Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Контрола на продажбата на месо и јајца

Post Views: 5 Во пресрет на Велигденските празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца, изјави директорот Николче Бабовски. Од досегашните контроли на инспекторите немало отстапување од правилникот за храна, напомена Бабовски.„Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи. На пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна преку мониторинг-програма за...

Продолжи со читање

Се чисти и уредува Вевчани

Post Views: 7 Во пресрет на Велигденските и Првомајските празници во општина Вевчани се прават завршните подготовки за дочек на гостите, информира Спасе Кочовски, градоначалникот на Вевчани. Руралната општина е интересна туристичка дестинација преку целата година, посетеноста постојано е во пораст, но оваа година ќе се дочекаат гостите во расположливите сместувачки капацитети. Засега, нема инвестиции во зголемување на бројот на сместувачки легла. Пандемијата и економската криза си го направија своето за вевчанци да бидат претпазливи и да ги одложат инвестициите во туризмот. Во...

Продолжи со читање

Засилени контроли врз безбедноста на храната

Post Views: 8 Агенциите за храна и ветеринарство од Западен Балкан ќе ја засилат соработката во искоренување на заразните болести кај домашните животни. Агенцијата за храна и ветерина на Македонија е домаќин на меѓународен Форум каде што ветеринарните служби од Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ја усогласуваат законската легислатива со земјите од ЕУ. Форумот е под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан”, финансиран од Европската унија. Во работата учествуваа претставници од...

Продолжи со читање

Зимски авантуристички парк во Охрид

Post Views: 7 Снегот на планината Галичица искористен за промоција на зимски авантуристички парк оваа рана пролет. Вљубеници во зимските радости имаа можност да спортуваат и да се забавуваат на планинските падини. Настанот го организира охридскиот, алпинистичкиот клуб Патагонија заедно со волонтерите од Црвен крст и атлетскиот клуб „Охрид трчат“, информира Антонио Додевски, претседател на АК. Појаснува дека станува збор за проект со кој ќе се нуди нова содржина „Мобилен зимски авантуристички парк“. Охридските алпинисти ќе организираат зимски авантури од следната зимска сезона....

Продолжи со читање

Колекторскиот систем функционира

Post Views: 6 Колекторот функционира добро по неговата санација. Не е точно дека има пропуст во работата на колекторскиот систем за посоченото излевање на заматена вода во населбата Воска, на потегот каде што се влева Грашница, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски систем. Тој ги отфрла обвинувањата упатени на нивна адреса како неосновани. Алексијоски ова го поткрепува со направениот вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина од работењето на колекторскиот систем на 13 април.„Во извештајот стои дека при вонредниот надзор...

Продолжи со читање

Интензивна градежна пролет во општина Дебрца

Post Views: 8 Во селата од општина Дебрца следуваат бројни проекти кои ќе им го подобрат животот на дебрчани. Градежните зафати ќе донесат подобар рурален развој за општината. Локалната самоуправа ја заврши тендерската постапка од Годишната програма за асфалтирање на уличките во Белчишта. Интензивни градежни работи следуваат како што се поправка на локалната, оштетена патна инфраструктура, најавува Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца. Оваа инвестиција ќе го подобри транспортот и поврзувањето меѓу жителите од околните села и со Охрид.„Деновиве треба да започне...

Продолжи со читање

Изградба на нов погон за електрични полначи во Охрид

Post Views: 11 Групацијата Костал најави изградба на нов погон за производство на електрични полначи во Охрид. Со новите инвестицски планови на групацијата беше запознает вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. При тоа, Битиќи кажа дека владата дава поддршка на компаниите кои ќе развиваат вредносни ланци во нашата земја. Ова е одговор на глобалната криза, од која се бара излез со партнерско и паметно делување, рече при тоа вицепремиерот.„Ова е прозивод со висока додадена вредност од исклучителна важност за развој на нашата економија. Зборувавме за потпишување...

Продолжи со читање

Учителите заслужуваат повисок статус во општеството

Post Views: 11 Охридските наставници од основните и средните училишта и воспитувачите од детските градинки стапија во генерален штрајк. Советот на СОНК донесе одлука за барање за зголемување на нивните плати за 18,4 проценти колку што се зголеми минималната плата, изедначување на платата по коефициентите и исплата на колективниот договор до јануари 2024 година според коефициентот во образованието. Катерина Крстеска, претседател на основната организација на СОНК – Охрид, изјави дека во штрајк се сите просвени работници од основните и средните училишта, а во градинките околу...

Продолжи со читање