Автор: Валентина Неловска
Post Views: 252 Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“. Сезонските цвеќиња кои се планира да бидат засадени на голем број површини се производство од сопствените оранжерии на ЈП „Охридски Комуналец“. До почетокот на туристичката сезона се планира да бидат засадени околу 10.000 парчиња сезонско цвеќе, додека со новата реколта, пак од јуни планирано е да бидат засадени помеѓу 35-40.000 парчиња цвеќе. Само претходните денови на потегот од Рибниот ресторан до Жиголо се засадени 4000 парчиња цвеќе. Денес во градскиот...
Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека, протестираа опозиционерите
Post Views: 192 Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери. Дојдовме тука за да ја потсетиме јавноста за проблемот со кој се соочува општина Охрид и нејзините граѓани, а тоа е немањето библиотека, рече пред присутните пратеникот Митре Вељаноски.„ Дојдовме да ја потсетиме министерката за нејзините лажни ветувања. Тоа е одлика на оваа влада во сите изминати години. Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека. Пропаѓаат 150.000 книги сместени во пакети и на 150 метри квадратни во овој простор, книги со...
Алче проговори за инцидентот- никому не должам ни пари ни услуги
Post Views: 245 Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот. Се опоравувам од нападот кој за среќа не ми ги загрози виталните функции, вели Алче. Тој во интерес на истрагата не го открива идентитетот на сторителите. Само нагласува дека станува збор за лица вработени во Министерството за внатрешни работи. За написите во некои медиуми дека напаѓачите биле членови на СДСМ, како и за мотивот на нападот , Алче категорично изјавува. „ Јас не можам да потврдам или...
Корпи за отпадоци на секоја охридска улица
Post Views: 162 Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата за градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде ангажирано...
Граѓаните тешко одвојуваат пари за осигурување нa имотите од штети
Post Views: 318 Охриѓани ретко одвојуваат пари за осигурување на своите домови од штети. Засега, опфатот на индивидуалните домаќинства во Охрид од разни видови на штета на имотот е само 20 проценти, вели Зоре Николоски, менаџер за продажба на осигурувања од АД „Кјуби Македонија“. Иако еден од приоритетите за влез во Европската унија е зголемување на лимитот до 80 проценти за осигурување на имотите, со сегашниот процент не можеме да бидеме задоволни, нагласува Николоски. Менаџерот по продажба на осигурувања додава дека иако се забележува мало зголемување на интересот кај осигурувањето...
Исчезнуваат свадбарските обичаи кај муслиманите
Post Views: 293 Изумираат бројни ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен, како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски. ...
Пристига помош за опожареното семејство Шемо
Post Views: 322 Пети ден минува од пожарот кој го пеплоса скромниот дом на тројцата браќа Шемо, а охриѓани секојдневно ја покажуваат својата хуманост. Во дворот на браќата Шемо почна да пристига помош за обновување на нивниот дом. Хумани луѓе донираат кој колку може во овие тешки моменти да им ја ублажи несреќната ситуација. Мајката на браќата Шемо, Асиме и останатите членови се бескрајно благодарни на луѓето кои им подадоа рака. Општинската организација на Црвен крст им подарила ќебиња и социјални пакети со храна, градоначалникот Александар Петрески им обезбедил топол оброк. Помогнале...
Одливот на „мозоци“ во странство не запира
Post Views: 190 Одливот на македонските „мозоци“ во странство не запира. Еден од нив е научникот, охриѓанецот Стевчо Стефаноски. Стефаноски е доктор по физички науки и веќе 6 години својата научно-истражувачка дејност ја развива на Универзитетот на Јужна Каролина во САД. Во 2005 година дипломирал на Природно математичкиот факултет во Скопје, отсек физика, како најдобар студент, а во 2007 заминува во САД. Таму магистрира и докторира на областа термоелектрични материјали. Стефаноски потврдува дека покрај него во Сад има многу македонски научници кои својата истаржувачка дејност ја...
Два пожари ги пеплосаа домовите на четири охридски семејства
Post Views: 188 Викендот помина несреќно за четири охридски семејства. Пламени јазици им ги пеплосаа домовите на семејствата Шемо и Тоскоски. Домот на Тоскоски, во населбата Видобишта, настрада од пожар вчера напладне околу 14 часот. Се запалил ТВ приемникот и за 10 минути пожарот им ја проголтал целата покуќнина и оставил само поцрнети ѕидови. Димче Тоскоски вели дека веднаш интервенирале против пожарните возила. „Луѓето најпрофесионално ја завршија својата работа, толку можеа да спасат. Изгореа и дограмата и паркетот, штетата е многу поголема, но со скромна проценка би била...
Борците не дозволуваат негирање на НОБ и државата
Post Views: 281 Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје. Протестот започна во 11 часот во најдобар ред на плоштадот Македонија и заврши по еден час, информира Гоце Георгиески претседател на сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Во маршот учествуваа околку 10.000 преживеани борци, продолжувачи на нивното дело и слободољубиви граѓани од сите верски конфесии, партии и националност, кажува Георгиески. Во протесниот марш застанаа граѓаните кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната Народноослободителна...
Оштетената скулптура јагула повторно блесна
Post Views: 211 Кај Куба Либре повторно блесна репарирана и свежо бојадисана скулптурата јагула. Дрвената скулптура е санирана и вратена во првобитната положба, вели нејзиниот творец Сергеј Цингулоски. Најдолгата дрвена скулптура во светот со 172 метри должина прекрасно се вклопи во овој простор, задоволно вели Цингулоски. Уметникот за десетина дена и по кратко време од нејзиното оштетување од страна на непознати вандали, го обнови уметничкото дело кое го создаде пред само три години, а на овој простор поставено пред две години. „Благодарност до Локалната самоуправа која брзо ...
„Проаква“ ќе ги проверува колекторските шахти в долж брегот
Post Views: 173 Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој нелегално канализацијата ја приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на „Проаква“,...