Автор: Валентина Неловска
Post Views: 0 На северниот влез од градот нема поставена патоказна сообраќајна сигнализација. Ова се слулчува на самиот старт на туристичката сезона кога во градот се очекува прилив на голем број туристи. Оние кои за прв пат доаѓаат во туристичкиот град со сопствено возило, се оставени без основните сообраќајни информации , на пример колку има до центарот, каде да се сврти за езерото или пристаништето, колку се оддалечени туристичките локалитети. Некои од таблите кои беа наменети да им дадат првични сообраќајни информации на возачите со изградбата на кружните текови беа...
Прскањето против жолтомешката не бил приоритет на ресорното министерство
Post Views: 2 Охриѓани и ова лето вознемирени од појавата на белата пеперутка. По минатогодишното лошо искуство со овој инсект сега има повторно нивна наезда. Овој вид на инсект не само што ги напаѓа и уништува шумите туку е опасен алерген за луѓето. Иако на оваа тема ТВМ Телевизија работеше уште во месец февруари со цел да се сензибилизираат надлежните за да се бара решение за уништување на инсектот од ресорното министерство тоа не се случи. Сега има повторно апели и заемни обвинувања кој е виновен за појавата. Оваа ситуација е актуелна па се крева гласот на...
„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија
Post Views: 1 Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите за електронски комуникации. Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените се намалувале кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји...
Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид
Post Views: 1 Најдобрите ученици спортисти од земјава како награда за постигнати резултати учествуваат на Училишниот спортски камп во Охрид. Во првата смена на кампот ќе бидат кошаркарите, каратистите , пингпонгарите и ателтичарите. Кампот е во организација на Агенцијата за млади и спорти и македонската Федерација на училишни спортови. На овој камп учествува и најмалиот спортист Јана Спасеноска од Кичево. Таа 3 години тренира карате и искрено детски одговара за љубовта кон овој спорт. „ Да го сакам каратето и за мене е прекрасен спорт“, искрено вели малата каратистка. ...
Започнаа зафати на патеката што ќе ги поврзува Кошишта, Лабино и Канео.
Post Views: 1 Охридската маала Кошишта ќе биде поврзана со реконструирана патека со населбата Канео. Жителите и туристите од Кошишта и Воска досега до капалиштата во локалитетите Лабино и Канео одеа по тревната патека широка едвај 30тина см. Сега се работи на изградба на современо уредена патека. „ Патеката ќе биде проширена и поплочена. Еден нејзин дел до Калето ќе е изработена со камени плочки , а дел со бекатонки од Лабино до Канео“, најавуваат од Локалната самоуправа. Должината на реконструираната патека која ќе води од Кошишта до Канео ќе биде во должина од 1315...
Црвата Св Јован Канео со силна духовна енергија се попривлечна за венчавки
Post Views: 6 Скопјанката Ирена и нејзиниот сопруг Стивен Пауерс од САД одлучија црковниот брак да го склучат во една од најубавите охридски цркви Св Јован Канео. Младоженците одлучиле венчавката да биде во ова црква веднаш штом Стивен од Вашингтон за прв пат дошол на ова место. На нивните лица денес блескаше среќа што влегувањето во заеднички животот и заветот за верност го дадоа пред Бога токму во СВ Јован Канео. Ни откриа како одлучиле да се венчаат тука.„Охрид одсекогаш ми бил најубаво место во Македонија .Лани го донесов Стивен за прв пат во Македонија се заљуби и реши ...
Симултана вежба за гасење на запален брод во езерото и спасување давеници
Post Views: 3 Успешно завршена показната вежба на гасење на опожарен брод и на спасување давеници и опожарени лица. Во вежбата учествуваа припадници на територијалната противпожарна единица, брза помош, спасувачките екипи на Црвен крст, припадници на езерската полиција, Капетанија. Во симулативната вежба учествуваа над 50 лица и покажа дека се подговени брзо и ефикасно да интервенираат при слични несреќи. По оваа вежба ќе следуваат анализи за интервенцијата во насока на што поголема ефикасност при делување во реални ситуации, кажа Зоран Нешкоски од МВР Скопје. „Оваа вежба беше...
Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски
Post Views: 1 Во тек се градежните зафати врз реконструкцијата, адаптацијата и промените на новиот објект во рамките на специјланата болница за ортопедиај и трауматологија Св.Еразмо Охридски. Обиколка на објектот кој се гради направија градоначалникот Никола Бакрачески, неговиоте соработници заедно со првите луѓе на специјалната болница Св.Еразмо и на Заводот за Кардиологија, д-р Митко Тилев и д-р Изабела Автоска Наумоска. Објектот е проект на Владат на РМ, но јас како градоначалник имам обврска да направам увид за да видам како течат активностите околу изградбата. „...