Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 20 охридски брачни парови се разведени од почетокот на годинава заклучно со месец мај. Одлука за раскинување на брачната заедница донесле партнери со пократок брачен стаж, но и оние кои биле во подолга брачна врска, а причините за разводите се од најразличен карактер, вели Павлина Пероска социјален работник и раководител на одделението за брак и семејство во Центарот за социјални работи Охрид. „Бројот на разводите во однос на старосната граница и година на живеење во брак се различни. Повеќе има разводи на помлади брачни партнери. Причини се недоверба,...
Новиот дел од охридската библиотека ќе биде отворен в година
Post Views: 1 Новиот дел од библиотеката НУ „Григор Прличев“ ќе се пушти во употреба дури следната година. Објектот во кој порано беше сместена дирекцијата на Фестивалот Охридско лето се адаптира веќе 4 години. Отстапувањето на објектот на градската библиотека се случи во 2013 година, а објектот сеуште не е готов. Работите закочиле кај изработката на мебелот со кој треба да се опреми библиотеката и тоа заради технички пропуст во тендерот, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Во изминатите две години се работеше интензивно на објектот. Се обнови...
Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода
Post Views: 2 Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков. Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен проблем од скоро една деценија станува реалност со помош на Локалната самоуправа.„Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков. Центарот за безбедност на вода располга со...
Попушта oсновата на Алтанин мост
Post Views: 2 Алтанин мост попушта. Неговата основа почнува да се руши, а исто така на дел од мостот попушта и асфалтот, реагираат жителите кои живеат и имаат куќи во Чекоштина. На мостот му е потребна итна санација. Во населбата Чекоштина во последните 20 години се направени голем број куќи и хотелско сместувачки капацитети и овој мост е единствениот приоден пат до објектите, напоменува Благој Ефтимов еден од многубројните жители од Чекоштина. „Од негрижа реката го еродира дното и истиот е пред паѓање. Ако се сруши немаме друг премин за целата населба, друг премин немаме...
Мецо сопранот Елина Гаранча и диригентот Ион Марин пристигнаа во Охрид
Post Views: 2 Се е подготвено да стартува 56 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Музичката дива оперската пејачка од Латвија, Елина Гаранча и романскиот диригент, Ион Марин пристигнаа во Охрид. Имињата на двајцата музичари предизвика голем интерес кај домашната и странската публика и чест е што овие ѕзезди ќе ја надополнат богатата фестивалска историја на Охридско лето, истакна на денешната прес конференција директорот на фестивалот Оливер Арсовски. „Тоа е доказ дека на фестивалската сцена за годинешното свечено отварање повторно имаме добри и славни уметници. Ќе...
Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Post Views: 1 Со звуците на прекрасниот македонски фолклор изведуван од НА „Танец“ започна 55 издание на Балканскиот фестивал. Пред бројната публика говореше претседателката на Советот на Охрид, Гордана Коњаноска која истакна дека од сцената на Долни Сарај се упатува универзална порака за хуманизам,а исто времено се презентира сопствениот идентитет, јазик и културно наследство. „ Пораките ќе бидат уште посилни затоа што се испраќаат од Охрид, светото место каде што со милениуми се напластувале цивилизациските човекови достигнување“, истакна во своето обраќање Гордана...
Водата во Охридското езеро е со одличен квалитет
Post Views: 1 Охридското езеро има квалитетна вода за капење, а и вода за пиење од водоводната мрежа, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму напоменуваат дека редовно прават контроли на водата за пиење и на површинските води на 24 мерни места. Безбедноста на вода е одлична и капачите може да уживаат во езерските води, кажува д-р Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје.„ Морам да кажам дека водата е со извонреден квалитет со една напомена дека на влезот од Грашница кај Градска плажа квалитет на вода е од 3 категорија. Останатите води води се од 1 и...
Дваесетина деца ќе одат на летување преку Центарот за социјални работи
Post Views: 2 Дваесетина деца ученици од основните училишта од Охрид ќе заминат на 7 дневно бесплатно летување во организација на центарот за Социјални работи.Ова а услуга може да ја искористат децата од семејства во социјален ризик и децата без родители. Од оваа година новина е што на бесплатно летување може да заминат и децата корисници на посебен додаток до 26 години. Сите тие имаат право да ја искористат оваа можност и како сите врсници да ги почуствуваат летните радости што ги носи ова годишно време.„ Летувањата ќе бидат во еден од труистичките центри и услугите ќе...