Автор: Валентина Неловска
Post Views: 192 Вработените во ЈП „Билјанини извори“ утрово одржаа предупредувачки протест. Прагот на трпението очигледно им беше преминат откако првомајските и велигденските празници ги поминале без пари. Незадоволни поради неисплатените плати триесетмина вработени од вкупно педестината кои работат во ова ЈП , се одлучиле преку мирен протест и полчасовен прекин на работата да го искажат својот револт. Раководството на претпријатието не го исполни барањето на синдикалната организација вработените да ги добијат заостанатите четири плати, неисплатените придонеси и здравствено осигурување....
Потребен е пловен ред во езерските води
Post Views: 229 Капетанија ќе бара од новата Локална самоуправа да се стави пловен ред во езерските води. Да се знае кој чамец е за рибарење, а кој за превезување на патници до атрактивните плажи и разглед на крајбрежјето. Според Законот за внатрешна пловидба одобренијата за пловење ги издава општината, информираат од охридската капетанија. Утврдувањето на редовни линии од Охрид до одредени дестинации в долж крајбрежјето се исто така обврска на локалната. Градоначалникот ќе треба да формира едно тело кое ќе работи на оваа проблематика. Потребно е да се осмислат и воведат редовни...
СД „Никола Карев“ во Охрид ќе се реновира после повеќе од пет децении
Post Views: 283 Се најавуваат градежни зафати врз охридскиот СД „Никола Карев“ со кои објектот ќе добие подобра енергетска ефикасност. Реновирањето на објектот ќе се случува после 57 години од кога е изграден во 1964 година како депанданс на тогашниот хотел Палас. Реконструкцијата на студенскиот дом опфаќа реновирање на санитарните јазли, електричната инсталација, фасадата, информира за дел од планираните зафати ,Жарко Куциноски, директор на СД „Никола Карев“. „Ќе се замени внатрешната и надворешната дограма, кујната, просторот пред рецепцијата. Се размислува да се реши и греењето...
Промена во гастрономијата на охридските ресторани
Post Views: 196 Охрид е прекрасно туристичко место, но со гастрономија која стои во место. Мора да има промени во понудата на храна во охридските ресторани, нагласува интернационалиот кувар од Германија, Синиша Салатиќ. Менијата се преобемни со веќе познати специјалитети. Странските туристи сакаат да вкусат традиционална храна, но сакаат да пробаат и нови јадења, вели искусниот гастроном. „ Не сакам никога да навредам, традиционална кујна треба да има, да ја зачуваме. Туристите сакаат да пробаат ѓомлезе или тавче гравче, но треба и промени. Во рестораните со години се истите менија,...
Потребен специјален багер за чистење тиња од пристаништата и каналот
Post Views: 183 Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта. Чистењето на дното од наноси е многу важна работа и како град мора да направиме напори за набавка на едно вакво возило, укажува капетанот Горан Устијаноски. За исплатливост на специјалното возило најдобро решение би било набавката да е за регионални потреби на Охрид, Струга и Поградец, предлага капетанот. Устијаноски во меѓувреме направил обид за изнаоѓање на решение за проблемот со кој се среќаваат во водниот сообраќај.„ Се наоѓаме во прва фаза...
Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори
Post Views: 253 Во кујната на ФТУ, студентите од 1 и 3 година на насоката гастрономија, подготвуваа мени со италијанска храна. Тајните во подготвување на свежа, лесна и брза храна им ги откриваше интернационалниот кувар, со македонско потекло, Синиша Салатиќ. Неговите вештини и принципи во кулинарството, со тридецениското искуство, со задоволство ги пренесува во соработката со ФТУ. „ Сакам италијанската култура во подготвување на храната да ја пренесам и во Охрид. Студентите учат, вложуваат труд, жално е ако некој не ги поддржи и да им каже е сега си подготвен, може да работиш...
По две и пол години пауза во Охрид се роди првото бебе
Post Views: 239 Започна со работа гинеколошкиот оддел во ново изградениот блок на Општа болница Охрид. По две и пол години пауза на болницата, денес, со царски рез на свет дојде малечката Мила. Мајката Марија Арнаудова и бебето се во добра здравствена состојба.„ Мила е мојот втор пород, втора ќеркичка. Операцијата помина супер благодарение на стручниот тим. Се се заврши прекрасно, а има и одлични болнички услови, пресреќна сум“, изјави родилката. Оперативниот зафат со кој се изврши породувањето го изврши стручен медицински тим со кој раководеше гинекологот, д-р Ѓоко Танески.„ Се...
Белата флота подготвена за пловење
Post Views: 202 Белата флота во Охридското Езеро подготвена за пловидба во пресрет на туристичката сезона. Инспекторите на Биро Веритас деновиве го завршиле техничкиот преглед на сите пловила, информира капетанот на охридската Капетанија, Горан Устијаноски.„ Комерцијалните пловни објекти го поминаа прегледот на Биро Веритас. Овој меѓу преглед не покажа недостатоци и ситуацијата е константна како и при редовниот преглед. Пловните објекти се спремни да ја почнат навигацијата во пресрет на туристичката сезона“.Инспекторите на Капетанија пак, редовно ги контрлоираат бродовите и чамците...
Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата
Post Views: 180 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на градскиот пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...
Охридските ресторани без сомелиери
Post Views: 378 Студентите од Факултетот за угостителство и туризам ќе учат како на високо професионален начин да го нудат македонското вино. На оваа високо образовна институција се одвива прва едукативна работилница посветена на виното и промовирањето на винската култура кај нас. Виното е важен производ во угостителската индустрија за кое е потребно повисоко знаење на студентите. По завршувањето на четирите работилници тие ќе се стекнат со сертификати за вински експерти. На тој начин ќе бидат подготвени не само теортески туку и практично да го нудат виното и да одговорат на потербите...
Основците од “Братство Единство“ќе симулираат работа на градски совет
Post Views: 225 Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во проект поветен на Денот на детето. Тие ќе симулираат седница на градски совет. На дневен ред ќе имаат точка од областа на екологијата, насловена како „ Животната средина, проблемите и предлог решенија“. 23-ца основци со задоволство ја прифатиле оваа тема и учество на јавен настап по примерот на работата на Советот на општина Охрид. Во детскиот совет, основците избрале свој градоначалник, претседател и потпретседател, а имаат и позиција и опозиција. „Сејда...
Охриѓани и еко системот во симбиоза
Post Views: 202 Охриѓани можат да здивнат. Пијат квалитетна вода, дишат чист воздух и јадат здрава храна. Додека, пак, пожарите на објекти, a посебно на отворен простор, сигналзиираат дека како граѓани слабо знаеме да се чуваме од огнот. На денот на планетата Земја се обидовме од надлежните да добиеме податоци за четири елементи кои ја чинат планетата, водата, воздухот, почвата и огнот. Побаравме одговор од институциите и еколозите како се грижат за животната околина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека засега го испитуваат само квалитетот на...