обележени велосипедски патеки што не доволно. Но и тие иако  најчесто се означени за возење во еден правец се користат во двата правци затоа што на другиот дел од улицата има ...

Продолжи со читање

Во охридскиот студенски дом Никола Карев има легла за над двеста студенти

Post Views: 3 Во државниот студентски дом Никола Карев во тек е електронскиот оглас за пријавување на студенти, информира Марјан Ристески директор на домот. Пријавувањето се врши преку официјалната страна на Министерството за образование  и наука, и ќе трае се до 12 август  кога студентите од втора, трета и четврта година ќе можат да добијат место за сместување. Во охридскиот државен студентски дом има на располагање 231 легло, кажува Ристески. „Во последните 3-4 години наназад исполнетоста на нашите капацитети се движи од 80 до 90 проценти. Очекуваме и оваа година да ја...

Продолжи со читање

Чекоштина станува привлечно место за живеење на охриѓани

Post Views: 2 Населбата  Чекоштинаа се повеќе заживува и станува  место за живеење на многу охриѓани, но населбата има бројни комунални проблеми. Жителите реагираат на неколку кои би сакале Локалната  самоупрва да им ги реши. Еден од поголемите кој  им задава главоболка, а и  сериозен страв се кучињата скитници. Тие најчесто се прегладнети и во чопор ја напаѓаат  домашната живина  и луѓето кои овде имаат  имот и куќи, а и  туристите кои се сместени во вилата  Оаза ин и во хотелот Сончева Порта, се жалат жителите од Чекоштина. Помеѓу жителите кои апелираат за решавање на овој...

Продолжи со читање