Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Васил Ристески ветува општински совет за урбан развој

Post Views: 184 Независниот кандидат Васил  Ристески подржан од  СДУ изминатиов викенд ги  посетил сограѓаните од крајезерските села. Ристески на средбите со жителите од Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани и Рача ги слушнал нивните креативни идеи. Тие се во прилог на мојата програма за подобар Охрид и поубав живот, рече Ристески. Тој вети дека според неговата изборна програма по добивање на градоначалничкиот мандат веднаш ќе конституирал посебен развоен совет.„Како градоначлник веднаш ќе конситуирам совет за урбан  развој. Од секоја месна заедница ќе има делигирани преставници...

Продолжи со читање

Петрески тврди- владее паника во редовите на Вмро Дпмне

Post Views: 196 Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар  Петрески  изрази благодарност  до сите учесници  на вчерашниот  митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас  и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни  лажните анкети од Павел  Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските  села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања...

Продолжи со читање

Социјална правда и еднакви можности за сите – приоритет на ДОМ

Post Views: 212 Носителот на листата на партијата ДОМ, Летка Филипова на денешната прес конференција ги изнесе нивните заложби како идни советници во интерес на охриѓани.  ДОМ како зелена партија од секогаш се борела за правата на жените , а и во  иднина  ќе продолжи со економско јанење на жената и нејзината независност. Нивен приоритет  е и социјална правда и еднакви можности за сите граѓани. Во таа насока  се вклучуваат социјалната заштита и доследно почитување на човековите права.  „Еден од  бројните наши проекти е фомирање на сектор за социјална политика и труд. Идејата е да се...

Продолжи со читање

Александар Станкоски ги промовира своите визии за градот

Post Views: 263 Долгогодишното работно искуство го мотивирало адвокатот Александар Станкоски да го пренесе своето знање во градскиот Совет како  иден  советник. Како што нагласува Станкоски негова основна задача ќе биде и понатака да го иницира вложувањето на странски инвеститори во градот. Негова заслуга биле инвестициите од 2002 година  на македонски иселеници кои вложиле свој капитал во хотелите Инекс Горица, Инекс Дрим и Галеб.  „ Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава во кој треба да најдат вработување најмалку 50 лица. Хотелот ќе биде пуштен во употреба најдоцна до...

Продолжи со читање

Нови работни места и низа поволности за сограѓаните, вети Ристески

Post Views: 207 Независниот кандидат Васил Ристески, поддржан  од Социјал Демократската  Унија, како иден градоначалник побара поддршка од охриѓани  презентирајќи дел од  изборната прогарма. Ристески на охриѓани им ветува растеретување на семејниот буџет со пониска цена на водата за пиење, гробарината  и гробните места во висина од 30 до 50 проценти. За невработените и социјалните случаи, пак, вети отворање на нови работни места.„ Според мојата програма од почетокот на пролетта од април- мај па се до 30 септември, огромен број од вас ќе биде  анагажиран во одржување на хигиената на...

Продолжи со читање

Кaндидатите за советници и градоначаник од Коалицијата Сојуз за иднината ја промовираа изборната Програма

Post Views: 185  Коалицијата Сојуз за иднината ја претстави изборната програма и  кандидатите од листата за советници. Пред присутните во Центарот за култура, прв се обрати Дејан Блажески од ЛДП кој ги повика младите да го поддржат кандидатот за градоначалник Александар Петрески за трет мандат. Тој е  градоначалник кој вработил голем број млади и ја покажал грижата кон нив, рече Блажески. „ Не смееме да сме заложници на централната власт. Овие локални избори  се референдум за добивање на нова власт. Охрид да биде еднакво третиран како сите градови кои имаат градоначалници од Вмро...

Продолжи со читање

Кандидатите за градоначалници од петка потпишаа Кодекс за фер избори

Post Views: 238 Дел од кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори. Во организација на Институтот за парламентарна демократија, денес, својот потпис на Кодексот го ставија дваесетина кандидати од петтата изборна единица. Со овој гест кандидатите се обврзаа дека ќе го почитуваат основното демократско право на граѓаните за избор на градоначалник без притисоци, во фер и демократски процес. Меѓу кандидатите од петка кои го поддржаа кодексот и се произнесоа за текот на досегашниот процес се од ДПА Зијадин Сеља од Струга, Васил Радиноски независен...

Продолжи со читање

Автобуската станица во Охрид е едно од најгрдите лица на градот, кажа кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески

Post Views: 180 Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица. Во 2009 година е дадено ветување дека на ова место ќе се изгради модерна автобуска станица, но тоа е само лажно ветување кое не е одржано, потенцираше Бакрачески.„ Ова е едно најгрдите лица на градот, гледате дека таа е место каде нема неуредена јавна површина, каливи премини, дупки, оставени торби насекаде околу така наречената автобуска станица. Ова е место кое го дава најлошиот...

Продолжи со читање

Жените рамноправни на хартија, реалноста поинаква

Post Views: 204 Продолжува осмомартовската традиција на прослава на Денот на жената. Празникот се одбележува со одење во ресторани, патувања, со размена на подароци и цвеќе, прослава со примеси од празнувањето на Денот на мајката и Денот на вљубените.  Тоа  е навистина убав начин, но доколку и во 21 век жената не се соочува со разни видови на дискриминација и суптилни нарушувања на нејзините човечки права, вели Катерина Василеска, од  клубот „Сороптимус“ интернационал. Заложба на интернационалниот клуб  овде и насекаде во светот е да се мотивираат жените  да го прославуваат на соодветeн...

Продолжи со читање

Преставени кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата

Post Views: 213 Лекари, професори, научни работници, бизнисмени се кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата.  Носителот на советничката листа д-р Јованка Точко  ги престави и останатите кандидати како чесни, одговорни и докажани луѓе во својата професија. На денешното преставување д-р Точко потенцираше дека тоа се вистинските луѓе кои во идниот состав на  Локалната самоуправа ќе ги решаваат проблемите на Охрид и охриѓани.  „ Кандидатите за советници на листата се различни по возраст, но со иста цел, да одговорат на целокупната  проблематика со која се занимава...

Продолжи со читање

Технички пропуст ќе ја остави Железничка без зеленило

Post Views: 194 Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување. На оваа нова градска сообраќајница, покрај тоа што беа изградени жардињери со лош квалитет на кои бетонот почна да се  распаѓа, нема и приклучок за вода. Таквиот пропуст не дозволува појасот на коловозот да биде оплеменет со зеленило, информира директорт на ЈП Комуналец Сашо Алче. „Железничка ние проблематична затоа што инвеститорот на оваа сообраќајница не испланирал воопшто систем за наводнување. Од тие причини ние се соочуваме со реален проблем нема вода за да се наводнуваат  жардињерите“. Работници...

Продолжи со читање

Биосферниот резерват Охрид- Преспа влегува во процес за заштита под Унеско

Post Views: 186 Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа влегува во нов процес подготовки за прогласување на бисферниот резерват под заштита на Унеско. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро истакна дека во интерес на биосферниот резерват е  заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за развој на целиот регион.„ Во таа насока ќе продолжиме заедно со активнсотите за номинација и зонирање на биосферниот резерват со зони каде што ќе може да се развива урбаниот сегмент, активно да се...

Продолжи со читање