Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Проодни локалните патишта во охридската околина и Дебрцa

Post Views: 342 Екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистија снегот по градските и локалните патишта во градот и околината. Директорот на јавното претпријатие Љупчо Грданоски информира дека биле ангажирани 100 тина вработени и расположливата механзиација за расчистување на снегот во крајно екстремни временски услови. Според Програмата за работа во зимски услови обезбедиле пристапни улици во градот и околината. Грданоски ги повика сограѓаните да бидат одговорни. „Апел до граѓаните да се однесуваат согласно Законот за јавна чистота и секој пред својот дом и правните субјекти да...

Продолжи со читање

Данче Наумоска создава бакарна бајка две децении

Post Views: 282 Уметникот Данче Наумоска обработува бакар. Создава уметнички дела и накит од овој благороден метал. Нејзината бакарна бајка ја создава цели две децении. Почетоците и се поврзани со изработки на слики, икони, најразлични охридски мотиви, реплики на историски артефакти од нашето поднебје, сувенири. Во последно време прави и накит од бакар и персонализирани креации. Постојано се надградува во уметноста и создава нови уметнички креации и техники. Данче успешно чекори по стапките на татко и, познатиот охридски мајстор и бакрорезец Велјан Филчески, од кого ги наследила...

Продолжи со читање

Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот

Post Views: 169 Странските гости кои летуваат во хотел Дрим на струшката ривиера се закануваат дека ќе заминат од Струга заради чадот и реат кои се шират од депонијата која гори. Тие доаѓаат од еколошки освестени средини и се чудат како во една европска цивилизирана земја може да се случува вакво нешто, велат од хотел Дрим. „Доаѓаат реагираат и бараат да се изгаси депонијата или ќе го напуштат хотелот. За среќа, досега никој не си отишол но сме должни да реагираме до институциите да сопре ова палење со депонијата“, вели Ана Јанчева од хотел Дрим . По вчерашното , повторнот палење...

Продолжи со читање

Се узурпираат и продаваат заедничките простории во внатрешноста на Амамот

Post Views: 384 Се узурпираат заеднички простории во трговскиот центар Амам. Поединци бесправно преградуваат , застаклуваат ходници, тераси, подруми, заеднички тоалети, а заедничките влезови се претвораат во кафулиња, револтирано напоменуваат сопствениците на дуќани кои имаат деловни простори во амамот. Сопствениците на деловни простории и дуќани во ТЦ Амам регистрирале 8 нелегални активности од субјекти од различни дејности кои узурпирале дел од заедничките простории. Узурпациите ги пријавивме до сите надлежни институции уште во декември 2019, вели Љупчо Ѓорески, сопственик на...

Продолжи со читање

Тандем настава се одржува по предметот физичко во одделенска настава

Post Views: 783 Позитивни ефекти дава тандем наставата за физичко и здравствено образование во оснoвните училишта. Во наставниот процес е воведен предметот физичко воспитание кој го одржуваат предметни покрај одделенските наставници. Овај вид на настава започна од минатата година со измените во Законот за основно обрзование. Тандем наставата започна за првачињата, а од оваа година се применува и за второ одделенците. Одржувањето на овој вид часови во наставата ќе се одвива етапно, информира Ивана Махоска Шикалеска, директор на ОУ Григор Прличев. Од идната година ќе се воведува тандем...

Продолжи со читање

Протерани единаесетмина албански државјани од земјава

Post Views: 185 Единаесетмина албански државјани денес се протерани од земјава. Биле затекнати во непосредна близина на струшката депонија која била и нивно привремени живеалишта. Тие се протерани од земјава по изречената мерка од Јавното обвинителство во соработка со полициската станица, а при тоа им е изречена мерка забрана за влез од една година во Македонија, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Единаесеттемина се затекнати на 25 -ти овој месец на депонијата каде имале изградено импровизирано живеалиште и работеле на собирање на пластичен отпад. Со претходна консултација...

Продолжи со читање

Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Post Views: 430 По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња. „Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“. Министерството...

Продолжи со читање

Мајстор Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати

Post Views: 382 Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати во неговиот сервис за електроника. Паункоски во овој занает на електрониката е повеќе од 5 децении. Како што вели, припаѓа на последната генерација повозрасни охридски мајстори. Големо задоволство му причинува кога ќе поправи радио апарат како што се денес во неговиот сервис , приемникот Искра од педесетите години и Козара од шеесетите години од минатиот век. „Љубовта остана од тогаш до сега. Секогаш ми е мерак кога ќе ми донесат радио, да седнам да го направам, и ништо да нема во него ако треба ќе го склопам.Сатисфакцијата...

Продолжи со читање

Хотелиерите бараат вработените во овој сектор да бидат имунизирани меѓу првите во земјава

Post Views: 319 Хотелиерите побараа преку Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот да се издејстува вработените во оваа индустрија да бидат вакцинирани меѓу првите во земјава. Покрај усогласувањето на сите протоколи и добивање сертификати кои се применуваат во Европската унија, за нив е примарно земјава да отпочне со имунизација. Лани домашната економија од туризмот забележа пад дури од 41 процент. Тоа е спас на претстојната туристичка сезона 2021, апелира Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ. „Едно од важните барања ќе е угостителските работници да бидат меѓу приоритетните...

Продолжи со читање

Потребна е подобра законска регулатива за наградување на талентираните ученици

Post Views: 320 Недостасува мотивиција и поддршка на надарените и талентираните ученци во нашата земја, смета проф. д-р Љупчо Кеверески, претседател на Македонската асоцијација за надарени и талентирани ученици. Потребно е да се подобри постоечката законска регулатива во делот на наградување на талетираните ученици. Постои надостаток од техничка законска регулатива која заради некои недоследности може да предизвика несакани проблеми. „Законската регулатива треба на одреден начин да се иновира т.е. квалитативно да се подобри во смисла да се искористат исксуствата од другите држави...

Продолжи со читање

Пандева: Oгромна чест и потврда на моето целокупно образование и литерарно творештво e наградата „Григор Прличев“

Post Views: 301 Поемата „Капетаните“ е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2020 година. Тоа за мене, пред се, претставува огромна чест, а потоа и потврда на моето целокупно образование, животно искуство и литерарно творештво, изјави Лилјана Пандева, годинешниот лауреат на свеченоста по повод доделување на наградата. Во нејзината поема „Капетаните“ темата е актуелен политички настан, хероите се наши мировници во Авганистан, борци за правда и мир, испратени во хумана мисија. Пандева рече, дека преку делото направила спој на епското и лирското, современото и...

Продолжи со читање

Се реконструира внатрешноста на Здравствен дом Маларична

Post Views: 303 Охридскиот Здравствен дом Маларична се реновира. Во внатрешноста на објектот се поставуваат нови гипсени табли на ѕидовите и таваните, се поплочуваат ходниците. Ајсел Зејноска, директор на оваа здравствена установа, вели, Министерството за здравство со проект преку Светска банка инвестира во подобрување на квалитетот на услугите за пациентите кои се лекуваат во јавните установи во земјава меѓу кои и во охридскиот здравствен дом. „Се реконструираат ходниците, чекалните, дел од ординациите кои се дотрaени, каде што  подолго време пациентите чекаат, за да им биде поудобно....

Продолжи со читање